Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Моментално Републиканците се проектирани на 226-227. Ако ова биде блиску до конечниот резултат, тоа е далеку под 235 кои ги добија Демократите во 2018, а пак да не зборуваме за 241те места кои Републиканците ги добија во 2010.
И на Фокс Њуз еве признаваат дека ова не е таков црвен бран како што се надевале да се повтори 1994та и 2010та.
Автоматски споено мислење:

Фокс Њуз и НБЦ го прогласија Фетерман за победник во Пенсилванија!

Келиен Конвеј моментално доживува мелтдаун на Фокс Њуз, лол.
 
Последно уредено:
фетерман го победил ОЗ, бог да чува и да брани, човекот почнува муабет со добра ноќ народе и не може да склопи граматички точна речениица.
Брендон постави нови стандарди. :unsure:
 
Океј избори за Републиканската партија, ништо посебно, да ќе го вратат Претставничкиот дом под своја контрола, но ќе имаат тенко мнозинство. Изборите за Сенатот се сеуште отворени. На крајот може се да се сведе, повторно, на Џорџија.

Имено, со овие резулати, Трамп не треба да се кандидира. Потфрли во и низа федерални држави, како Џорџија и Пенсилванија. Невада, Канзас, Алјаска и Аризона се сеуште отворени. Мислам дека треба да му остави простор на Десантис. Неговите политики резултираа со рекорден број на пререгистрирани демократи во републиканци. Има далеку поизгледни шанси од Трамп.

Посебно во Пенсилванија, иако Оз подлежеше на потсмев од целата либерална елита и машинеријата работеше против него, требаше да го победи имбецилот. Политиките му се ужасни, нема ни грам харизма, а притоа не може да формулира ни проста реченица. Дел од разликата во гласовите се направи со раното гласање, каде најголем дел од гласачите гласаа пред дебатата која му направи извесна штета на Фетерман. Имаше некое солидно водство од +10%, кое падна на 8%, а по дебатата се стопи на 1%. Но, дури и во таква состојба, за разлика од Хобс, човекот застана да дебатира. И да, треба да се напомене фактот дека во Пенсилванија има 500.000 повеќе регистрирани демократи отколку републиканци.
 
....имбецилот. Политиките му се ужасни, нема ни грам харизма, а притоа не може да формулира ни проста реченица.
Ова покажува две работи. Прво колку просечниот гласач е способен да одбере што е подобро за државата и за нацијата (читај, колку демократија е систем корисен за човештвото дури и во идеалното разбирање на поимот). Второ дека сегашниот естаблишмент од позади кулисите буквално може и имбецил да донесе на било каква позиција (не дека примерот на Брендон не беше доволен показател за тоа).
 

Meta, which owns Facebook, Instagram and WhatsApp, has announced that it will cut 13% of its workforce.
In total 11,000 employees are to be laid off from its worldwide headcount of 87,000 people.
 
Ги разгледав резултатите набрзина и евидентна е помалата излезност од претседателските избори, гледам некој слават што не изгубиле многу, ама мораме да напоменеме дека имаше драви каде што Трамп изгуби во промили, а огромен дел од гласовите беа по пошта.

Мене би ми било мило да победи некој републиканец на следните избори, мислам гледтката на ронење крокодилски солзи на прогресивците е неопишлива, журката организирана од америчката амбасада сабалето кога победи Трамп со погреб атмосфера е најдоброто нешто што сум го видел.
 
Џорџија ќе се прегласува.
И двата кандидати имаат освоенок помалку од половина од гласовите.
Со 40.000 гласови водеше демократот.

Моментално е 48 : 48 во сенатот, се бројат гласови во Аљаска, Невада и Аризона.
Мислам дека Аљаска и Невада одат за републиканците, а Аризона за жал нема да биде црвена долго време.

Интересно е дека во Аљаска битката се види меѓу 2 републиканки, од кои едната е подржувана од Трамп.
 
Во Аризона има околу 450.000 непробројани гласови, тоа се гласовите од денот на изборите каде, вообичаено, доминираат републиканците. Ако соодносот на гласови биде 60-40%, тогаш Аризона може повторно да стане црвена држава. Во овој момент Кели, демократот, води со 80.000 гласови. Лејк, од друга страна, има подобар перформанс од Мастерс, што значи дека не се гласа чисто по партиска линија. Се преферира еден кандидат пред друг, и тоа кај републиканското гласачко тело.

Во Невада, мислам дека се пребројани 80% од гласовите, републиканците водат со 20.000 главоси.

Во Џорџија ќе има специјални избори. Варнок има предност од некои 35.000 гласови, но ги немаше освоено потребните 50% од гласовите. Републиканците ги имаат гласовите, Кемп лесно победи, но повторно се преферира еден кандидат за гувернер, а друг, демократ, за сенатор. Вокер е одличен кандидат, прашањето е дали може да извлече дел од гласачите на Кемп.

Во Охајо, Венс лесно си победи, но ако се номинирање Џим Џордан републиканците немаа да имаат никакви главоболки. Мора да му се признае за храброста на Тим Рајан, не сакаше Џо да застане зад него и отворено изјави дека Џо не треба повторно да се кандидира за претседател.

Од друга страна, за Пенсилванија. Дали Мекормик ќе беше подобар кандидат, републиканскиот кандидат кој тесно загуби од Оз? Тешко е да се каже, но лесно е да се биде генерал после секоја, веќе, завршена битка. Оз, на денот на изборите, влезе со негатива од 500.000 гласови, најголемиот дел од регистрираните демократи гласаа пред дебатата. Навистина не знам кој со сиот здрав памет би гласал за Фетерман. Пред се пд политички аспект. Политиките му се ужасно ужасни.

И во Њу Хемпшир се пресликува сликата од Џорџија и Азирона, се гласа за еден гувернер, кој прелесно победи, а за друг сенатор. Иако републиканците туку и немаа изгледни шанси. Разликата беше преголема, немаше премногу финансии вложени во сенаторскара трка, колку што имаше во гувернерскара.

За мене најголеми изненадувања беа Пенсилванија и Канзас. Другото беше помалку или повеќе очекувано.

Кратка забелешка за дел од кандидатите на демократите. Победи Њусам, победи Витмер! Она имплементираше доста стриктни Ковид рестрикции, но затоа што спаѓа во елитата за која не важат пропишаните правила, ги прекрши. Со Фетерман, топ 3 најужасните кандидати на овие избори, не само кај демократите, туку општо.

Воедно, мислам дека доаѓа крајот на (конгресменската) политичката кариера на Пелоси. Се зборува дека може да стане амбасадор во Италија.
 
Џабе ги следите резултатите на интернет.... Ќе се утрврди победникот во оној момент кога ќе почнат да се бројат гласовите по пошта..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom