Вонредна состојба: Поплави во Скопје-Тетово

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.617
Поени од реакции
13.341
Веб-сајт
www.facebook.com
Вонредна состојба во Македонија. Браната Калиманци се излеа. Водостојот во Брегалница ќе се зголеми за метар и половина. На удар дваесетина населени места. Централниот кризен штаб ја следи состојбата. Жителите на загозените подрачја мора да ги слушаат апелите на надлежните.

vreki_0.jpg

„Повикувам на итна евакуација на сите општини и населени места кои се по течението на реката Брегалница, бидејќи очекуваме силен бран кој ќе дојде од браната. Најголемиот удар се очекува во вечерните часови во штипскиот регион“, изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Според првиот чоевк на Штип, градот го демне голема катастрофа.

„Сметаме дека овој бран ќе го ублажиме, да не биде толку голем. Да нема човечки жртви, да го заштитиме имотот на граѓаните, а материјалната штета ќе ја надоместиме со нашето работење понатаму“, изјави градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Заменик министерот за земјоделство ги повика сточарите да не ги забораваат домашните животни.

„Ги повикувам сите сточари кои имаат стока долж течението на реката, истата да ја евакуираат“, рече заменик министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски.

Жителите на загрозените подрачја цел ден се подготвува за надоаѓањето на водата.

Поплавата во текот на целата ноќ ќе се зголемува до рано изутрина. Од утре се очекува постепено намалување на надојдените води.

Бидејќи се заозбили работава решивме да отвориме нова тема за поплавите. Продолжете со дискусија тука и споделување слики и информации од терен.
 
Последно уредено од модератор:
Тоа дрвеното мовче што го направи Захариев во цело него време сега многу ќе им помогне.... :facepalm: Како, не ми е јасно, може толку долго да раководиш со град и пак да не си спремен за вакво нешто ? Да им е првпат ќе сфатам, вака....
 
sepak kolku i da se spremas,ako nadojde golema voda kako ova sega nemoze da se odbranis
sepak najbitno e da nema covecki zagubi
 
Читам за она што Вие го јавувавете за поплавите и штетите кои настануваат и морам да Ви кажам дека сум разочаран во денешнинава
Со регулација на реките, со градење на акумулации и други хидротехнички објекти ќе имавме потполна заштита од поплави. А од такви хидротехнички објекти ќе имаме повеќе вода во летните суши, ќе се произведува струја и многу други убави работи. А ние немаме ништо
Тоа е техника која ја имале Старите Египќани во времето на фараоните, а денес ние ја немаме. Има огромен број невработени само немаме „ фараон “ кој ќе ја организира работата
 
Не ми е јасно нешто.
Првите години кога дојдоа вмро на власт се чистеа каналите и коритата (за второво мислам, ама не сум 100% сигурен) што беше супер потег и немаше поплави. И тие години имаше врнежи (може овие се далеку поголеми, не викам не) ама немаше воопшто поплави. Зошто веќе не се чистат каналите и коритата ?
Прашувам зошто тогаш бевме бомбардирани со информации и слики од чистењето и после со фалење дека немало поплави, а сега нема ништо такво.

Друга работа, добро мајку му ова не е земјотрес. Се знаело дека доаѓаат големо невреме и врнежи, се знаело дека ќе се покачи водостојот на реките, зошто тогаш не се поправале мостовите што биле претходно оштетени, зошто не биле превземени мерки за да се изградат насипи или што и да треба, за да се спречат поплави во градовите ?
Ајде и да сфатам некако зошто села би можеле да бидат поплавени, ама градови како Штип или Кочани да бидат поплавени ?!
Градоначалник на Штип да вика „ќе се потрудиме да нема жртви“...
Аман бе, па не беше до толку драматично врнењето кај нас (бар по тоа како беше во Скопје) па за да се дошло до ситуација да има опасност и од жртви...

Ја стварно не можам да сфатам како некој несериозно си ја сфатил работата и сега е како затечен, зошто пак ќе речам ова не е земјотрес па да не може да се предвиди. Има УХМР, се следи состојбата со водостојот на реките, се следи состојбата со времето и треба на време да се реагира, а не сеа ние да треба тоа нивното „ќе се потрудиме да нема жртви“ да го сметаме како успех од невидени размери, зошто не е !
 
Последно уредено:
Океј барем не можеш да речиш дека не се подобруваат. Претходниот пат не ни имаше „предупредување “. Го оставија стадионот да кисне поплавен :pos:
 
Не ми е јасно нешто.
Првите години кога дојдоа вмро на власт се чистеа каналите и коритата (за втоворо мислам, ама не сум 100% сигурен) што беше супер потег и немаше поплави. И тие години имаше врнежи (може овие се далеку поголеми, не викам не) ама немаше воопшто поплави. Зошто веќе не се чистат каналите и коритата ?
Прашувам зошто тогаш бевме бомбардирани со информации и слики од чистењето и после со фалење дека немало поплави, а сега нема ништо такво.

Друга работа, добро мајку му ова не е земјотрес. Се знаело дека доаѓаат големо невреме и врнежи, се знаело дека ќе се покачи водостојот на реките, зошто тогаш не се поправале мостовите што биле претходно оштетени, зошто не биле превземени мерки за да се изградат насипи или што и да треба, за да се спречат поплави во градовите ?
Ајде и да сфатам некако зошто села би можеле да бидат поплавени, ама градови како Штип или Кочани да бидат поплавени ?!
Градоначалник на Штип да вика „ќе се потрудиме да нема жртви“...
Аман бе, па не беше до толку драматично врнењето кај нас (бар по тоа како беше во Скопје) па за да се дошло до ситуација да има опасност и од жртви...

Ја стварно не можам да сфатам како некој несериозно си ја сфатил работата и сега е како затечен, зошто пак ќе речам ова не е земјотрес па да не може да се предвиди. Има УХМР, се следи состојбата со водостојот на реките, се следи состојбата со времето и треба на време да се реагира, а не сеа ние да треба тоа нивното „ќе се потрудиме да нема жртви“ да го сметаме како успех од невидени размери, зошто не е !
Затоа шо сега знаат дека им е последен мандат и кур не им чуе, едноставно само гледаат шо поише пари да пренасочат кон фиктивни проекти и да извлечат 100%
Инаку снегот кој што што се задржува додека врне а потоа нагло и брзо се топи ги прави сите срања не нешто друго.
 
Леле, страшно! Господ нека им е напомош на луѓето од тој предел.
Се надевам дека државава ќе испратат помош и се надевам дека дождовиве ќе прекинат.
 
Затоа шо сега знаат дека им е последен мандат и кур не им чуе, едноставно само гледаат шо поише пари да пренасочат кон фиктивни проекти и да извлечат 100%
Јасно ми е мене тоа, ама до сега барем пробуваа нешто да направат за да го прикријат нивното забушавање, сега го нема ни тоа...
Сега е премногу очигледно дека е нивна грешка, а уште повеќе ме нервира што никаде тоа не се спомнува...
 
Ги заболе курот, излезени се на терен,груевски сега ќе организира масовно кртење во водите на брегалница како што св јован крстител.
Не си прај бајрам сега секое денарче мора да се украде нема потреба од заташкување.
 
Го слушам Груевски вика „околу 20:30 ќе дојде првиот бран од Калиманци“...
Сте успеале да пресметате кога ќе дојде првиот бран, а не сте успеале да предвидите дека ќе дојде до зголемување на нивото на реките, па место само денес да се работело 2-3 дена уназад и да нема потреба да се кажува „ќе глеаме да нема човечки жртви“...
Она што посебно ме нервира е што уште постојат идиоти што кога ќе им кажат „спонтано се собираат“, а не гледаат реално малце на работите...
 
Neka направат еден споменик во секоја река, или по некоја врба нека стават од 80к евра, за да го спречат излевањето:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom