Хеви метал (општо)

Член од
15 септември 2015
Мислења
3
Поени од реакции
2
Хеви метал музиката е жанр на рок музиката кој се појавил како дефиниран музички стил во 70-тите години на 20 век, со корени од хард рок бендовите кои, помеѓу 1967 и 1974, ги мешале блузот и рокенролот за да создадат хибрид со дебел и тежок звук, базиран воглавно на гитари и тапани, карактеризиран од употребата на високо-засилена дисторзија. Од хеви металот подоцна еволуирале голем број на поджанрови, многу од кои едноставно се нарекуваат „метал“. Како резултат, „хеви метал“ сега има две различни значења: или жанрот и сите негови поджанрови, или пак оригиналните хеви метал бендови од стилот од 70-тите понекогаш нарекуван „традиционален метал“, на пример Deep Purple, Led Zeppelin,Blue Öyster Cult и Black Sabbath
 
Сите бендови што ги наброја врска немаат со хеви метал освен Сабат. Они се првиот прав хеви метал бенд.
 
Metalica,Iron Maiden,Megadeath,Sepultura,W.A.S.P.,Alice Cooper,Motley Crye,Poison,..........................etc пиејќи црно вино кавадарка во Бесна Кобила на времето ги слушав
 
Првиот синоним за хеви метал се јавува од еден англиски новинар во далечната 60 и некоја каде додека го слуша џими хендрикс во некоја лондонска дупка вика "it was like a heavy metal falling from the sky" .... така и се појавува и шири после преку Сабат, Парпл, Цепелин, па од таму го ребрендираат и проповедаат оние бендови кои се јавуваат како последица на овие првиве. Хеви метал е повеќе од вид на музика.
Позз
 
Ако прајме муабет за ХЕВИ МЕТАЛ тогаш никој од Блек Сабат,Цепелин,Дип Парпл уствари не свиреле Хеви Метал туку некојси вид блуз/хард вид на рок.Тоа што Метал бендови се инспирирани од нив не ги прави овие набројаниве метал групи у никој случај.Вистинскиот звук на Хеви почнува некаде во 1980 со 6тиот албум на Џудас Прист (British Steel) за у истата година Мејден да го извадат првиот албум и така да почне тоа движење познато како NWOBHM.
Ако сакате чист Хеви Метал тогаш слушнете групи како Angel Witch и Grim Reaper а не Металика,Пантера,Слипкнот,СОАД,Слејер,Мегадет.Овие го усовршиле тој првобитен дизнајн/шаблон за жанротна Мејден и Прист и си го развиле правецот по нивен вкус што не значи дека нивната музика е лоша само сакам да кажам дека тие не се Хеви Метал бендови.Толку голем акцент ставам на Мејден и Прист бидејќи и после 35-40 години постоење тие се единствени кои го зачувале оној стар првобитен звук на Хевито.
А коа сме за тоа од кај доаѓа инспирацијата за ХЕВИ МЕТАЛОТ според мене главни виновници за тоа се групи како UFO,Thin Lizzy,Rainbow и Scorpions
 
@Lenny
NWOBHM е бранша на хеви метал која се појавуе у Англија, не е единствениот „вистински хеви метал“. Треш метал бендовите ко Слеер, Металика, Мегадет што ги наброја, грувовините ко Пантера и слично, се исто бранши од хеви металот. Дед метал и блек метал се бранши од хеви метал. Ну метал (СОАД, Слипнот...) е бранша на хеви метал.
Не постои ствар ко „чист хеви метал“. Можда ти почетоците на хеви металот ги нарекуваш „чист хеви метал“ али тоа не ти е коректна класификација.
И Блек Сабат се хеви метал како што прогресираат од хард рокерскиот звук (кој не е воопшто некомплементарен кај нив со хеви металот) и почнуваат да ги поставуваат темелите на хеви металот, „Paranoid“ е еден од највлијателните хеви метал албуми у историјата на хеви металот можда, иако тоа е дискутабилно, заедно со „Heaven and hell“ албумот. Абе што, сите постари албуми што не се денешниот шлајм на Ози. Џудас и Мејден како пионери на хеви металот, никој не ги ни оспоруе тука.

Не знам, али ова на мене ми звучи прилично метал...
 
Океј бе друже си имаме различни гледања на стварите, тоа муабетите за браншите на метал ти немаат врска за тоа ја шо зборев дека чист ХЕВИ МЕТАЛ звук е оној на Мејден и Прист а не трешот на Металика и Слејер, не грувот на Пантера и не психоделичниот хард рок на Блек Сабат.Сите тие ги викаат хеви метал бендови ама уствари они самите по себе си имаат направено правци и поджанрови на металот.Нивната музика не е Хеви Метал.Хевиото е многу мала група на бендови и некои баш ги спомнав у постот погоре
 
Тоа што го викаш „метал“ музика, правилно се вика „хеви метал“ музика.
„Хеви метал“ не е вид на метал музика, хеви метал е правилниот назив за метал музиката, а треш/блек/дед итн.. се поджанрови на хеви металот.
Метал музика = Хеви метал музика.
 
Уживајте бе тро :D

Како најновиов од Мејден?
 
Металната музика е појќе имиџ и понашање на индивидуата од колку музиката, ако ги слушнеме металните песми сите се на ист калап, “Гробови, ѓаоли, дојди сатано те чекаме...“
Немаат инвентивност ни многу фантазија, то шо напишаја метални песни во 70ите ден денес истите ги верглаат (освен тангата на Шкорпијон и некои песми на Дивље Јагоде, Црвена Јабука и Роксет.)
Да бидиш металец подразбира долга мрсна коса, непочитување на родители и комшии, малтретирање на послаби деца од тебе и мали животни (прават ритуали на полноќ не гробишта кад епијат крв од мачки, јазавци и кртови), обавезно носат до болка тесни фармерки и лето и зиме (зато сите страдаат од воспаление на чмар, свраб на газо и слаба циркулација), кожна јакна со шо појќе искитена со ланчиња, беџој, парамани, боцки тапи од пиво...
Капење само во екстремни случаеви (ко ќе почнат да излегуваат бели црвја под мишки или да се отвараат рани по черепот) и обавезно е да биедеш неук. Имаше случаеви на претепани до смрт металци кои имаа подобри оценки на школо.
Не смееш ни да си гадлив ко ќе си металец оти дел од ритуалите им е и да си ги мирисаат чорпите еден на друг и да си повраќаат еден на друг в уста.
Иначе во се остало се исти како и останатите нормални луѓе
 
Нема врска тоа , не се сите металци атеисти(сатанисти) постои христијански метал , а и за стилот на живот исто не е типично за сите металци. :D
 
Зборав за оригинал металци, имаш и панкери кои навечер рипаат во испарталени алишта по дискотеки и вриштат “АНАРХИЈААА“ а сабајле вадат обетки, чешлаат коси клаваат костуми и одат да работаат како службеници.
Тој шо е прав металец во душа ќе испие крв од мачка на полноќ на гробишта во знак на почитување на сатаната а од сапун ќе бега како муџахедин од сланина
 
Уживајте бе тро :D

Како најновиов од Мејден?
Океј си е албумот ама далеку од она во 80тите што ваѓаа, сеа многу долги песни и балади ама пак се познава дека е Мејден коа ќе го чуеш
 
BCw40z-CAAEYcMN.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom