Тема за честитање на верски празници

  • Креатор на темата Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување Време на започнување
Преподобен Исаак Сирин
28 јануари (по стар стил)

Роден е во Ниневеја и во младоста се подвизуваше во Мар-Матејскиот манастир, близу Ниневеја. Кога се прочу со светоста на животот и со многубројните чуда, го избраа за епископ Ниневејски и го принудија да го прими тој висок чин.
Но, после пет месеци тој го остави епископството и тајно се повлече во оддалечениот манастир Раббан-Шабур.
Состави многубројни дела, од кои до нас дојдоа околу сто беседи за духовниот живот и подвижништвото, пишувани главно од сопствен опит.
 
Нека е за многу години денешниот празник Тодорова сабота, која ја одбележуваме во првата недела од Велигденскиот пост.
Нека браќа и сестри овој пост ви мине во мир и да ви биде за здравје и спасение.
 
За многу години Благовештение - Благовец
,,Ангелот и рече на Богородица: Радувај се, и пак и рече радувај се".
 
Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски
29 март (по стар стил)
За неговото страдање известуваат свети Григориј Богослов и блажениот Теодорит. Според тие извештаи Марко разурнал некој незнабожечки храм во времето на царот Константин и многумина ги превел во христијанската вера. Но, кога на царскиот престол седна Јулијан Отстапник, со отпаѓањето на овој цар од верата во Христа и некои аретуски граѓани се одрекоа од Христа и се вратија во незнабоштвото. Сега тие се кренаа на Марко затоа што им го разорил нивниот храм, па побараа или да им изгради храм или да им плати некоја поголема сума пари. Бидејќи старецот Марко се откажа да им направи како што бараа, го биеја, го навредуваа и го влечеа по улиците. Потоа со тенок и јак конец му ги одрежаа ушите, а потоа го разголеа и го намачкаа со мед, па го оставија врзан за едно дрво на летната жега за да го касаат осите, комарците и стршлените. Христовиот маченик претрпе сè без збор. Беше сосем стар, а лицето му светеше како на Господов ангел. Незнабошците ја спуштаа цената за својот храм сè пониско и на крајот му побараа на маченикот една сосем незначителна сума којашто тој лесно можеше да им ја плати, но свети Марко одби да даде и најситна паричка за таа цел. Неговата трпеливост направи огромен впечаток врз граѓаните и за ова почнаа да му се восхитуваат и да сочувствуваат со него и заради ова ја спуштија цената на својот храм речиси на нула, само за да остане жив. Најпосле го пуштија на слобода и еден по еден повторно сите примија од него поука и се вратија во Христовата вера. За слично дело во тоа време пострада и ѓаконот Кирил од градот Илиопол под гората Ливан. Тој беше разбил некои идоли за време на слободата на христијанството, и од Јулијан за ова беше луто мачен. Незнабошците беа толку озлобени на него, што кога го убија, со заби му ја распараа утробата. Истиот ден пострадаа со него и многумина други. Злобните незнабошци ги исекоа нивните тела на парчиња, ги помешаа со јачмен и им ги дадоа на свињите. Но, набрзо ги постигна казна: забите им испопаѓаа, а на усните им изби неподнослива смрдеа
 
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ
Христовото воскресение

(Мт 28,1-8; Лк 24,1-12; Јн 20,1-10)

1Штом мина саботата, Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и да Го помазаат Исус. 2И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето, 3па си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од гробната врата?“ 4И кога погледнаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем. 5Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија. 6А тој им рече: „Не плашете се! Вие Го барате Исус Назареецот, Распнатиот. Тој воскресна, не е овде! Еве го местото каде што Го положија. 7Но одете, кажете им на Неговите ученици и на Петар дека Тој пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.“ 8Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, зашто се плашеа.
 
Исусово јавување на учениците. Неверен Тома

"Вечерта, на истиот прв ден на седмицата,додека вратата, каде беа собрани учениците беше затворена поради страв од Јудеј-ците, Исус дојде, застана насреде и им рече:
- Мир вам
Откако го рече тоа им ги покажа рацете и ребрата. И учениците се зарадуваа кога го видоа.
Тогаш Исус пак им рече:
-Мир вам,како што ме прати Таткото и Јас ве праќам!

Кога им го кажа ова, дувна накај нив и им рече:
-Примете го Светиот Дух! На кои ќе им ги простите гревовите - простени им се; на кои ќе им ги задржите - задржани им се!

А Тома, наречен Близнак, еден од Дванаесетте, не беше со нив кога дојде Исус.Затоа другите ученици му рекоа:
-Го видовме Господа,
а тој им рече:
-Додека не ги видам раните од клинците на Неговите раце и не го ставам мојот прст во раните од клинците и не ја ставам мојата рака во неговите ребра, нема да поверувам.'

По осум дена, неговите ученици пак беа внатре, и Тома со нив. Додека вратата беше затворена, Исус дојде, застана на средина и им рече:
-'Мир вам!'
и потоа му рече на Тома:
-Испружи го твојот прст ваму и види ги моите раце; и испружи ја твојата рака, и стави ја во моите ребра; и не биди неверен - туку верен!
Тома одговори и му рече:
-Мој Господ и мој Бог!

Исус му рече:
-Поверува, зашто ме виде. Благословени се тие кои не виделе, а поверувале.

И многу други чуда направи Исус пред учениците, кои не се запишани во книгава;а овие се запишани, за да верувате дека Исус е Христос, Божји Син, и верувајќи да имате живот во негово име."

За многу години празникот

Христос Воскресна
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom