Најголем ризик е ништо да не ризикуваш

  • Креатор на темата Креатор на темата wannaknowyourname
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 септември 2014
Мислења
3
Поени од реакции
1
Возраст
29
Мотото на големите претприемачи "Најголем ризик е ништо да не ризикуваш" .... Сега дали тоа важи и за нас во Македонија незнам. Читајќи ги постовите за започнување на бизнис или било каква деловна активност, па и од пракса гледам дека сите велат Немој ке те "изеде" конкуренција, ке те затвори инспекција, не се доволни парите и сл. Што мислите за мотото? Да се ризикува или не ?
 
Ако имаш 15-20кевра вишок се исплати да ризикуваш додека имаш кеш,после тоа ќе кукаш дека нема работа има голема конкуренција и не можеш да поминеш од месец до месец
 
Мотото на големите претприемачи "Најголем ризик е ништо да не ризикуваш" .... Сега дали тоа важи и за нас во Македонија незнам. Читајќи ги постовите за започнување на бизнис или било каква деловна активност, па и од пракса гледам дека сите велат Немој ке те "изеде" конкуренција, ке те затвори инспекција, не се доволни парите и сл. Што мислите за мотото? Да се ризикува или не ?
Тоа никој не може да ти каже друже, затоа и самиот термин е ризик. Во глобала прашањево е повеќе филозовски некако поставено.

Јас би го го преформулирал прашањето од дали вреди да се ризикува во :
„Дали си задоволен со просечност?“

Доколку си нема потреба да ризикуваш, доколку сакаш нешто повеќе од животот и мислиш дека некогаш ќе се каеш за нешто што не си направил додека си имал можност тогаш дилемата е разјаснета.

П.С Реалноста во Македонија е таква каква што е и нема во скоро време да се промени.
 
Сега дали тоа важи и за нас во Македонија незнам.
П.С Реалноста во Македонија е таква каква што е и нема во скоро време да се промени.

Ако се одлучш да бидеш просечен т.е. да не ризикуваш ќе бидеш еднакво просечен и во Македонија и во Америка, Шведска или Швајцарија.
 
Едни од најголемите компании започнале со буџет од пет-шест илјади евра.Значи малце или многу не е битно.Битно е да почнеш,а дали ќе имаш кеш за шлепер или за количка роба,мање више.Газдата на Хербалајф почнал шиткаќи од гепек,Владо од Тинекс на времето шиткаше тенџериња итн.
Одличен пример за мене лично е еден типац кој денес ја има најголемата компанија за помфрит.Бил бездомник.Живеел, под мост,немал леб да јаде ама имал кликер.Поземил парички,пуштил неколку огласи низ цела УСА за такмичење на најголем компир,и ставил награда од неколку илјади долари.За некоја недела имал собрано незнам колку тони компир од цела УСА,иде ги шитка компирите,и нормално,кој пратил најголем компир му ја исплатил наградата,плус му останал кеш за бизнис.

Патем конкуренцијата ти е најдобра работа банка до банка отвара,мобилилара до мобилара,маркет до маркет.Ни тинекс не го изеде веро,ни комерцијална стопанска,па ни ресторан Пелистер не го изеде Џино.Сите работат,кој поналце кој повеќе.Каде има конкуренција има пари,затоа отвараат до нив да им лапнат од колачот.
 
Ако имаш планирано одредена сум за да вложуваш во бизнис, зошто не би ја вложил. Ако не ризикуваш/вложуваш никогаш нема да знаеш дали ќе успееш или никогаш нема да успееш.

Секогаш има можност за загуба, но со добра реклама на својот бизнис и добра осмислена стратегија на бизнисот и секако со малку среќа, ќе успееш:)
 
Ако се одлучш да бидеш просечен т.е. да не ризикуваш ќе бидеш еднакво просечен и во Македонија и во Америка, Шведска или Швајцарија.
Ух колку би сакал да бидам просечен во Швајцарија.
 
