Lord of the Rings трилогијата + Хобитот

  • Креатор на темата Креатор на темата Morbidnio
  • Време на започнување Време на започнување
Ја читам темава и глеам многу офтопик. Едно знам. Од многу просечни романи направиле одлични филмови. Од книгата се зема само основниот тек на приказната.

Потоа се се преработува. Филмската екипа е одговорна за сите детали на филмот.

Инаку филмовиве ги гледав пред неколку години, не се сеќавам добро. Ќе ги изгледам пак и тогаш ќе пишам овде уште нешто.
 
Господарот на Прстените, почнав да ја читам при крајот на претходното лето, стигнав до околу 100-та страна и прекинав затоа што почна учебната година, ова лето имав премногу лектири и дела за читање, па планирам зимскиов распуст да ја ги прочитам трите :smir:
 
Господарот на Прстените, почнав да ја читам при крајот на претходното лето, стигнав до околу 100-та страна и прекинав затоа што почна учебната година, ова лето имав премногу лектири и дела за читање, па планирам зимскиов распуст да ја ги прочитам трите :smir:

napravi go toa sinko...
 
Книгите ги има по библиотеките или треба да се купат?
 
Што подразбираш под митологија? Пошто самата приказна/свет/историја е еден вид на митологија??

Е сега како можеш да споредиш свет за кој детално е опишана историја од 1000 години , за кој се знаат целосни семејни дрва на поголемите кралеви па се до некои обични луѓе . Универзум во кој се опишани богови нивниот лик способности,креирање,историја опишани се растенија чудовишта до секој детал. Постојат мапи , граници на кралства , авантури битки. Постојат јазици кои сега можеш да седнеш да ги научиш да зборуваш. Огромен број на раси,нивните истории,креирање,падови , војни...Како тоа го спореди со Оз. Но морам да признам дека за Оз знам само од филмовите,цртаните, но се сомневам дека е споредливо со Арда.

За мене она што го креирал Толкин е една паралела на нашиот свет. Колку што сме ние документирале и памтиме за настаните приказните од овој свет , толку ако не и повеќе Толкин опишал за/во својот замислен свет.

А за луѓето кои го критикуваат филмот како неуспех или не знам што имам само едно да кажам :
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
Но тоа е само моето лично мислење. :smir::smir::smir:

Универзумот за ОЗти е над 50 книги (канонични, неканонични +). И во нив имаш се од историја на ОЗ до војни и авантури. Тоа е еден екстремног голем универзум. Сега како свет мора да се признае дека е децки сепак е наменет за помала публика и физичките закони често остапуваат од реалноста ама пак ќе речам наменет е за помала публика. А самиот свет е доста поимагитивен од оној од на ЛОР.
Што се однесува до јазикот ОЗ нема посебен јазик, но тоа и не е толку важно мислам земи денес секој втор писател има направено јазик + некои глумици како Мила Јовоич за петтиот елемент. Самиот Стар Трек универзум има еден куп јазици пласирано. Најдетален јазик кој реално не постои се знае кој е Клингонскиот.
А филмот мене ми се допадна таков е no brainеr со супер ефекти и феноменални битки., а јас сакам филмови од тој тип.
 
Некои работи во LOTR се многу слични со скандинавската митологија.
Добар филм а и книгите се уште подобри.
 
Најдобрата триологија на сите времиња!. Од приказна,глумење,ефекти,музика... се е фантастично!.
 
Дефинитивно најмногу сати на филм од животов ги имам поминато на Lord of the rings трилогијата.Во кино,на вхс ,на двд ,на тв можеби 48 сати имам потрошено ако не и повеќе :smir:

Некои работи во LOTR се многу слични со скандинавската митологија.
Добар филм а и книгите се уште подобри.

Инаку имињата што ги има давано Толкин се од повеќе раси.Луѓето имаат словенски имиња,елфовите од исланд мислам итнт
 
Го гледав третиот дел на А1 и можам да кажам дека тоа беа најдосадните саати во мојот живот. Без навреда, ама најглупиот филм шо го иам гледано е Lord of the Rings. Ми кажуваа дека е добар, дека е најдобар, но сепак мој фаворит е Матрикс трилогијата. Не постои подобар серијал од Матриксите. : )
 
Мојата омилена сцена, а верувам и една од најдобрите сцени воопшто во историјата на светската кинематографија...!

 
Било што да учам тешко ми е да го запамтам, ама затоа на LOTR пола реплики им ги знам:pipi:
Мене лично премногу ми се допаѓа филмот затоа што покажува, храброст, лојалност и пожртвуваност во борбата против злото, нешто што во реалноста, за жал, во никој случај не можеме да го најдеме.

Омилена сцена:
 
Дефинитивно еден од најдобрите филмови на сите времиња, според мене и најдобар.
Костимографијата, глумата, приказната, музика се така вкомпонирани што мислам дека ниеден филм мислам дека никогаш нема да биде надминат.

Незнам колку пати го имам гледано и секој пат ми е интересен.:smir:
 
ххахаххаха за овој филм имаше добар дијалог во филмот Clerks 2 за тоа како во првиот дел само одат ,во вториот исто само одат и во третиот стасуваат го фрлаат прстенот и како ништо да не било се враќаат за 15 мин назад :nesvest::nesvest::nesvest:
исто има и на you tube клипче како би било ако го изведеа нападот на поинаков начин :vozbud::vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom