Усвоен новиот закон во сообраќајот - брзината во населените места ограничена на 50 km/h!

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Дали новите измени ќе придонесат за подобрување на сообраќајната култура?


  • Вкупно гласачи
    110
Законот е горе доле ист, зголемени се казните но НЕ ДОВОЛНО. Пак ќе страдаат шоферите што возат 60-70. Ако навистина се сака да се среди ризичната група шофери законот треба да гласи...Трајно одземање на возачка дозвола за возење над 100км/ч во населено место.

Инаку во законов има и спорен момент, седиште за дете до 5 години. Дали секој таксист ќе треба да монтира седиште секогаш кога ќе превезува родители со деца или ако сакате да превезете роднини или комшии кои имаат мало дете ќе мора да купите седиште или да им кажете извини ама заради детето не ве качувам во кола
 
И шо демек законот ја гради културата или тоа треба да е нешто што е дел од начинот на живот и размислување ?
Збориш конкретно за овој закон или за сите закони генерално?
 
Правда се сељаците кои фрлиле многу пари за јаки машини, а не можат да возат над 50km/h

Прегледај го приврзокот 129642
Типот е во право, апсолутно во право. Тоа што Скопје има лоша сообраќајна инфраструктура тоа е друг проблем (уствари не е толку лоша колку што е ефтина)
Ги проширија булеварите и оп на секој 20 метри пешачки и семафори. Глупи и непотребни семафори, често се случува да се чека на семафор иако нема пешак.
Од друга страна, семафорите за пешаци се наместени на 15 секунди и само што си тргнал на зелено ете ти црвено или треба да поминеш две улица (бидејќи е голема раскрница), наштелуван е така да свети зелено да ја поминеш едната улица, па чекаш за втората улица уште толку 5 минути поминување на пешачки.
А друг муабет е што ЈСП автобусите се полни и ретки т.е ако испуштиш некој автобус треба најмалку 20 минути да чекаш.

Значи и возачите нервозни и пешаците нервозни и затоа имаме ваков хаос во сообраќајот бидејќи се чека непотребно и се губи време непотребно.
Затоа сите поголеми раскрсници со кружен тек, наместо пешачки подземни премини и метални барикади (високи 1.5 метри) на тротоарите и 80-90 возење на улиците.
Затоа што не е можно ЈСП автобус од Гоце до Кисела вода да вози за 40 минути (и тоа не во гужва), а од Велес до Ново лисиче со кола да е 30 минути. Тоа е можно во милионски градови како Париз, Лондон, ама за град од скоро милион жители, премногу се троши на патување.
 
Џабе се казни, кога од 10 возажи што ќе му поминат на полицаец ќе стопира еден, а сите возеле побрзо од 50Км/ч. Што значи пак е карма во прашање кој ќе биде а кој не казнет.

Ако веќе се казнува, треба да се казнува со повеќе полиција на улиците и на секој агол, за да несовесните возачи им текне дека шансите да го избегнат законот се минимални.

И како тоа секој возач кој убил пешак е битна фаца одеднаш и се спасува со минимална казна?
 
Ај ќе се фрлам во оганот со обид за муабет со малце здрав разум.
Сметам дека законов е глуп, од повеќе причини. Прво, дали ќе те удри кола со 50км/ч или 60км/ч последиците ти се исти. Друго, сите знаеме дека ова нема да се поштуе.
Ја, од друга страна, имам скроз обратна филозофија во врска со ова. Сметам дека треба да се ограничи Минималната брзина на движење во сообраќајот. Прво се намалуваат штетни емисии, се убрзува и растеретува сообраќајот а со тоа се добива на време, а времето е пари. Тоа е едно. Друго, проблемот не е во брзината на движење туку во инфраструктурата и во културата на учесниците во сообраќајот. Патиштата се ужас, тротоари јок, синхронизирани семафори јок, интелигентно испланирани пешачки и кружни текови јок, место за паркинг јок, и сеа ние ќе ограничуваме брзина на сообраќај демек тоа ќе реши нешо. Друго, основна култура немаме, што возачи што пешаци, овде, мислам дека не треба примери да давам оти ќе нема крај. И последно, пипер у очи немаме ама битно сите сакаме со кола да возиме! Треба да развиваме култура на возење велосипед и користење јавен превоз, од 1000 прагматични причини.
 
Мислам дека со нашиот ментален склоп, единствениот начин да се спречат сообраќајни несреќи е да се забрани возење на коли. Општо. За сите. Да нема коли. Ниедна. Банирани да се колите од државава. Друго чаре тешко.
 
Во право е Ilumious. Никогаш не вози повеќе од дозволеното. Освен кога е пијана. Или кога брза. Евентуално ако е под дејство на нелегални супстанци или ако се трка со оние од пред Веро. Ама тоа не е секој ден, 3-4 пати се дешава само во неделата.
 
Пошто нели .. возење точак е ефтино и секој може да си го дозволи.. не е фраерски.
Во Берлин бев запрепастен кога видов дека покрај тоа што има стаза за точак, несмееш ни да помислиш да се шеташ по неа ако знаеш дека иде точак накај тебе..
Доброто е што тие што возат точак таму шибаат со 100 на саат и стигаат побрзо отколку да се маткаат по сообраќајот со кола и да бараат паркинг. Ама се е до менталитетот.
 
Khm khm... kameri na sekoj cekor kako vo UK, pa avtomatski da kaznuva za vozenje prebrzo.Taka samo moze da se sredi situacijata na patistata, posto ova e luda rabota veke.
Problem-reaction-solution...
Не наседнувајте на таа стапица, сепак 99% од луѓето во МК сакаат да се движат слободно без чувство дека некој ги набљудува константно.
Во никој случај не би сакал да има камери на секој чекор, како во некои западни диктаторски земји.

Инаку, новиот закон е ретардиран, и е предложен и имплементиран од ретардирани политичари.

За да се реши овој проблем, потребно е да се удри по ропачааната/сељачааната/арпаџиците (или како сакате наречете ги) кои сочинуваат околу 10% од жителите на РМ.
Нема потреба ние нормалните 90% да го јадеме стапот заради 10% копачи.

И што е најтрагично, највеќе казни ке добиваат некои кутри со Југо што си возеле по навика 60,
додека клошарите со џипови обвиени во фолија, буљашите со глупо тјунирани голфови, и лигушите на мама и тато со прдежите од ауспуси
што "знаат некој битен" "се знаат со некој у МВР" или "работат во МВР" или нема да ги сопрат, или ќе ги пуштат без никакви последици.

Јас знам како би го решил проблемот, и тоа во рок од 60 дена 90% од проблемот, а останатите 9% во следните 11 месеци.
 
Казниве наместо во евра треба во стапови на гол газ да се изречат + наместо одземање возачка да собира ѓубре за комуналец.Така и работни места ќе се намалат по јавниве претпријатија.
 
Реално пак нема да фукционира ова.

Пред да го направат ова медиумите секој ден јадеа лајна овој загинал тој загинал а добро луѓе каде во светот има земја каде што не гине никој? Во секоја земја се случуваат сообраќајќи само работата е што таму не се ударни тие вести на тв и на веб порталите. Кај нас е обратно бидејќи медиумите немаат вистински вести немаат нешто реално самите да направат тие ги користат сообраќајните несреќи и при тоа создаваат паника кај народот демек секој ден умираат по 200 души и секако дека им одговара ова на властите од 60 на 50 и оп казни на сите кои возат над дозволеното ним арно нас лошо.

Лошиот возач може да направи сообраќајќа и да удри лице - кола не е битно што било возел со 80 или пак со 40 како и да е има последици.

