Епа друже ако јенките толку многу бегале, имале загуби, како тогаш се империја, како имаат влијание, информации, природните ресурси се во рацете на нивните "бизнисмени"... тука нели кажуваат дека поради моќта на пендракот доларот бил бр.1 валута.
Го имаш пропуштено делот каде неколку моќници кажуваат за планот одвнатре да се сјебат САД, за да се намали влијанието и моќта. Не го земаш во предвид влијанието врз светската економија, чии цели се остваруваат со ова намерно дозволување на Хутите демек ради Палестинците ова го прават.
Едно е против Русија или Кина, ама против Хутите демек не можеле, тоа исто ко да кажеш Косоварите партали би ја направиле некоја од помоќните европски држави.
Е па ете ти, со истите тие влијанија, информации и туѓи природни ресурси под нивна контрола, јенките со наведнати глави и подвиткани опашки си заминаа од Виетнам и од Авганистан. Тоа ти е одличен пример дека силата не секогаш и не секаде игра клучна улога во победа или пораз кога се бориш против домашен противник кој далеку подобро го познава теренот.
Имаат влијание, информации и туѓи природни ресурси под нивна контрола, но тоа не значи дека така ќе остане на долг рок, а не па на неограничен рок.
Историски сите поголеми светски сили и империи се распаднале претежно одвнатре, во време кога тоа најмалку се очекувало и на начини на кои тоа најмалку се очекувало.
И исто така историски сите поголеми светски сили и империи ги научиле ваквите горчливи лекции на потешкиот можен начин - врз сопствена кожа: Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Португалија, Советскиот Сојуз, а еве сега редот им е дојден на САД.
Тоа не значи дека САД ќе се распаднат, туку дека нивната сила и моќ низ светот ќе се намалат.
А што ќе дојде, односно кои ќе дојдат после нив е проблем на целото човештво, а не само на јенките.
Еве ако гледаш од македонска гледна точка, после распаѓањето на Византиска Империја доаѓа Османлиска Империја која е далеку побетер окупатор на Балканот во споредба со Византијците. На почетокот на втората деценија на 20-от век Отоманската Империја се повлекува од Македонија - последното упориште на Турците на Балканот, откако претрпува одлучувачки порази во Првата балканска војна, а на местото на Турците во поделената Македонија доаѓаат Србите, балканските татари и гејците, кои прво се тепаат меѓусебно во Втората балканска војна, а потоа присилно регрутираат Македонци во своите борбени редови за да гинат во Првата Светска Војна. Од тука и Првата Светска Војна кај Македонците е позната како братоубиствена војна бидејќи буквално се убивале Македонци од српската војска против Македонци од татарската војска против Македонци од гејската војска.
Но сето тоа е последица на неконтролираната алчност и незаситеност на поголемите, поразвиените и побогатите држави, бидеји колку поголеми, поразвиени и побогати стануваат, толку поалчни и поненаситни стануваат, а тоа ги води во политики на вечни крвопролевања кои можат да завршат или само со тотална светска доминација која фала му на Бога никогаш не станала реалност, или со распаѓање на светската сила/империјата.
Пример за ова ти се Шпанците за кои домородците во средна и јужна Америка велеле дека боледуваат од златна болест - гладни и жедни се за злато и колку повеќе злато украдат од домородците, уште повеќе сакаат да украдат.
Останатото е веќе позната историја обликувана од државите формирани од поразите кои Шпанците ги претрпеле низ средна и јужна Америка, а кои резултирале со повлекување на Шпанците од американските континенти: Мексико, Гватемала, Костарика, Никарагва, Панама, Колумбија, Венецуела, Еквадор и бројни други кои ги испратиле Шпанците со наведнати глави и подвиткани опашки надвор од американските континенти, исто како што и Виетнамците и Авганистанците ги испратија јенките надвор од Виетнам и Авганистан со наведнати глави и подвиткани опашки.