Тема за честитање на верски празници

  • Креатор на темата Daedalus
  • Време на започнување
Член од
9 јануари 2021
Мислења
956
Поени од реакции
973
Нека ни е за многу години рождеството на свети Јован Крстител - ИВАНДЕН
Ви посакувам среќа, здравје и љубов во вашите домови.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.424
Иванден

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.
Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети, говорел свети Јован додека го покрстувал народот.
Именден на 7 јули празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана..
Иванден е еден од најважните празници кај целиот словенски свет во кој се преплетуваат голем број обичаи и верувања од старата словенска митологија, со празнувањето на денот на раѓањето на св. Јован Крстител.
Во народната традиција овој празник е поврзан со летната солстиција, односно со периодот на долгодневницата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божик, денот поврзан со зимската солстиција, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празника ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред си со Сонцето. Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, исто така претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак, исто така, се остаток од старите словенски верувања.
Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло Сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.
Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бери папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.
Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иванден, коешто го ставаат на ковчезите со алиштата за да ги чува од молци.
Е. Спространов запишал дека во Охрид на Иванден ги ваделе рутишчата, ги распостилале по прозорците за да ги види сонцето и ги оставале да ветрејат.
И во зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека тој ден во Воден, треви лековити висет на дуќаните за да имает повеќе покупниции. За вакво вадење од ковчезите на најубавите облеки пишува и Кузман Шапкарев кој напоменува дека надвор ги чуваат до заоѓањето на сонцето за да не ги јадат молци.
Во Разлошко празникот се викал Ињовден. Спроти празникот се правел венец од бело и жолто ињовче (бела и жолта ајдучка трева), а на самиот празник, откако стоката ќе се вратела од паша венецот се ставал на роговите од кравата, која потоа се молзела. По тој обред се верувало дека кравата ќе има млеко во текот на целото лето. По молзењето венецот се симнувал од роговите на кравата и се закачувал на чардакот каде што останувал до следниот Ињовден.
Со празникот Иванден е поврзан и обичајот Тајане, што се изведувал во повеќе краишта на Македонија, но најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушовско. Имено вечерта спроти Иванден момчиња и девојки собирале билки со кои закитувале едно ѓумче и го полнеле со вода од три чешми. Едно од нив на возраст од 10-12 години го носело ѓумчето на глава и него го викале Тајанее, а другите момчиња и момичиња оделе околу него и му пееле пригодни песни. Утрото групата со Тајането одела по дуќаните, каде што, исто така, пееле песни и собирале подароци, од кои потоа правеле заедничка вечера.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Да ве потсетам, христијани, денес ви е празник, познат во народот како Голема Богородица. Како што читам, голем празник за вас...
Нека барем денес ви бидат мислите поспокојни и во отсуство на злоба и омраза кон другите - барем за ден.

За душите, тоа што веќе сте го сториле, ќе си роди плод - нема бегање.

„Со голема радост таа ги виде Светите апостоли, ги охрабри, ги посоветува и ги утеши, и по ова мирно го предаде својот дух на Бога,
без никаква мака и телесна болест.
Апостолите го зедоа одарот со нејзиното тело, од коешто излегуваше благоухание и во придружба на мноштво христијани го пренесоа во Гетсиманската градина, во гробницата на светите Јоаким и Ана. По Божја Промисла поворката од злобните Евреи ја засолнуваше облак.

Некој еврејски свештеник Атониј, го дофати со рацете одарот со намера да го преврти, но во тој миг ангел Божји му ги отсече обете раце.
Тогаш тој повика кон апостолите за помош, а откако објави дека поверувал во Господа Исуса Христа, беше исцелен. Апостолот Тома повторно - по Божја Промисла – изостана, та на тој начин да се открие една нова и преславна тајна за Пресвета Богородица.

Третиот ден пристигна и тој, и посака да го целива телото на Пречистата Владичица.
Но, кога апостолите го отворија гробот, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше внатре.
Таа вечер им се јави на апостолите самата Пресвета Богородица опкружена со мноштво ангели и им рече:
„Радувајте се, ќе бидам со вас вовек“.

На која возраст се упокои Богородица не се знае точно, но преовладува мислењето дека на крајот од овоземниот живот имала повеќе од шеесет години.“
- Денови
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Колку и да звучи како Богохулие овие празници се црквени донесени на некои нивни собори каде повеќе се бистри политика одколку вера..Не знам кај прочитав на некои места/религии повеќе и се молеле на Богородица за да ,,ургира" кај Исус Христос пошто имал ,,тврд карактер" и не попуштал во молитвите упатени према Него..Како и да е..
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.927
Поени од реакции
5.069
Колку и да звучи како Богохулие овие празници се црквени донесени на некои нивни собори каде повеќе се бистри политика одколку вера..Не знам кај прочитав на некои места/религии повеќе и се молеле на Богородица за да ,,ургира" кај Исус Христос пошто имал ,,тврд карактер" и не попуштал во молитвите упатени према Него..Како и да е..
Да, навистина, во Црквата одлуките се носат соборно, не поединечно.
А Мајката Божја, како и сите други Светии, се наши посредници пред Христа Бога. Бог не ни должи ништо, ние Му должиме па затоа нашите молитви, упатени до Христа, преку Светиите, ги сметаме за корисни и за услишани (од Бога). Дали сам Христос ќе „послуша„ и исполни тоа за што Го молиме, одлуката ќе биде само Негова.
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
956
Поени од реакции
973
ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ БИДИ ДЕНЕШНИОТ ПРАЗНИК - РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Нека Богородица ви биде заштитик на вас и на вашето семејство.
Со смирен дух и скрушено срце да и се молиме за здравје и спасение и на господ Исус Христос
И едно знаете, Македонија е единствена запишана земја од Европа во Библијата, прва земја што го примила Христијанството и треба да ја штитиме и чуваме нашата вера благочестиви Христијани - браќа и сестри мои. После другите земји го прифатиле христијанството. До што и да дојде, не се плашете, молете се и чувајте ја верата.
 

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
1.003
Поени од реакции
2.796
Со надеж во воскресение и живот вечен денеска, 25.11.2024 година, кога си спомнуваме за светиот Јован Милостив, пред Господа се претстави Високопреосвештениот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Се молиме на Господ Бог неговата душа да ја всели во место светло, место блажено, каде што нема никаква тага ниту воздишка, но живот бесконечен.

Вечен спомен Високопреосвештен свет владико!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom