Да ве потсетам, христијани, денес ви е празник, познат во народот како Голема Богородица. Како што читам, голем празник за вас...
Нека барем денес ви бидат мислите поспокојни и во отсуство на злоба и омраза кон другите - барем за ден.
За душите, тоа што веќе сте го сториле, ќе си роди плод - нема бегање.
„Со голема радост таа ги виде Светите апостоли, ги охрабри, ги посоветува и ги утеши, и по ова мирно го предаде својот дух на Бога,
без никаква мака и телесна болест.
Апостолите го зедоа одарот со нејзиното тело, од коешто излегуваше благоухание и во придружба на мноштво христијани го пренесоа во Гетсиманската градина, во гробницата на светите Јоаким и Ана. По Божја Промисла поворката од злобните Евреи ја засолнуваше облак.
Некој еврејски свештеник Атониј, го дофати со рацете одарот со намера да го преврти, но во тој миг ангел Божји му ги отсече обете раце.
Тогаш тој повика кон апостолите за помош, а откако објави дека поверувал во Господа Исуса Христа, беше исцелен. Апостолот Тома повторно - по Божја Промисла – изостана, та на тој начин да се открие една нова и преславна тајна за Пресвета Богородица.
Третиот ден пристигна и тој, и посака да го целива телото на Пречистата Владичица.
Но, кога апостолите го отворија гробот, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше внатре.
Таа вечер им се јави на апостолите самата Пресвета Богородица опкружена со мноштво ангели и им рече:
„Радувајте се, ќе бидам со вас вовек“.
На која возраст се упокои Богородица не се знае точно, но преовладува мислењето дека на крајот од овоземниот живот имала повеќе од шеесет години.“
-
Денови