Boomerang
Немој CTRL+W.
- Член од
- 18 јуни 2006
- Мислења
- 3.709
- Поени од реакции
- 809
За тие што не се запознаени, градот Скопје најави дека во наредниот период ќе работи интензивно на подобрување на велосипедската инфраструктура, и дека до 2017-та година можеме да очекуваме Скопје да стане вистински вело-град. Ветија дека сите наредни велосипедски патеки ќе бидат правени исклучиво од асфалт (наспроти досегашните бекатон плочки), ќе има слеани рабници, патеките ќе ги заобиколуваат автобуските постојки и слично. Дали сметате дека овој проект ќе успее и ќе биде 100 процентно реализиран? Сметам дека треба да има една ваква тема, во која што ќе можеме да пишуваме сугестии, забелешки и слично, со цел подобрување на велосипедската инфраструктура, и дискусија во однос на реализацијата на проектот.