За жал овој „протекторат“, е политички НАПРЕДОК во споредба со претходниот деспотизам на политичката сцена.
На место е само тоа дека странските мисии имаат Албанска пристрасност, ама тоа е само заради подоброто лобирање на Албанската дијаспора која е фокусира на реални и стратешки цели, наместо на глупави и непотребни кавги, препирки, поделби и залагања за смешна кауза како што е античката историја како национален митос.
И затоа конечно треба да се дефинира што е тоа македонски национален интерес.
Јас не се согласувам со ниедна политика досега, ама мислам дека моментално се наоѓаме во колапс на секое можно поле.
Тргни од министерствата по ред.
Образованието, децата учат секакви глупости од мали нозе ги учат да бидат послушни и подредени и да ја љубат својата власт. Учебниците се за греови, ме убива туџа срамота кога ги читам. Се прават реформи за кои нема потреба, студентите ги сведоа на ниво на просјаци, студенстската мисла е загушена. А студентите треба да се движечка сила во едно модерно општество. Едит, ги заборавив студентските домови. Згради на стравот и хоророт. Мислам дека ако имаме некој филм од Македонска продукција, треба да биде хорор, и да се снима во студентските домови, да се долови ефектот. Сигурно ќе добие оскар.
Адеми 2 месеца се чудеше зошто средношколците и студентите протестираат, не му беше јасно на човекот.
Здравството, го спомнав погоре. Болниците распад, од предходниот систем. Молиш Бога да не се разболиш да не завршиш не дај Боже во болница. Умираат новороденчиња како од шала, деца од настинки, случајот со Тамара да не го должам. Никој не поднесува морална одговорност, никогаш и никаде.
МВР е сведено на ниво на секјурити на поединци. Полицијата удира по грбот на работникот секојдневно штанцајќи казни за да се полни буџетот. Казни од 300 евра на плати од 150 евра.
Има ли потреба да ја спомнувам одбраната? После тоа што поранешен командант на уЧК и дезертер од АРМ во 2001 беше ставен за министер? Безбедноста ни е на промаја.
И не само ова, за се да напишам сега ќе најдам по нешто.
Да кажам дека секакви битанги и малоумни ни се ставени на клучни места во политичката сцена? Да спомнувам ли дека пази, дипломиран правник, ни е министер за здравство? Доктори на наука дома седат, квалитетен медицински кадар избеган по Германија и останатите земји. Греота и жалосно.
Нема да ја заборавам легендарната изјава на Спиро Ристовски кога рече - Младиве само кукаат нема работа, незнам шо е проблемот излегуваш на улица и наоѓаш работа.
Човек кој во својот живот од завршувањето на факултетот веднаш е станат заменик министер (чинам така беше).
Невработеноста е на рекордно ниво досега. Бришат луѓе од биро за вработување ко од шала само да не фигурираат како невработени.
Лични примери од секојдневниот живот, колку сакаш. Секој со своите маки и страдања. Гледаш како некадарни простаци што едвај завршиле факултет стануваат професори и доктори. Такви децата ќе ти ги учат и лечат.
Човекот е несреќен, јас не познавам толку несреќна нација колку нашата. Јас кога доаѓам во Македонија во депресија паѓам, кога ќе им ги видам изморените депресивни и летаргични фаци на луѓето. Кога ќе им ги слушнам разговорите. Заробени во сопствениот безизлез, несреќа и тага. И поради сето тоа е Македонецот таков каков што е. Гледа да зграби шанса кога ќе му се пружи, па за другите ако остане, јас тоа го разбирам, тоа е борба за преживување, луѓето си газат на достоинството за работно место, секојдневно понижувани, секојдневно под секакви притисоци.
Нема оправдување за предходните власти, нема оправдување за ништо што е сторено, ни за приватизацијата, ни за пропаднатите гиганти од времето од кои сега е само руина останата (пример-порцеланка).Нема оправдување ни за ТАТ, Нема никакво оправдување, и затоа не се власт моментално. Јасно е дека народот не ги сака.
А уште помалку нема оправдување за овие денешниве.
Знаеш зашто?
Затоа што се ебани 10 години на власт и ништо не им стоеше на патот да бидат добра влада, која ќе го опраи народот малку. Познавам еден куп луѓе кои се крстеа во Никола Груевски дека он ќе не спаси. Знаеш колку луѓе се разочараа?
За предходниве, ај ќе речеш толку ни сечело, само што сме станале држава, направени се страотни грешки.
КОЕ Е ОПРАВДУВАЊЕТО СЕГА? Зошто не станавме навистина лидери во регионот, не само на Сител?
Црна Гора пред неполни 10 години стана самостојна држава, чека покана за НАТО.
Босна не претрка, Босна, во која имаше ужасна војна со години.
Еве, кое е оправдувањето за денешниве неуспеси?
Нема!
Затоа тоа се по ред треба да се надене на ШИЛО и на камен мост да ги плукаме по ред.
Нема АМА повеќе. Нема се трудиме повеќе. 10 години поминаа. КАДЕ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ?
Mакедонија не е сиромашна држава. Македонија е опљачкана држава. Опустошена и опљачкана, безсрамно.