Добриот возач и да вози 60 км на час нема да направи сообраќајќа. Кај нас е лошо што секој вози кола премногу лесно се земаат возачките плус тоа повеќето возачи немаат култура ниту пак даваат предност таквите луѓе треба да се сакционираат. Плус колку пати сме виделе луѓе кои незнаат ниту да паркираат а тоа е едно основно правило за секој возач да знае да паркира како очекуваш од некој што незнае да паркира да вози добро?

Кај нас е лош менталитетот на возење плус тоа во Скопје има премногу коли ако сте забележале по 1 лице има скоро во 98% од автомобилите и кај нас е она јас имам кола и одам на работа демек да се докаже дека е моќен и има пари и мора тој да оди со кола на работа.

Во странство не одат сите со кола ептен ако имаат премногу обврски замислите град со 11 милиона жители ако одат барем 70% со коли на работа? што ќе биде тоа? ХАОС. Затоа во странство луѓето си практикуваат точак,метро,автобус,пеш зависи од тоа колку му е далеку работното место. Само кај нас се изиграва чалам патем тоа е до балканскиот менталитет не е само МКД со сообраќајќи и во Србија, Босна,Црна гора итн. и таму го има истото.
 
За нас само шеријатски закон во сообраќајот, ништо друго. Таму каде што пишува евра, заменето со камшици + директен пренос на МТВ.

Јас би и сечење на раце нозе за тој што ќе убие. Ако е тоа претерано, тогаш најдобар лек за татини мамини синчиња е конфискација на колата со која е направено казненото делото од голем обем како на пример возење во населено место со над 100км/ч. Па нека возат 200 на час.
 
Со ограничувањето на брзината на 50 километри ке се намали потрошувачката на гориво а на рафинерија ќе се намалт приходите па ќе поднесат инијацијатива за зголемување на брзината до 80 километри на час.

Од утре со желки и полжави низ град[DOUBLEPOST=1443646474][/DOUBLEPOST]
Реално пак нема да фукционира ова.

Пред да го направат ова медиумите секој ден јадеа лајна овој загинал тој загинал а добро луѓе каде во светот има земја каде што не гине никој? Во секоја земја се случуваат сообраќајќи само работата е што таму не се ударни тие вести на тв и на веб порталите. Кај нас е обратно бидејќи медиумите немаат вистински вести немаат нешто реално самите да направат тие ги користат сообраќајните несреќи и при тоа создаваат паника кај народот демек секој ден умираат по 200 души и секако дека им одговара ова на властите од 60 на 50 и оп казни на сите кои возат над дозволеното ним арно нас лошо.

Лошиот возач може да направи сообраќајќа и да удри лице - кола не е битно што било возел со 80 или пак со 40 како и да е има последици.

Добриот возач и да вози 60 км на час нема да направи сообраќајќа. Кај нас е лошо што секој вози кола премногу лесно се земаат возачките плус тоа повеќето возачи немаат култура ниту пак даваат предност таквите луѓе треба да се сакционираат. Плус колку пати сме виделе луѓе кои незнаат ниту да паркираат а тоа е едно основно правило за секој возач да знае да паркира како очекуваш од некој што незнае да паркира да вози добро?

Кај нас е лош менталитетот на возење плус тоа во Скопје има премногу коли ако сте забележале по 1 лице има скоро во 98% од автомобилите и кај нас е она јас имам кола и одам на работа демек да се докаже дека е моќен и има пари и мора тој да оди со кола на работа.

Во странство не одат сите со кола ептен ако имаат премногу обврски замислите град со 11 милиона жители ако одат барем 70% со коли на работа? што ќе биде тоа? ХАОС. Затоа во странство луѓето си практикуваат точак,метро,автобус,пеш зависи од тоа колку му е далеку работното место. Само кај нас се изиграва чалам патем тоа е до балканскиот менталитет не е само МКД со сообраќајќи и во Србија, Босна,Црна гора итн. и таму го има истото.
Оди види во Париз каков е сообраќајот
 
најголема глупост е што остана исто со светлата... барем да го земеа хрватскиот модел, со светла да се вози и дење само зимно време ( тајмингот на зимска опрема)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom