Немој да мислиш дека на некој порано не му текнало да им ги пресече странските канали на финансирање на невладините. Кај нас е таква ситуацијата да не може такво нешто да се спроведе, затоа што многу лесно може да ја запали цела држава и Мајдановци да ти направат нова Украина во која ќе инсталираат влада блиска до нив. Да го протераш Сорос, УСАИД и слични од Македонија е како во 1952 да излезеш од Варшавскиот пакт. На Југославија и успеа, ама на Чешка не и успеа.
Невладините се само една алка од цел систем на меѓународниот фактор што го има инсталирано тука. Не се финансираат само невладини со странски пари. Тука се медиуми, амбасади, аналитичари, разно разни институти и тинк тенкови. Се е тоа дел од еден систем, една машинерија со ист извор на финансирање. Се е тоа покритие за инсталација на западни разузнавачки служби. Врз кои е многу тешко да се удри, затоа што треба да си доволно политички моќен и да имаш грб да направиш такво нешто.
Веќе ако сакаш да ставиш некаков филтер на парите што се слеваат во државата, а се користат за финансирање на анти-државни и анти-национални интереси тогаш подобро би било да се донесе закон за контрола и потекло на парите што се слеваат во невладиниот сектор и медиумите. Наши институции да испитаат и да имаат контрола од каде доаѓаат тие пари, зошто доаѓаат, кој ги прима, за што ги прима, со какво потекло се. Истите тие информации да бидат јавно достапни. Да има некаков филтер на контрола на средствата што се слеваат од странски извори. Ова да речеме како прва фаза.
Втора фаза би било лимитирање колкава сума на странски пари да може на годишно ниво да прими НВО секторот. Да не биде како сега, село без кучиња. Институтот Отворено Опшество во САД одлучил дека оваа година на својот огранок во Македонија треба да даде 5 милиони евра, идната година 7 милиони, а понаредната 10 милиони евра. Како што е негово право да одлучи колку пари ќе даде во Македонија, така е наше право колку од тие пари ќе прифатиме. Едноставно носиш закон со кој ја лимитираш висината на донациите од надворешните спонзори. Законски невладиниот сектор да не може да прими повеќе од 2 милиони евра на годишно ниво.
Затоа што целата нивна моќ е концентрирана во парите, тргни им ги парите и тие немаат моќ.Се распаѓаат како кула од карти. Со ограничување на финансиската моќ на НВО секторот постепено ги издишуваш и им ја намалуваш моќта и влијанието што го имаат во опшеството. Како преодна фаза кон целосно банирање на финансиите од надворешни спонзори.
Мораш да играш паметно и постепено, затоа што ако нагло преку ноќ донесеш закон за забрана за финансирање на невладини од странски спонзори може многу лесно да ја запалиш ситуацијата. Држава која на најстратешкото место во главниот град има странска амбасада која повеќе наликува на разузнавачки центар, тешко дека ќе може преку ноќ да се справи и протера такви НВО инсталации. Странскиот фактор е со силно и единствено влијание во оваа земја.
Но веќе ако не може да ги избркаш СОРОС и УСАИД барем донеси некаква законска рамка и филтер со кој ќе го ограничиш нивното финансирање на македонски невладини организации.
Да не се лажеме, ние не сме ни Русија ни Кина. А Грујо е далеку од Путин или Орбан. Навреда е за Путин да го споредуваме со нашите локални давајгази и wannabe политичари. Нема маж во Македонија што може да поведе ваква иницијатива и успешно да ја спроведе. Да имаше таков досега одамна ќе му беа пресечени странските канали на финансирање на ЕН-ЏИ-О секторот.
Па така се се сведува на муабет по кафани и форуми, како и сите останати работи што ги прават Македонците.