Друже, немој живти се, од ДПМНЕ на сите ли ви е врлина способноста за спинување?
И место да ги решат или притиснат Али и Муса над 50 - 60 терористи упаѓаат во строг центар на вториот најголем град во Македонија и се спремаат да нападнат полициска станица. Значи немој сречо немој данас. Ај и малце ретроспектива, две недели пред 9 ти мај истиве терористи завземаат караула на граница со тројца граничари од кои двајца Албанци и еден Македонец. Случајно таму се наоѓа и цел арсенал на оружје. Све се завршува мирно, нормално оружјето го снемува, со тоа што Македонецот јаде малку ќотек и му викаат да не доаѓа навака пошто тоа било Велика Албанија и ќе го убијат нареден пат ако се појави на работно место. Све завршува у 4 ри сабајле, ама полицијава со оклопни возила тргнува у потера дури у 3 поручек, нормално све е покриено исклучиво само со камери на Сител и Канал 5. На 7 ми мај пред влада се дешава малку пожесток митинг, каде има обид да се влезе во влада. За два дена у Куманово се дешава мини војна, во која за жал 8 души гинат, од кои првите три жртви се убиени со снајпер без воопшто да стигнат да пружат отпор (што наведува на фактот дека немале поима кој апсат). После тоа искача шушумигата од претседател и кажува дека 8 месеци ги следеле и знаеле кои биле, ама ете така ги чекале да се соберат на купче и да им се укопаат у сред Куманово па ради тоа не реагирале. Абе приказнава поневеројатна е од 9/11 кога Америве пробаа да убедат цела нација дека два авиона срушија две стокатници а притоа немало никаков обид авионите да бидат соборени.