FLiX напиша:
Pa me interesira samo sto e potrebno za upis odnosto sto baraat i kolku e skolarinata, oti na web stranata ne pisuva za toa.
Јас кога се запишував, странците не полагавме приемен. Школарината за Македонците (1400 евра) беше пониска од таа на другите, а повисока од таа на Бугарите.
Аплицираш во јули месец, значи тогаш завршуваат сите со испитите, т.е. сесијата.
Кога ќе одиш таму, ќе ти дадат како формулар, да си пополниш на кој факултет сакаш да се запишеш, од кај си, зошто сакаш да се запишеш баш на тоа и бла бла. Потоа ти се јавуваат на телефон и те известуваат со писмо дали си примен или не.
Потребни документи:
1. Копија од дипломата од средно.
2. Копии од свидетелствата.
3. Лекарско уверение, да не е постаро од 1 месец.
4. Две фотографии со големина како за пасош.
5. Копија од првата страна на пасошот.
Значи, се` копии. Оригиналите не им требаат.
Е сега, ова со визите не знам како оди, бидејќи кога се запишав јас беше поинаку.
Првите две години, меѓу воведувачките курсеви во областа на избраната програма, засилен е акцентот, се обрнува доста внимание на изучување странски јазици, компјутери (основно) и спорт. Е веќе преку третата и четвртата година се вриши првиот степен на специјализација во дадена професионална област.
Не знам дали сега е сменето нешто, бидејќи не сум таму. Ама ако те интересира било што друго, прашај си, па тоа што знам ќе ти одговорам.
Уште нешто. Школарината можевме да ја плаќаме наеднаш или на две рати. Се плаќа крај на септември, тогаш кога ќе запишеш година, кога ќе го запишеш всушност семестарот и ќе добиеш лист со шифри за предметите.