Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
hillarwarsplash.jpg
 
Кога Англичаните и Шпанците дошле во Америка не постоеле држави така што тие не биле ИМИГРАНТИ туку доселеник или колонизатор. ИМИГРАНТИТЕ за кои зборува Доналд Трамп доаѓаат непоканети во постоечки држави. Така што ова сликче е навидум смешно но тотално нелогично и погрешно.

Напротив, постоеле се д'ржави... незаконни имигранти се нежелани, неканени, непосакани, а токму такви се колонизаторите.
 
Напротив, постоеле се д'ржави... незаконни имигранти се нежелани, неканени, непосакани, а токму такви се колонизаторите.
Која држава? Ирокезија? Дај не се заебавајте. Продолжуваме со темата. Трамп гази:-)
 
Сандерс, иако(најверојатно) нема да победи на претстоечките избори, ги начнува почетоците на социјалната револуција во САД, и веќе создава(некаква) култура на отпор кон корпоративниот капитализам во кој е западната земјата. На почетокот беше комплетен анонимус, за сега да стигне до ситуација, иницијалниот главен фаворит на демократите - Клинтон, да биде повеќе заплашена од него, него ли од републиканските кандидати(тоа може да се провери и потврди од јавните дебати).Сандерс себеси се дефинира како „социјален демократ“, етикета која во менталната матрица на американскиот народ секогаш се става во негативна конотација (американците презираат социјализам или било која идеологија блиска на социјализмот) Вака етикетиран, идеолошки е на различна линија од партијата за која се кандидира. Храбар потег, со оглед на фактот што не може да собира политички поени врз основа на идеолошката заднина на партијата за која формално е номиниран, а која е една од двете најподдржувани во Америка, и можеби чекор напред кон рушење на поларната хегемонија на Републиканската и Демократската Партија, кои немаат ништо ново да им понудат на народот - освен она познато статус кво, дека ќе работат во интерес на мултинационалните корпорации. Друга работа, кој ме тера да верувам дека и самиот тој верува и стои зад тоа што го зборува, е конзистентноста на неговите ставови низ целата негова (дооолга) политичка кариера(човекот има 73 години), за разлика од психопатката Клинтон, која нон стоп релативизира, и ги менува ставовите „како ќе дувне ветрот“, се' само заради собирање на политички поени. Околу надворешната политика, Сандерс беше категорично против нападите на Ирак, а Клинтон од друга страна, изгласа „за“ ( и подоцна самата призна дека згрешила во однос на тоа). Е сега, колку тој може да ја смени империјалистичката политика на земјата - не знам, оти супер овде, некој спомна дека претседателите се прилагодуваат на истата, а не обратно. И уште еден, можеби мал индикатор дека би работел во интерес на „средната класа“, е финансирањето на неговата претседателска кампања. Сандерс, за разлика од сите останати кандидати кои се финансирани од корпорации, ги одбива донациите од истите, и го лимитира износот на 250 долари од донација. Моментално просечна донација му е 33 долари.

Имаше една интересна шега која циркулираше низ интернетов, од Џими Фелон :D

"Ben & Jerry's ice cream wants to make a flavor inspired by Bernie Sanders. Whatever flavor it winds up being, we know Bernie will hate it for being too rich." –Jimmy Fallon
 
Чисто информативно, коефициентот Клинтонка да биде демократски кандидат за претседател е мизерни 1.20. Трамп да биде републикански кандидат е 2.02. Клинтон да биде претседател 1.93 а Трамп да биде новиот претседател 5.40.

Инаку, не се сеќавам кога последен пат настаните околу претседателските избори во Америка не се одвивале по коефициентите.
 
Убав коефициент има Трамп. Не дека е фаворит, ама има аутсајдерски шанси против Клинтон. Особено ако таа заглави во трката против Сендерс, а тој брзо ги собере првите држави.
 
Убав коефициент има Трамп. Не дека е фаворит, ама има аутсајдерски шанси против Клинтон. Особено ако таа заглави во трката против Сендерс, а тој брзо ги собере првите држави.

Предвидувањата велат дека во првите неколку држави трката ќе биде тесна, дури Сандерс е некаде фаворит. Сепак оние 1.2 се многу убедливи. Инаку, не ми е јасно како Трамп стигна да биде фаворит кај Републиканците.
 
Разликата помеѓу Клинтон и Сандерс денес е ептен тесна. Не знам колку се Републиканците спремни за тактичко гласање, ама со оглед на тоа дека денешните избори се semi-open caucus, доколку имаат спремна база, може да и направат многу проблеми на Хилари. :D

Трамп е првата реакционерна или неореакционерна опција што се појавува во САД. Затоа им е интересен. Дури и да не победи, отвора пат за движење кое сигурно ќе расте.
 
Трамп е првата реакционерна или неореакционерна опција што се појавува во САД. Затоа им е интересен. Дури и да не победи, отвора пат за движење кое сигурно ќе расте.

Го разбирам тоа, но очекував таа позиција да ја завземе некој друг од Републиканците. Во Трамп има нешто кловновско што мислам дека ќе го спречи да биде претседател.
 
Ако Трамп биде кандидат на републиканците, самите си го креираат поразот, малцинствата и црнците ќе гласаат за демократите во уште поголем број него ли кога гласаа за Обама, демографски веќе САД не одговара на кандидати како Трамп.
 
Предвидувањата велат дека во првите неколку држави трката ќе биде тесна, дури Сандерс е некаде фаворит. Сепак оние 1.2 се многу убедливи. Инаку, не ми е јасно како Трамп стигна да биде фаворит кај Републиканците.
Не забраај дека во Америка живее барем 100 милиони прос нарот. Републиканците редовно имаат моронско-популистички концепти во политичките кампањи и затоа се фаворити кај полу и неписмените, како и оние кои ги мрзи да мислат. Според акалот, софистицираноста и компетенциите, Трамп е мушка Сара Пејлин, или по нашки, Тања Каракамишева. Иако држи помаранџаста тапирана фризура, за многу Амери, Трамп изгледа попрецеднички од Берни Сандерс -- боље му стојат одела, има напраени зуби, и се понаша самоуверено ко демек све му е јасно. Ако дојде до битка меѓу Трамп и Сандерс, Трамп ги збира сите моронски гласои и ништо чудно да победи.
 
Трамп со ова ги примора републиканците да му дадат поддршка. Или подобро кажано им ја киднапира партијата.
 
Го разбирам тоа, но очекував таа позиција да ја завземе некој друг од Републиканците. Во Трамп има нешто кловновско што мислам дека ќе го спречи да биде претседател.

Velish Trump ima neshto klovnovsko...A shto ima ovoj psihopat na videovo.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom