Штедење во денари/долари

  • Креатор на темата Креатор на темата arizanov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 ноември 2010
Мислења
70
Поени од реакции
10
Здраво. Ме интересира во што е подобро да се штеди, во денари или долари? Зборувам за штедење на 2 или 3 години и околу 250к ден. Повеќе сум наклонет на денарот бидејќи има поголеми камати, но дали е можно денарот многу да девалвира во следните 2 години?
Мислам дека Уни банка има најголеми камати моментално. Дали некој има искуство со нив? Јас имам сметки во Стопанска и Халк, но каматите овде се помали. Додуша во Стопанска неможев убаво ни да ги најдам процентите, некако не им беше баш средена web страната за штедење.
Друго, банките кои ги користам се големи и не верувам нешто ќе се случи во следните 2-3 години, а Уни не ми е многу сигурна, помала банка е, зборувам за ризик од губење на парите.
Незнам дали НРБМ сеуште 100% гарантира до 10,000еур.
Друго, дали процентите се менуваат во текот на штедењето или остануваат исти до крај како што си ги потпишал во документот?
Благодарам однапред
 
Последно уредено:

Сигурна банка ти е Уни, за тоа не ја мисли. Да, осигурани ти се депозтите до 30.000 евра од Фондот за осигурување на депозити (линк http://www.fodsk.org.mk/mac/guarant.asp ).
За денарот не би шпекулирал :)
 
250.000 во уни со 4.5% камата, месечно ќе зимаш 930 денари. Ако ова ти се исплати орочи ги на 3 години.
 
Друго, банките кои ги користам се големи и не верувам нешто ќе се случи во следните 2-3 години, а Уни не ми е многу сигурна, помала банка е, зборувам за ризик од губење на парите.
Благодарам однапред
Воопшто не е мала, и еден од сопствениците Ивајло (бугарин) е сопственик на Прва Инвестициона Банка во Бугарија.
 
250.000 во уни со 4.5% камата, месечно ќе зимаш 930 денари. Ако ова ти се исплати орочи ги на 3 години.
На 2 години е 4,40%, на 3 е 4,60% во Уни. Не е нешто голема разликата.
Она што ме загрижува е девалвацијата на денарот. Некако не ми стои многу стабилен во минатите неколку години, цените поскапуваат а денарот тој е, некако многу на губење да не испадне?
 
цените поскапуваат а денарот тој е, некако многу на губење да не испадне?

Ова ти е инфлација, а не девалвација. Инфлација скоро постојано има и очекувано е дека ќе ти „изеде“ дел од добивката од камата.
 
На 2 години е 4,40%, на 3 е 4,60% во Уни. Не е нешто голема разликата.
Она што ме загрижува е девалвацијата на денарот. Некако не ми стои многу стабилен во минатите неколку години, цените поскапуваат а денарот тој е, некако многу на губење да не испадне?
Ако толку ги мислиш претвори ги во CHF и толку. Со депозит во банка само се излагаш на ризик скоро и без профит.

Инаку за ова мислев за уни:
upload_2015-6-23_11-42-36.png
 
Штедење... само во рубљи :)
 
Штедење во долари не ти е баш најпаметно посебно сега кога доларот е в таван. Најсигурно е во евра, најисплатливо во денари.

Оуврол тапа е со овие камати, да штедиш пред 5-6 години коа беа каматите преку 10% се исплаќаше. Ако немаш попаметна идеја што да праиш со 250К закачи ги во банка, барем ти се на сигурно
 
Да, откога исчитав се низ форумов се одлучив дека штедење во долари дефинитивно отпаѓа, и дефинитивно отпаѓа штедење на 3 години. Сега само треба да ја направам математиката за дали да штедам во денари или да ги сменам и да штедам во евра и дали да биде 2 години или 1. На една година па ич не е исплатливо, многу мали се каматите.
Инаку, не ми требаат а и немам попаметна идеја во моментов што да правам со нив па најсигурно е в банка. Колку толку ќе земеш на крај нешто. Кога ќе имам добра бизнис идеја и кога бизнис климата ќе се среди во Македонија ќе дискутираме за тоа но со поголем капитал. Со овие ништо не правам. Не ќе можам 4 месеци да опстанам како фирма.
 
Богата држава сме и народ чим у овие кризни и црни времиња сака да штеди и тоа у банка мама му дае ебам крајот не ни се гледа а ја како продужило планирам да џитнам едн бубрег јеботе живот
 
Drustvo dali e pametno da se stedi vo ovie losi momenti za makedonija slusam nekoi luge gi podigaat depozitite
 
Според мене подобро почекај да се смири ситуацијата за два-три месеци.
 
Drustvo dali e pametno da se stedi vo ovie losi momenti za makedonija slusam nekoi luge gi podigaat depozitite

Подигај парите ако прашаат зошто речи му дека стан или куќа ќе купуваш, ако се помалку половна кола, затоа што веднаш ќе ги известат крадците дека дома имаш пари :icon_lol:.
 
Штедење во долари не ти е баш најпаметно посебно сега кога доларот е в таван. Најсигурно е во евра, најисплатливо во денари.

Оуврол тапа е со овие камати, да штедиш пред 5-6 години коа беа каматите преку 10% се исплаќаше. Ако немаш попаметна идеја што да праиш со 250К закачи ги во банка, барем ти се на сигурно
на времето некој купувме и Травел чекови ( Томас Кук), но се плаќа мислам 2% провизија..
Но сега не е до толку, башка со наши картици се подигаат пари и во странство...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom