Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледаме го Џокеро. Баму стопанката, добро филмче.
Изведбата на Хоакин Феникс е неверојатна. Може е ствар на вкусови, ја сакав да има некој понепредвидлива приказна, некој интересен контраспин. Нека помине некое време ќе дадам опис во филмови подетално кај мислам дека потфрли филмов, иако го препорачувам да го изгледате, а ако не му се дава пари на некој си гледа торенти, нема да изгуби ништо и ако не го изгледа у кино.
Успат, шо е со звуков во синеплекс бе, оглувев 30 посто од филмов.
 
Еххх.:(...ја гледам молчејќи..ја погалив по глава, ја гушнав неколкупати...не ме ни почувствува знам..:place:
Солзи лиеше како од водопад..да, срцето ми се кинеше, сепак сме другарки од деца, сите тајни си ги знаевме...но, во една прилика кога се мачав со депресија и имав напади на страв дека ќе умрам, она ми се смееше и ме тешеше со зборовите - Леле, ама си улава, е што се плашиш па толку, мртов човек ништо не осеќа!:facepalm:
Вауууууу...ете, пишувам и језа ме облева исто како тој ден кога ми ги плесна у фаца овие зборови на мојата тогаш болна душа:(
Па што лиеш солзи сега бе пријателке стара, сега откако ти дијагностицираа карцином на дојка и треба итно да се оперираш...е што да ти кажам сега...па нели не се плашеше од смртта??

:(
Уфф..зашто луѓево темата за смрт ја прескокнуваат, зошто се обиколува цело време, ја избегнуваме таа дискусија..демек, абе ајде нешто повесело да моабетиме??
Абе аман, сакам да збориме за неа,исто како баба ми што говореше...Деца, кога ке умрам да знаете, еве тука имам нов долен веш, оваа сукња, оваа блуза..ако е зима, сакам со овие кондури нови, а ако умрам во лето, сакам да ми ги обуете овие сандали, нови се и тие, еднаш за на свадба само ги облеков.
Гроб знаете кој е, таму кај дедо ви исто..вака да биде, онака да правите....

А јас да спомнам нешто вакво, тогаш одма децава рипаат, тогаш им се моча, тогаш им се јаде...замавнуваат со рака......

а јас само сакам и таа тема за смртта да биде нормална дискусија како и за животот:(
 
ДК,
секогаш ги читам постовите во виртуелниот дневник, како да ѕиркам низ прозорци во туѓи куќи... И секогаш ми прелетува низ глава добриот стар Хемингвеј: сите среќни семејства наликуваат едни на други, секоја несреќна породица несреќна е на свој начин..
Тага, среќа, еуфорија, меланхолија, надежи и стравови...
Јас како нем набљудувач и статист со цигара и кафе...
 
Денес е меѓународен ден на менталното здравје. Мал дел од луѓето на Балканот знаат дека воопшто постои ден посветен на менталното здравје. Ама менталитет е тоа за жал, тешко се менува таков ментален склоп. Во општество каде што уште од мал те учат дека ако си машко, не треба да плачеш како девојче туку треба да бидеш силен. Сосема погрешен начин на воспитување. Тоа да молчиш за проблемите кои ги имаш и да голташ кнедли , само затоа што си машко и треба да држиш во себе за да не испаднеш слаб не е добро за менталното здравје. Тоа може да не претвори во личности кои се несигурни и личности кои се уништиле самите себе и својот живот.
 
Мој омилен момент од историјата на нашата земја беше кога на ЕвроБаскетот во 2011 Владо Илиев даде тројка против грчката покраина Северна Македонија, а после мечот прослави во интервју со албанскиот новинар Igorxhe велејќи "Aз обичам блгарскијот народ", зборови кои одекнаа низ целиот Балкан - дури и низ градовите на Република Бугарија како Софија, Варна, Струмица, а секако за ова се збореше и во Република Албанија каде што многу тетовчани беа задоволни за успехот на нивната соседна земја. Дефинитивно хеленската историја е интересна за учење.
 
Регион Македонија ..... Има Српска Бановина,Западна Бугарија,Албанија Домовина, Северна Македонија,Прешевска Долина,Егејска Македонија,Вардарска,Пиринска Македонија и Македонија/Тракија .....Па јеботе дајте Конфедерација на Македонски Држави ....Нема тоа такво Република Македонија .... :LOL:
 
живееле у Куба и сакале да влезат у Македонија, чисто ради тоа што сакале да влезат овде, би ги тепал
(знам дека транзит им била идејата, али ипак некој да сака да влезе овде - би го тепал, зашто е глуп)

 
Чисто за потсетување, настаните во филмот "Збогум на 20-тиот век" се случуваат во 2019.


Да си знаете дека е сосема socially acceptable вака да почнете да се облекувате:

1570892252040.png

1570892277275.png
 
Бидејќи Змејчо пиша колку се смотани нашиве МВР,ќе допишам и ја случка сведок.Во Влае,кај Баду Бар,понекад има полиција која стопира и чекира .Познат бозо од кај нас во Ѓорче со бело ламборџини кој сите го знаат беше.Полицијава со стоп знак му вика забави и тргни се за проверка.Овој Ламборџинистот бидејќи општо е познато дека е малолетник и го вози на тато и чичо количето и го пуштаат сегде зошто знаат од која фамилија е,убрзува и ги заобиколува и игнорира.Како горе на видеото,Енглезиве го бркаат ....А нашиве,забуљени глави полицајци преќутуваат збунето и застануваат следниот, еден вепар со кола,кој сум јас и го казнуваат за заборавена возачка у момент .....:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom