Усвоен новиот закон во сообраќајот - брзината во населените места ограничена на 50 km/h!

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Дали новите измени ќе придонесат за подобрување на сообраќајната култура?

  • Вкупно гласачи
    110
Збориш конкретно за овој закон или за сите закони генерално?
Темaтa е oвoј зaкoн.
Не мoжеш дa збoриш генерaлнo зa сите зaкoни зoштo секoј зaкoн уредувa пoсебнa мaтеријa и имa свoјa пoсебнa цел.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
У склоп на темава читнете за Vision Zero, сметам дека добар дел не се запознаени со проектов. Нормално, никад нема да се имплементира кај нас од очигледни причини, ама сепак ова е една многу добра идеја која веќе е реалност во некои држави.
 
најголема глупост е што остана исто со светлата... барем да го земеа хрватскиот модел, со светла да се вози и дење само зимно време ( тајмингот на зимска опрема)
Го читав предлог законот и предложено беше светла да се палат од првиот самрак до рано сабајле а денски да се вози со светла во услови на намалена видливост.

Многу работи не се како што беа во предлог законот а дали новинарите ги извртуваат или не се прифатени ќе видиме кога ќе излезе новиот закон
 
За вистинска промена у сообраќајот и свеста на манијаците позади волан требаше да ги осудат сите возачи од актуелниве јавно познати случаи на сообраќајни незгоди во кои што беа загубени човечки животи на убави двоцифрени затворски казни. Тоа фино лепо судија може да го оправда во име на постигнување на генерална превенција за вршење на такви кривични дела (што е во согласност со Кривичниот законик).

Секако дека ке има ефект зголемувањето на паричната казна и одземањето на возачката согласно новите измени на Законот, али нема да е доволно за тие што возат 100 на саат у град и повеќе. Ако знае дека нема да одговара кривично, ке си вози Мишко па нека му ја мислат пешаците.
 
Законов служи за истото, за што служат сите закони кои ги донесе оваа банда - а тоа е да се извади и последниот денар од џебот на обичниот човек, за да можат да се покријат финансиски сите незаконски и останати небулози кои ги прават овие на власт.

И тоа ќе биде така, се додека продолжат да важат двојните аршини во санкционирањето на сообраќајните прекршоци и кривични дела.

се додека има секојдневно случаи како оној во кој погина девојчето од Крива Паланка или пак случајот на телохранителот на Груевски, или да не набројувам.... се додека овие кои си играат држава за едни се мајка, а за други граѓани маќеа, се до тогаш овој и сличните закони можат да си ги набутаат у гз, заедно со нивните тукашни форумски адвокати.
 
Никогаш во живот поспоро по суво време не сум возел. 5-6 км за 50 минути. Бадијала збореа и архитекти и граѓани, каков хаос е направен со т.н. демографска, градежна, економска политика, нема назад.
Со други зборови џабе закон кога овој град нема инфраструктура ниту јавен превоз за толку жители (плус заради централизираните институции и услуги, и илјадници дневни миграции). И со 30 да се вози џабе.
 
Последно уредено:
Мислам дека највеќе ќе се подобри сообраќајот, ако законски се задолжат сите возила да имаат вградено камера. На тој начин, мислам дека пред чист доказ и судовите ќе клекнат.
А може да се искористи и пример ако некој неправедно е казнет.
 
Давај давај предлози нека има пак измени во законот и секое возило задолжително да има монтирано камера
 
Мислам дека највеќе ќе се подобри сообраќајот, ако законски се задолжат сите возила да имаат вградено камера. На тој начин, мислам дека пред чист доказ и судовите ќе клекнат.
А може да се искористи и пример ако некој неправедно е казнет.
Ако законите, казните, правилата и прописите продолжат да важат вака двоаршински, како до сега, односно, за некои да важат, а за некои не, тогаш можат да се донесат било какви закони, не е уопште битно, кога има слој за кој не важат.
 
I want to believe!
 
Мислам дека највеќе ќе се подобри сообраќајот, ако законски се задолжат сите возила да имаат вградено камера. На тој начин, мислам дека пред чист доказ и судовите ќе клекнат.
А може да се искористи и пример ако некој неправедно е казнет.

(y) башка ќе се олесни и праењето на аматерски секс тејпови у кола
 
Импровизориум, patch, како и секој закон што се донесува набрзинка. Нема истражување, едноставно се лупа генерално, па А Пе Пе. А кој ќе пие и кој ќе плаќа, повеќе е од јасно тука.
 
Сите што загинаа беа прегазени со над 100,возачот под дејство на алхохол,дрога,на пешачки,на тротоар. Намалување на брзината во град за 10 или парични казни нема ништо да сменат.
Требаше некој од возачиве да изеде опасна затворска казна па да им дое памет на други ама со 5 години затворска казна ништо не правиме. Останува да пазиме и да се молиме да неаме таков ксмет.
 
Сите што загинаа беа прегазени со над 100,возачот под дејство на алхохол,дрога,на пешачки,на тротоар. Намалување на брзината во град за 10 или парични казни нема ништо да сменат.
Ќе им сменат на нив у буџетот за сендвичи, палми и банкарски сметки у Белизе.
Требаше некој од возачиве да изеде опасна затворска казна па да им дое памет на други ама со 5 години затворска казна ништо не правиме. Останува да пазиме и да се молиме да неаме таков ксмет.
Како може да изеде затворска казна некој кој е личен телохранител на Груевски или пак функционер во ВМРО? Дури вториов и прокси си најде, за разлика од првиот кој ти е очигледно една ниво подоле у хиерархија и кој на пешачки згази човек со над 100км со моторот и лежеше некој месец само.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom