Воена инвазија врз Јемен - кој е следен?

  • Креатор на темата Креатор на темата Gags
  • Време на започнување Време на започнување
Баш зашто знаат дека не се добредојдени, ем поевтино им е, ем народ помирен кога ќе поставиш јаничари. Во Македониа, нема америчка војска, ама ете повеќето велат дека Калето диктира. Нормално има дел што имслат дека дпне и левица се фалангата.

Во Авганистан од кај знаеш што им биле целите и дали се остварени...:toe:

Точно, не знаеме кои им биле целите и дали ги оствариле истите, единствено знаеме дека бегаа како глувци од изгладнета мачка, како од Виетнам, така и од Авганистан.

Јемен секако дека може да биде поинаква приказна, можеби никогаш нема ни да заминат живи од таму доколку одлучат да продолжат со понатамошни ескалации.

А да споредуваме еден северенфиромистан со еден Авганистан или Виетнам е крајно несериозно. Македонците не знаат што е тоа борба за опстанок и борба за слобода и самостојност, имаат само музеи, споменици, историчари и се разбира политичари кои слават одредени историски личности и историски настани, а и самите Македонци појма немаат какво значење имаат истите тие историски личности и историски настани, и какви жртви дале за Македонија и за Македонците.

Единствена утеха на неписмените Македонци може да им биде фактот дека речиси подеднакво неписмени како нив - ако не и повеќе неписмени - се и денешните Британци, американци, шваби, Италијанци и сите останати народи кои воопшто не ги ставаат под знак прашалник политиките на нивните влади, почнувајќи од имигрантските политики.

Од друга страна Авганистанците и Виетнамците поинаку гледаат на работите: кога непоканети туѓинци ти доаѓаат во твој дом за да ти диктираат како треба да си го живееш твојот живот, изборот е едноставен - потчини им се на непоканетите туѓинци или отстрани ги од твојот дом или загини борејќи се за да ги отстраниш од твојот дом.
 
Последно уредено:
Точно, не знаеме кои им биле целите и дали ги оствариле истите, единствено знаеме дека бегаа како глувци од изгладнета мачка, како од Виетнам, така и од Авганистан

Епа друже ако јенките толку многу бегале, имале загуби, како тогаш се империја, како имаат влијание, информации, природните ресурси се во рацете на нивните "бизнисмени"... тука нели кажуваат дека поради моќта на пендракот доларот бил бр.1 валута.

Го имаш пропуштено делот каде неколку моќници кажуваат за планот одвнатре да се сјебат САД, за да се намали влијанието и моќта. Не го земаш во предвид влијанието врз светската економија, чии цели се остваруваат со ова намерно дозволување на Хутите демек ради Палестинците ова го прават.
Едно е против Русија или Кина, ама против Хутите демек не можеле, тоа исто ко да кажеш Косоварите партали би ја направиле некоја од помоќните европски држави.
 
Епа друже ако јенките толку многу бегале, имале загуби, како тогаш се империја, како имаат влијание, информации, природните ресурси се во рацете на нивните "бизнисмени"... тука нели кажуваат дека поради моќта на пендракот доларот бил бр.1 валута.

Го имаш пропуштено делот каде неколку моќници кажуваат за планот одвнатре да се сјебат САД, за да се намали влијанието и моќта. Не го земаш во предвид влијанието врз светската економија, чии цели се остваруваат со ова намерно дозволување на Хутите демек ради Палестинците ова го прават.

Едно е против Русија или Кина, ама против Хутите демек не можеле, тоа исто ко да кажеш Косоварите партали би ја направиле некоја од помоќните европски држави.

Е па ете ти, со истите тие влијанија, информации и туѓи природни ресурси под нивна контрола, јенките со наведнати глави и подвиткани опашки си заминаа од Виетнам и од Авганистан. Тоа ти е одличен пример дека силата не секогаш и не секаде игра клучна улога во победа или пораз кога се бориш против домашен противник кој далеку подобро го познава теренот.

Имаат влијание, информации и туѓи природни ресурси под нивна контрола, но тоа не значи дека така ќе остане на долг рок, а не па на неограничен рок.

Историски сите поголеми светски сили и империи се распаднале претежно одвнатре, во време кога тоа најмалку се очекувало и на начини на кои тоа најмалку се очекувало.

И исто така историски сите поголеми светски сили и империи ги научиле ваквите горчливи лекции на потешкиот можен начин - врз сопствена кожа: Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Португалија, Советскиот Сојуз, а еве сега редот им е дојден на САД.

Тоа не значи дека САД ќе се распаднат, туку дека нивната сила и моќ низ светот ќе се намалат.

А што ќе дојде, односно кои ќе дојдат после нив е проблем на целото човештво, а не само на јенките.

Еве ако гледаш од македонска гледна точка, после распаѓањето на Византиска Империја доаѓа Османлиска Империја која е далеку побетер окупатор на Балканот во споредба со Византијците. На почетокот на втората деценија на 20-от век Отоманската Империја се повлекува од Македонија - последното упориште на Турците на Балканот, откако претрпува одлучувачки порази во Првата балканска војна, а на местото на Турците во поделената Македонија доаѓаат Србите, балканските татари и гејците, кои прво се тепаат меѓусебно во Втората балканска војна, а потоа присилно регрутираат Македонци во своите борбени редови за да гинат во Првата Светска Војна. Од тука и Првата Светска Војна кај Македонците е позната како братоубиствена војна бидејќи буквално се убивале Македонци од српската војска против Македонци од татарската војска против Македонци од гејската војска.

Но сето тоа е последица на неконтролираната алчност и незаситеност на поголемите, поразвиените и побогатите држави, бидеји колку поголеми, поразвиени и побогати стануваат, толку поалчни и поненаситни стануваат, а тоа ги води во политики на вечни крвопролевања кои можат да завршат или само со тотална светска доминација која фала му на Бога никогаш не станала реалност, или со распаѓање на светската сила/империјата.

Пример за ова ти се Шпанците за кои домородците во средна и јужна Америка велеле дека боледуваат од златна болест - гладни и жедни се за злато и колку повеќе злато украдат од домородците, уште повеќе сакаат да украдат.

Останатото е веќе позната историја обликувана од државите формирани од поразите кои Шпанците ги претрпеле низ средна и јужна Америка, а кои резултирале со повлекување на Шпанците од американските континенти: Мексико, Гватемала, Костарика, Никарагва, Панама, Колумбија, Венецуела, Еквадор и бројни други кои ги испратиле Шпанците со наведнати глави и подвиткани опашки надвор од американските континенти, исто како што и Виетнамците и Авганистанците ги испратија јенките надвор од Виетнам и Авганистан со наведнати глави и подвиткани опашки.
 
Последно уредено:
GG84TkxbwAAAaxF




Автоматски споено мислење:

Најпосле Британија сепак е земјата од која го добивме генијалните Монти Пајтон, очигледно е дека нешто од тоа се има истриено и во денешниве вработени во новинарската фела министерствтото за вистина и пропагандната машинерија.


GG9U4d5awAAR_Lx
 
Успешан напад на четири кабла за које се верује да припадају ААЕ-1, Seacom, EIG и TGN системима означава велики поремећај у комуникацији између Европе и Азије.

Џерузалем пост потврђује раније извештаје о оштећењу неколико подморских каблова у Црвеном мору од стране Хута:

⏺ ААЕ-1 повезује источну Азију са Европом преко Египта, повезујући Кину са Западом преко земаља као што су Пакистан и Катар.

⏺ Европа Индијска капија (EIG) повезује јужну Европу са Египтом, Саудијском Арабијом, Џибутијем, УАЕ и Индијом.

⏺ Seacom повезује Европу, Африку и Индију и повезан је са Јужном Африком.
:D :D :D:icon_lol::свиркам:
 
Објавиле нашиве медиуми дека германската морнарица соборила дронови во Јемен.
Денеска германските медиуми известуваат бламажа се случула. Дроновите биле на америчката морнарица :icon_lol:


Беда и срам како и од нашиве доста веродостојни медиуми така и од фамозното Нато :icon_lol:
 
Бухаха, ова ни Монти Пајтон да сакаа, не можеа да го измислат!!!
@Ne_sum_ja види жити се за кој навиваш... :LOL:


Автоматски споено мислење:

Објавиле нашиве медиуми дека германската морнарица соборила дронови во Јемен.
Денеска германските медиуми известуваат бламажа се случула. Дроновите биле на америчката морнарица :icon_lol:


Беда и срам како и од нашиве доста веродостојни медиуми така и од фамозното Нато :icon_lol:
Остај нашиве, не се ни медиуми колку што се лоши преведувачи на западната пропаганда... ГЕРМАНЦИТЕ САМИТЕ ОБЈАВИЛЕ ДЕКА МАТЕР МУ EБAЛЕ НА ДРОН. Наводно на Хутите бил. :D
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom