• Војник •
БОРБА ТЕ ЧЕКА!
- Член од
- 6 април 2011
- Мислења
- 457
- Поени од реакции
- 1.263
„КОХА ДИТОРЕ“: УЧК ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА НАПАДОТ ВРЗ ВЛАДАТА
Фокус 13 апр 2015, 15:58
Според весникот, соопштението во кое УЧК ја презема одговорноста за нападот е потпишано од извесен командант Куштрими.
Приштинскиот весник „Коха Диторе“ пишува дека таканаречената паравоена Ослободителна народна армија, позната како УЧК, ја преземала одговорноста за гранатирањето на Владата кое се случи во петокот вечерта.
Според весникот, соопштението во кое УЧК ја презема одговорноста за нападот е потпишано од извесен командант Куштрими.
Од МВР досега нема коментар, а од таму информираа дека и овој и претходниот напад врз Владата се случиле од ист правец.
Да се потсетиме само:
- Потоа, следеа неколку официјални соопштенија дека т.н. „Република Илирида“ формирала гарда на чело со „командат Пантер“. Тие најавуваа дека ќе патролираат во сите места каде што во мнозинство се Албанците.
- На 29 октомври 2014, на владата на Р. Македонија се испукани два проектила од ракетен фрлач РПГ, сторителите се непознати. Неколку дена потоа, УЧК ја презеде одговорноста.
- На 18 февруари 2015, пред основниот суд во Скопје експлодирала бомба. За среќа, немаше повредени ниту други жртви. И? Наместо да се запрашуваме кој го сторил ова, и што била целта, ние самите Македонци си ги вадиме очите меѓу себе, заборавајќи, намерно или ненамерно, дека нешто се подготвува во нашата напатена држава. На 21 февруари, УЧК ја презеде одговорноста за бомбата пред основниот суд.
„На територијата на липковското подрачје престојува група од 40-тина ветерани на УЧК кои треба да фингираат вооружен судир на Кумановско-Скопско подрачје по нарачка на првите луѓе од владеачката структура во државата се со цел по секоја цена да се остане на власт, оправдувајќи се со нарушена безбедносна состојба. Таква е и акцијата за гранатирање на зградата на владата на Република Македонија која е изведена толку аматерски да е смешно што командантот Куштрими се согласил да ја потпише како своја. Ќе има уште вакви циркузијади, ама спас за оваа влада повеќе нема.“
Да опоменам само дека ова не е политичка тема. Доколку цитатот на господинот Бабановски е многу политички, бришете го, но темата нека остане.