Ако се одлучш да бидеш просечен т.е. да не ризикуваш ќе бидеш еднакво просечен и во Македонија и во Америка, Шведска или Швајцарија.
Тоа да само би го додал она сите сме еднакви само некои се „повеќе еднакви од другите“. Ако збориме конкретно за финансикиот аспект малку глупаво е да споредуваш просечен Македонец со било кој од финансиски развиените држави посебно Шведска или Швајцарија кои се на врвот по скоро сите показатели за добар живот. Просечен Швеѓанец или Швајцарец ужива еден куп благодети за кои просечниот Македонец може само да сонува. Да не должам, во тие земји лесно е да имаш достоинствен живот со еве да го наречеме просечен труд додека во МК треба да си средно-висока класа за да не се замараш со работи од типот дали треба да земам кредит за да ги платам сметките на 1-ви.
 
Преземање финансиски ризици со цел да се дојде до поголема заработка? Супер, ако имате поим што правите, што многу се разликува од тоа да мислите дека имате поим што правите. Оваа разлика станува многу поочигледна откако ќе се заврши со ризиците и ќе се согледа крајниот резултат.

За жал, досегашниов развој на човештвото покажал дека бројот на оние што мислат дека знаат што прават е неспоредливо поголем од оние што знаат што прават (во случајов се работи за правење пари), па затоа имаме мал број милијардери и милионери и еден куп очајници што продале бубрег оти мислеле дека вреди да се ризикува и да се инвестира во биртија, мини маркет или каков било дуќан сместен во адаптирана гаража склепана пред пред да се роди Киро Глигоров, со намера потоа да го „шират“ бизнисот.

Во Македонија, на Балканов, па и пошироко, најчесто успехот се должи на разно-разни политички, роднински и другииспреплетени врски, ортоми и кабли, а многу помалку е поврзан со генијалци кои со вредна работа, со многу мака и пот заработиле доволно пари да си ја накриват капата.
 
Дедо ми ризикувал, татко ми продолжил и се исплатело.
Така да сите кои се спремни на ризик за инвестиција, нека не се мислат нека почнат.
 
Преземање финансиски ризици со цел да се дојде до поголема заработка? Супер, ако имате поим што правите, што многу се разликува од тоа да мислите дека имате поим што правите. Оваа разлика станува многу поочигледна откако ќе се заврши со ризиците и ќе се согледа крајниот резултат.

За жал, досегашниов развој на човештвото покажал дека бројот на оние што мислат дека знаат што прават е неспоредливо поголем од оние што знаат што прават (во случајов се работи за правење пари), па затоа имаме мал број милијардери и милионери и еден куп очајници што продале бубрег оти мислеле дека вреди да се ризикува и да се инвестира во биртија, мини маркет или каков било дуќан сместен во адаптирана гаража склепана пред пред да се роди Киро Глигоров, со намера потоа да го „шират“ бизнисот.

Во Македонија, на Балканов, па и пошироко, најчесто успехот се должи на разно-разни политички, роднински и другииспреплетени врски, ортоми и кабли, а многу помалку е поврзан со генијалци кои со вредна работа, со многу мака и пот заработиле доволно пари да си ја накриват капата.
Јас би го додал овој цитат од легендарниот Ворен Бафет
Risk comes from not knowing what you're doing.
Warren Buffett
 
, мини маркет или каков било дуќан сместен во адаптирана гаража склепана пред пред да се роди Киро Глигоров, со намера потоа да го „шират“ бизнисот..

Пред 39 години во Калифорнија двајца лудаци створија компанија во адаптирана гаража.

Во 2012 година беше прогласена за највредна и најпрофитабилна компанија во цел свет. Моментално има запослено 98.000 луѓе, вредноста и е 700 милијарди долари, а се очекува во наредните 12 месеци да достигне вредност од 1 трилион долари. Ме мрзи да бројам со колку нули се пишува цифрава. :D
 
Последно уредено:
Едни од најголемите компании започнале со буџет од пет-шест илјади евра.Значи малце или многу не е битно.Битно е да почнеш,а дали ќе имаш кеш за шлепер или за количка роба,мање више.Газдата на Хербалајф почнал шиткаќи од гепек,Владо од Тинекс на времето шиткаше тенџериња итн.
Одличен пример за мене лично е еден типац кој денес ја има најголемата компанија за помфрит.Бил бездомник.Живеел, под мост,немал леб да јаде ама имал кликер.Поземил парички,пуштил неколку огласи низ цела УСА за такмичење на најголем компир,и ставил награда од неколку илјади долари.За некоја недела имал собрано незнам колку тони компир од цела УСА,иде ги шитка компирите,и нормално,кој пратил најголем компир му ја исплатил наградата,плус му останал кеш за бизнис.

Патем конкуренцијата ти е најдобра работа банка до банка отвара,мобилилара до мобилара,маркет до маркет.Ни тинекс не го изеде веро,ни комерцијална стопанска,па ни ресторан Пелистер не го изеде Џино.Сите работат,кој поналце кој повеќе.Каде има конкуренција има пари,затоа отвараат до нив да им лапнат од колачот.

Кој му позајмува пари на бездомник во Америка?

Туку во Америка најјаки бизниси што ги имам прочитано се:

1. Мејлови со порака пушти 5 долари да ти кажам бизнис
2. Акција за собирање по еден долар за крај на светот (помина долго споменуваниот датум, а ние преживеавме)
3. Собирал по еден долар за подобро место во рајот

Овие станаа милионери.

Истово има примена кај нас само во делот:

- пушти 100 ден ќе ти кажам дојава за 30 коефициент
- вадам виза за Австралија и Америка
- работа за Германија ваше е само да уплатите 2000 денари и апсолутно без никакви квалификации имате работа

Овие избегаа од државата или се во затвор, а оние со дојавите незнам сега како им цути бизнисот.

Ако ги замениме точките и државите они нас ни се смеат, ние нив. Секој со свои потреби.
 
Пред 39 години во Калифорнија двајца лудаци створија компанија во адаптирана гаража.

Во 2012 година беше прогласена за највредна и најпрофитабилна компанија во цел свет. Моментално има запослено 98.000 луѓе, вредноста и е 700 милијарди долари, а се очекува во наредните 12 месеци да достигне вредност од 1 трилион долари. Ме мрзи да бројам со колку нули се пишува цифрава. :D
Имам читано нешто како и самиот Џобс вика дека не била така приказната не било гаража и незнам уште што. Во глобала многу од овие приказни се и маркетинг али суштината е таа дека ако не ризикувале најверојатно немало толкав успех да имаат или сеуште ќе работеле во IBM или нешто слично, но ќе биле далеку од статусот на легенди.

Реално никој не може да ти каже сигурен пат, да имаше такво нешто сите ќе бевме успешни. Според мене ако имаш некоја пасија вреди да инвестираш во тоа па макар и не би успеал.
 
аууу која малодушност на млад свет...:)
-прво, ако не знаеш што треба да правиш најдобро е да не правиш ништо , во спротивно шансата за заеб е неприфатливо висока.
-второ, ако знаш што сакаш и знаеш како да дојдеш до тоа саканото, тогаш сигурно знаеш , а и ќе можеш да го искалкулираш ризикот. Ако е во прифатливите рамки..што се дефинираат со виша сила, ризикуваш, ако не е.. тогаш добар даље до следна можност или идеа.
-најлошо е што тие следни идеи кај нас се вртат во доменот бегање...што има и здрава логика , бидејќи секој секогаш, што е природна појава... го одбира најлесниот пат.
Разликата е само во тоа што она што е тешко за некого е лесно за друг, па тоа е и всушност решение на дилемата за која муабетите..;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom