Средношколски протести

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.943
Поени од реакции
4.470
Локација
Струмица
Смешно (повеќе оди кон жално), но вистинито. Струмичките матуранти протестираат затоа што математиката била задолжителна на матурата! Треба да се засрамат, ако се тие толку добри ученици и се паметни како што се претставуваат ваљда се способни да научат и математика за матура. Секако не е лесно, но со малку повеќе труд, се' бидува.

Средното го завршив во Словенија каде што математиката е еден од 5-те предмети што се полагаат на матурата - зборам за општа матура. Па никој нит се жалеше нит протестираше. Имаше деца што 3-4 пати полагаат ама никој не се жалеше за тоа што математиката била задолжителна.

Ова е претеризам. За се' нешто по некој протест. Ова според мене е една од правилните одлуки на МОН.

Ваш коментар за овој дебилизам (според мене!)?
 
Ги оправдувам, не секој му оди математиката, потребно е да се избираат предмети што ќе се полагаат, може после средно некој да сака да се запише на факултет на кој што нема математика, а со ова е приморан да се замара, не дека ќе му користат тоа глупостите наречени "математика".
Нека протесираат, имаат право на тоа, конечно да сфатиме дека имаме и таква опција протест за која што беше заборавена, море нека се протестира за се.
 
Ја мислам бев последна генерација од средниве што не ги фати матурава, може и претпоследна, не сум сигурен. Како и да е, у прва средно професорката ни даде 200 задачи да решаваме преку зимскиот распуст (ќе речев преоден рок :D ). Ја поштено си ги решив сите, али некои не ми биле добро решени, т.е на погрешен начин, па коа ги проверуваше мислеше дека сум ги препишал од некој друг што ги решил набрзинка, и ми намали оценка за инат. Од тогаш реков дека никад нема да седнам да учам математика, и го исполнив тоа, си завршив сите години со тројка (за кец бев, али систем на образование во македонија ftw). Да ме фатеше ова со матурава мене, сигурно ќе протестирав од овие причини. Нека си протестираат децата, демократска работа :D
 
Не го сфаќам тоа „не ми оди математика“. Математиката не „оди“ туку се вежба и се сфаќа. Никој не е толку глуп за да не може да положи математика на матура.

И покрај трите реченици погоре, го поддржувам отпорот против математиката како задолжителен предмет за државна матура. Нема потреба математиката задолжително да се полага зошто не секој ќе има потреба од нејзе во натамошното образование.
Пример мене ми идело математика, ама зошто да морам да се замарам со математика за матура ако не ми треба тоа за на факултет ?
Е сеа друга работа е што после 10 години протест free период, наеднаш имаме протести секој втор ден, ама па од друга страна од протести никогаш доста...
 
Математиката е специфичен предмет, не секој може да ја разбере и свати. Имаше примери додека јас учев каде што одлични ученици со сите петки во дневниците добиваа слаби оценки на тестови по математика. Најдобро ќе биде да си остават како што беше, немора да е задолжително, кој сака да го полага тој предмет, нека го избере, немора со сила да им се наметнува на учениците
 
Како прво, не е поентата дали некој не може или може да научи, дали е доволно глуп или не .. Работата е што и тој минимален избор од 2 предмета сега више го нема, од 4 предмети се бира 1 интерен ..

Не знам зашто мора секогаш да се наметнува нешто, посебно предметот математика, па ја сум сигурен дека кај мене у генерација 60% ке паднат пошо врска немаат, демек се прават реформи а ни самите не знаат зашто ги прават .. Зашто да е задолжителна? Може ли некој од тука да ми одговори, за која цел ?
 
Лесно е ако има кој да ти објасни. И јас во основно хејтав математика ама во средно ми се погодија добри професори и на таков факс заминав. Ама случајон со Рики ја отсликува професионалноста во Македонија, разбирам како лесно може да се исфрустрира некој.
 
Сериозно и мене не ми оди математика, но одам кај човек кој знае добро да објасни и има јаки нерви. :D
 
Или учам јазик што ке ми е математика да треба за тие на финки што сакаат да одат а не сите али македонија е ова :D мора да се учи се добар антички македонец мора да знае математика :D
 
Молам некој да ми објасни. Ете сакам да идам на правен, за кој qурац во животов ми е потребна математикава?
За коа ќе дипломираш да можеш на каса у веро да пресметаш колку кусур да му вратиш на клиентот без да ти го каже тоа компјутерот.

Мислам дека треба да го сменат протестот и наместо матура да се бара приемен на факултет, па таму полагај она што ти треба за на факултетот а не она што ти го налага некој од фотеља. Еве на пример јас завршив средно економско а полагав напредно ниво математика ама полагав зашто знаев дека ќе ми треба за на факултет зашто однапред знаев дека нема да идам на економски.
Тоа е и проблемот со средношколците што се тепаат да одат сите на економски или правен и покрај тоа што гледаат дека ситуацијата во државава за тие кадри е безизлезна ама они се упорни зашто важат за полесни факултети. А на сметка на тоа оние што се барани како машинци, технолози, биолози и други мн постручни насоки остануваат празни и покрај тоа што постојано има работа за нив.
 
Молам некој да ми објасни. Ете сакам да идам на правен, за кој qурац во животов ми е потребна математикава?
За да знаеш да си го изброиш кусурот утре.

Математика е задолжителна и задолжителна треба да биде.
Исто како што треба да знаеш да збориш македноски треба да знаеш и основни математички работи.

А за нивото на кое се тестира математиката е друг муабетот.
Според мене не треба да се укине математика на матура (за не технички, информатички или природно математички факултети) туку само да се олесни, ама основата мора да се положи. А не утре да имам комшии шо не знаат да извадат 20% од 500 без дигитрон.
 
И собирачите на старо железо знаат да пресметат кусур.

Молам некој да ми објасни. Ете сакам да идам на правен, за кој qурац во животов ми е потребна математикава?
За пресметка мито и корупција (ако планираш да работиш овде).
 
Добро да е задолжителен, вештините во полето математика се одличен показател и индикатор за способностите и подготовката на ученикот, ама за оваа генерација која доправа ќе тргнат првачиња и тоа под услов во текот на целокупното образование од прво одделение до четврта година сите ученици да бидат под шеширот на унифицирана програма на математичко образование.

Едноставно не може различни наставни програми и концепти, прво и во самото гимназиско оразование, па особено огромните разлики помеѓу гимназиското и средното стручно, да бидат подложени на исти аршини. Прво има голема разлика во пристапот на предметот, во некои средни стручни математиката е периферен предмет, додека во гимназиското и некои други стручни е централен.

Како може со таква поставеност да се очекува крајниот исход да биде објективен за подготвеноста на ученици кои на почетокот имале различна шанса да се здобијат со знаења и тоа не била нивна вина?
 
Јас кога полагав, се полагаа 2 задолжителни.Едниот беше Македонски, а другиот избор помеѓу јазик(Англиски во мојот случај) и Математика.

Сега Математиката е задолжителна како Македонски Јазик, или јас лошо разбрав. Ако е така,треба да си се врати како до пред некоја година, а зошто објаснето е погоре.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom