'Кучешки камп за обука' - за промена на алфа ставот
Од денес па натаму својот пес ке го учите дека тој најпрво е пес, а не минијатурно човечко суштество во крзнена облека. Неговата мајка порано го учила како да биде пес и како да ги извршува наредбите. Во понатамошното одрастување, поради недостаток на тренинг или погрешно сватени намери, тој тоа го заборавил. Со ваша помош песот ке се потсети што е и на кој начин се вклопува во светот. Наскоро тоа и ке му се допадне!
Песовите некогаш биле одгледувани на луѓето да им бараат храна, да им прават друштво и да ги водат. Алфа песот не прашува што сака, тој тоа го бара. Ви дава до знаење дека под одредени услови го сака својот оброк, дека сака да излезе надвор, дека сака да си игра, да се мази... и дека тоа го сака токму во овој момент. Вие ке го научите дека отсега па натаму мора да го заслужи она што го добива. Нема повеке ништо бесплатно. Тоа на почетокот ке биде шок за неговиот состав, но ке се изненадите со која брзина ке го 'фати ритамот' и навистина ке постане нестрплив да ве задоволи.
Ако вашиот пес сеуште не ја знае едноставната наредба СЕДИ, научете го. Наградете го со пофалби и парче храна. Не претерувајте со пофалбите. Едноставната пофалба "ДОБАР ПЕС!" изречена со весел глас е доволна. Од сега, секогаш кога вашиот пес нешто ке посака - оброк, излегување од куќата, шетање, малку внимание, било што - кажете му најпрво (не заборавајте, кажете му, немојте да го молите) СЕДИ. Кога песот ке го направи тоа, наградете го со пофалбата "Добар пес!", кажете му OK! [АЈДЕ!, односно било која друга наредба за отповикување], и дајте му го она што го барал, и тоа како награда. Ако одбие да ја послуша наредбата СЕДИ, отидете подалеку и игнорирајте го. Не седнал, нема награда. Ако мислите дека не ја разбира наредбата, поработете уште малку повеке на неговиот тренинг. Ако песот едноставно не сака да послуша, игнорирајте го - немојте да му го дадете она што го сака или немојте да го наградувате на било кој начин.
Побарајте од песот да седне пред да му го дадете оброкот, пред да излезе од куќата, нека седне пред вас за да го помилувате или да му ја дадете неговата играчка. Ако инаку на песот му ја оставате храната цело време на располагање, престанете да го правите тоа. Преминете на хранење во два дневни оброка и одлучите во кое време на денот песот ке биде нахранет. Побарајте да седне пред да му ја спуштите чинијата со храна. Ако не ја послуша наредбата - нема јадење. Отидете подалеку и игнорирајте го. Малку покасно повторно изнесете ја чинијата и кажете му СЕДИ. Ако песот ја разбира командата, немојте да ја повторувате. Ве слушнал и првиот пат. Наредбите секогаш се задаваат од стоечка положба, со длабок и цврст глас.
Ако песот почитува одредени членови на фамилијата, а останатите не, нека токму тие останатите бидат оние кои ке го хранат и кои од сега па натаму ке внесуваат добри работи во неговиот живот. Покажете им како ке го придобијат песот да ја изврши наредбата СЕДИ и како ке отидат од него и ке го игнорираат ако не го изврши она што му е кажано. Важно е да вашата цела фамилија ја спроведува оваа програма. Песовите се како децата - ако својата волја не можат да ја остварат кај мама, ке отидат да го прашаат тато. Во случај со вашиот пес, ако тој пронајде член на фамилијата над кој може да доминира, ке продолжи тоа и да го прави. А вие сакате да постигнете вашиот пес да научи како мора да ги почитува и слуша токму сите членови на фамилијата. Не заборавајте - неговото место е на дното на тотемскиот столб. Срушете го од врвот, но ако песот помисли дека се наоѓа некаде на средината на хиерархиската скала, и понатаму ке имате проблеми.