Скопје вело-град 2017

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
За тие што не се запознаени, градот Скопје најави дека во наредниот период ќе работи интензивно на подобрување на велосипедската инфраструктура, и дека до 2017-та година можеме да очекуваме Скопје да стане вистински вело-град. Ветија дека сите наредни велосипедски патеки ќе бидат правени исклучиво од асфалт (наспроти досегашните бекатон плочки), ќе има слеани рабници, патеките ќе ги заобиколуваат автобуските постојки и слично. Дали сметате дека овој проект ќе успее и ќе биде 100 процентно реализиран? Сметам дека треба да има една ваква тема, во која што ќе можеме да пишуваме сугестии, забелешки и слично, со цел подобрување на велосипедската инфраструктура, и дискусија во однос на реализацијата на проектот.

Топ, уште копуците што паркираат на тротоари/велосипедски патеки да ги научат дека не е паркинг тоа.
Југото ќе го собере пајак, BMW-то нема, тоа си е тој менталитет.
 
тешко :
kej.jpg

на најактивната и единствена нормална вело-патека се случува ова, каде некој си тера приватни бизниси под маска дека инвестира за сите граѓани а всушност инвестира лично и персонално само за сопствен интерес.
 
Добро е тоа што се работи на велосипедските патеки, но лошо е тоа што луѓето не разбираат каде е за точак, каде е за пешаци, каде е за коли. На местото на велосипедската патека ќе се движат пешаци и мотори, на патеката за пешаци ќе се имаат паркирано коли, а пешаците ќе си одат по улицата, веднаш до пешачките патеки/тротоари и ќе се мислат дали улетаната кола од зад нив ќе им свирне или ќе ги бапне.
 
тешко :
kej.jpg

на најактивната и единствена нормална вело-патека се случува ова, каде некој си тера приватни бизниси под маска дека инвестира за сите граѓани а всушност инвестира лично и персонално само за сопствен интерес.
А што мостот да не ќе биде приватен или ќе се наплаќа за поминување?
Потребни се уште два подоле дури не само еден за поврзување кон Бардовци, Визбегово :Д
 
А што мостот да не ќе биде приватен или ќе се наплаќа за поминување?
Потребни се уште два подоле дури не само еден за поврзување кон Бардовци, Визбегово :Д
па очигледно дека е приватен кога не се прашува народот кој секој ден поминува во ОГРОМЕН број на патеката каде е ова сликано, инаку да која е поентата да се направи мост да поврзува една со друга страна каде другата страна е приватен паркинг и шеталиште на двор на приватна клиника. мислам ок ќе има потреба да идам натака само ако ми затреба да идам во клиниката.
 
Идеш ли ти на патека воопшто? Има нова патека од другата страна и ќе се направат од страна клучки.
 
Супер идеја.... има можност да се реализира зашто да не.
Ќе си возиме точаци, нема да ја загадуваме природата и ќе бидеме поздрави. :)
 
Супер идеја.... има можност да се реализира зашто да не.
Ќе си возиме точаци, нема да ја загадуваме природата и ќе бидеме поздрави. :)
+ 1
видов како е тоа направено пред хотел Континентал и понатаму до АСУЦ... стварно одлично, порано тука немаше шанси да возиш велосипед од паркирани автомобили од околните фирми и дупки по патеката, сега тоа е минато сеќавање.
Ама има и утки од порано уште,затоа што некој не излегол на терен а од офис нацртал само некоја патека, на пример таа патека на тој дел во Скопје - источна страна води до надвозникот во Маџари, а потоа каде ???????? бре ...Скопје е и понатаму,
поточно населбата Хиподром, до неа нема велосипедска патека, направено е автопат во градот кој е поделен вештачки тука.( и имаше многу незгоди и загинати)
 
Одличен велосипед си го искршив со возење низ Скопје за една година од паметното решение на проектантите. Како е можно велосипедска патека да завршува со рабник висок 15цм за да се спуштиш на улица?
Во моментов единствено добри патеки има направено во Автокоманда кај Континентал од новите, Карпош се катастрофа, Аеродром така-така.
Ја поддржувам идејата да се направат велосипедски патеки, ако размислуваме како што размислуваат во Холандија би биле многу подалеку стигнати во оваа сфера.
 
Комшиски добра вест за сеир: цел интернет им се смее на Бугарите за тоа колку им се бескорисни новите велосипедски патеки (за кои добиле пари од ЕУ).
Самопоразувачка лоша вест: подобри им се од нашите.

Како што е неспособна нашава администрација за ништо освен за попладневни кафиња, нашите велосипедски патеки има да бидат ужас невиден. Дури и бугарите ќе ни се смеат.
 
Океј, не мора со негативно од почеток. Останува да видиме :)
 
Ајде дај Боже што повеќе вело патеки да има, ама прво нека ја средат таа на Вардар пошто таму највеќе луѓето се рекреираат. Секој втор ден ја гледам сликата што ја постави @Ryan Giggs и морам по земја да возам за да поминам со ризик да ги дупнам гумите. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom