Konstantin Kaysharov
пред 2 часа ·
изменето ·
ЗОШТО ПОБАРАВ ДА РЕГИСТРИРАМ ЦРКВА?
Изјава за јавност од пс. Константин Кајшаров, м-р по кинезитерапија
Бидејќи според Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група (Сл. Весник на Р. Македонија бр.113/07 од 20.09.2007 год.
http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=753) во член 18 став 3 пишува дека обредите кои се карактеристични за изразување на верата кај верниците, како Богослужби, молитви и други манифестации на верата, како на пример водно крштевање, венчавање на младенци пред Бога, посветување на бебе пред Бога, погребни церемонии и сл. треба да се спорведуваат преку регистрирано легално тело - црква.
Кон крајот на 2014-та година во месец декември на ударни вести една од националните ТВ станици беше објавена изјава од претседателот на Комисијата за верски заедници во РМ дека постојат друштва и лица во Македонија кои изразуваат духовност, и дека доколку не се регистрирани во легален субјект (1) црква, (2) верска заедница или (3) религиозна група, (ова се трите групи под кои може да се регистрира одредена група на верници) тогаш дејностите и активностите кои ги обавуваат, а не се во рамките на црква, верска заедница или религиозна група ќе се подразбираат како секти.
Соработувам со Интернационалната Христијанска Академија која ги издава моите дела (книги, документарни филмови и духовна музика) и ги организира моите патувања низ светот на конференции и саеми каде ја презентирам мојата работа и во тие рамки можам да го извршувам она кое и досега го извршував.
Создадовме Здружение на граѓани „Луѓе по Патот“ кое има за цел да ја поттикнува верата и свесноста кај луѓето, да им помага на луѓето кои се бедни, оставени, хендикепирани, болни, самохрани родители, да организира јавни трибини, предавања, работилници, семинари, концерти, добротворни акции, да издава информативни материјали и др.
Имам правен субјект - фирма Институт за ревитализација Константин во која ги обавувам професионално дејностите кои како м-р по Кинезитерапија и магистрант на Клиничка Психологија имам право да ги обавувам со тим од луѓе кои се вработени таму, со професионална апаратура преку која се приложуваат современи терапии од физикалната медицина.
Но, штом слушнав дека може погрешно да биде разбрана мојата духовна служба, тогаш се одлучив на овој чекор – регистрација на Црква во која и венчавките и крштевањата кои ги обавувам ќе бидат правно дефинирани, за да го почитувам Законот во Р. Македонија.
ОД КАДЕ МИ Е ПРАВОТО ДА МУ СЛУЖАМ НА БОГА?
Од 2012-та год. сум новороден Христијанин кој служи и работи за Слава на Господ Исус Христос. Станав Пастор во јуни 2013 год. препознаен и повикан од Бог, а ракоположен од Епископ Васил Петров од Бугарија и Пастор Евангелист Самуел Белај од Израел. Оваа служба е повик од Бога и се карактеризира со проповед, крштевање, венчавање, погребување и други служби како:
- полагање на раце на болни и лекување со молитва
- ослободување на луѓето од демони, проклетства и магиски дејствија.
Помазанието пастор не е титула која се стекнува, туку е избор на Бога и помазание од Него директно дадено врз човек избран од Него да се грижи за одредена група на луѓе поттикнувајќи ги во верата во Бог, во слушање, извршувањето и споделувањето на Божјото Слово, да се моли за нивни потреби, да ги насочува по Божјите патеки.
Сета служба е заснована на Библиските принципи и е карактеристика за многу протестантски цркви во светот кои се различни од Православната и Католичката Црква.
ЈАС НЕ СУМ ДЕНОМИНАТИВНО ОПРЕДЕЛЕН и мојата служба не се карактеризира со деноминација како православна, католичка или протестантска, бидејќи сметам дека таквите определби создаваат предрасуди, страв и верска нетолеранција меѓу луѓето. Освен тоа, целта не ми е луѓето да ги ставам во одредени рамки и шаблони на религиозно дејствување, туку да ги приближам кон Господ Исус Христос, како и тоа да ги научам КАКО ДА ЖИВЕАТ ХРИСТИЈАНСКА ВЕРА КОЈА ДАВА ПЛОД.
Ова го истакнувам бидејќи гледам дека мнозинството Христијани во Македонија немаат информација за тоа Кој Е Исус Христос, што Исус направи за нив, како да Му се молат и како да живеат со верата во Него во победнички и плодоносен живот. Христијаните денес од тоа незнаење направија грев поклонувајќи се на икони, извршувајќи пагански ритуали и традиции кои до скоро беше дел од нивниот христијански живот. Христијаните не читаат Библија и не знаат што значи крштевање во Светиот Дух – тема која е забранета во црквите во Македонија. Јас го обелоденувам тоа што е по волја на Господ Исус Христос кое е напишано јасно и гласно во Библијата без да создавам теологија или моја доктрина.
ИНKВИЗИЦИЈАТА ОД СРЕДНИОТ ВЕК ВО МАКЕДОНИЈА ВО 21-ви ВЕК
До неодамна мислев дека живеам во демократско општество кое функционира со Устав и Закони, но од денес гледам дека Законот не функционира и слободата на изразување на мојата вера во Господ Исус Христос ми е ограничена, дури и јавно осрамотена и обележана како „квази-медицина“, „секта“ и слично. Од моето интервју, за национален ТВ канал, во кое го дадов моето образложение, ништо не излезе, освен една реченица која не ја дава сликата за тоа што е целта на создавањето на ХРИСТОВА ЖИВА ЦРКВА.
Со ова не сакам никого да критикувам, но да изразам дека:
- не е демократски начинот на кој моето барање кое законски го упатив до Основен Суд 2 Скопје е фотокопирано и изнесено од Судот во оригинална форма да исплива во јавноста во целост во многу копии до медиумите во Македонија без притоа да сум информиран за истото и без да бидат заштитени моите лични податоци. Не, нема да приговарам и судам, јас простувам затоа што сум Христијанин.
- не е демократски да се креира јавното мислење од новинари, кои „уште пред да се роди детето му ја скроија капата“, односно наметнаа предрасуди кај луѓето во врска со мојата работа и служба и ме дискретираат, без притоа да осознаат што работам.
- не е демократски, без официјален одговор од Основен Суд 2 Скопје за кој имам законско право да го добијам после моето поднесено барање, да дознаам и слушнам преку вестите на национален ТВ канал дека е одбиено моето барање за регистрација на Црква, како и да разберам кое е образложението за одбивањето, иако целата процедура според Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група (Сл. Весник на Р. Македонија бр.113/07 од 20.09.2007 год.) е запазена и исполнета.
На луѓето невербално им е претставено дека Македонска Православна Црква треба да ме одобри или да ја признае мојата работа, но тоа ниту е мое барање, ниту е законски, ниту пак треба да е обврска на Македонкса Православна Црква.
Судот не може да даде објективна пресуда за моето барање, бидејќи има субјективен пристап и пристрасност кон друга христијанска деноминација.
На некои медиуми во контекст со моето барање за Црква напаравија паралела со видео снимки од некои страшни нехристијански методи на истерување на демони од Србија, иако се оградија дека тоа не е го поврзуваат со моене, сепак општиот впечаток е дека тоа што го барам е страшно и можно е да биде опасно за луѓето.
Од моето барање за регистрација на Црква со сите дејсности кои една христијанска црква треба да ги извршува според Библијата, се извлече само една од карактеристиките кое медиумски беше обележана како „истерувачи на ѓаволи“ сакаат да бидат регистрирани. Помисли ли некој дали народот ќе биде исплашен од тоа, помисли ли некој дека со тоа Го спречуваат Господ да дејствува низ мене за помагање на луѓето? Нормално дека не, туку само навреда, клевета, осуда, без право да бидам ислушан. Кој тоа прво им го даде на медиумите?
Мојата личност е навредена и потисната заради чекорот на ова општество кон непочитување на човековите права, а од друга страна имам совршен мир од исполнувањето на Зборовите Исусови:
БЛАЖЕНИ СТЕ КОГА ЛУЃЕТО ЌЕ ВЕ ЗАМРАЗАТ, И КОГА ЌЕ ВЕ ОДДЕЛАТ И ВЕ ПОХУЛАТ И ГО ИСФРЛАТ ВАШЕТО ИМЕ КАКО ЛОШО, ЗАРАДИ ЧОВЕЧКИОТ СИН! - ЛУКА 6:22
Како последица на реакциите на медиумите јас во ова време примам многу критики, навреди и разни осудувања од народот кое ја загрозува мојата слобода и мојот приватен живот, а тоа доаѓа особено од оние кои се декларираат како Христијани, кои со својот фанатизам шират омраза и презир. За нив исто е пишано:
ЌЕ ВЕ ИСТЕРУВААТ ОД СИНАГОГИТЕ; А ЌЕ ДОЈДЕ ЧАС, КОГА СЕКОЈ, ШТО ЌЕ ВЕ УБИЕ, ЌЕ МИСЛИ ДЕКА МУ СЛУЖИ НА БОГА. - ЈОВАН 16:2
Карактеристиката на Христијаните е љубовта кон Бога која се изразува и кон ближниот, но од досегашното видов дека многу Христијани ме судат без да знаат зошто, без да ме прашаат каква е мојата вистина.
И јас имам право на глас!
И јас имам право да бидам ислушан!
И јас имам право да кажам!
Нели ова е демократска држава?
Како тогаш медиумски се кажува една слика која е претставена од некој што очигледно се чувствува загрозен од мојата служба, а притоа немам можност да се искажам? Паричката има две страни, за жал во Македонија се прикажува само онаа која е во прилог на оние кои диригираат со масата народ.
Дали оваа моја изјава ќе допре до некој?
Кој има уши ќе слушне, но нека слушнат сите, а јас ја наоѓам мојата радост, се разбира во Исусовите зборови:
АКО СВЕТОТ ВЕ МРАЗИ, ЗНАЈТЕ ДЕКА МЕНЕ МЕ МРАЗЕШЕ ПРЕД ВАС! АКО БЕВТЕ ОД ОВОЈ СВЕТ, СВЕТОТ БИ ГИ ЉУБЕЛ СВОИТЕ; НО БИДЕЈЌИ НЕ СТЕ ОД СВЕТОВ - ТУКУ ЈАС ВЕ ИЗБРАВ ОД СВЕТОТ - ЗАТОА СВЕТОТ ВЕ МРАЗИ. - ЈОВАН 15: 18,19
Македонијо биди благословена, јас не лечам, јас не сум Господ, јас сум слуга на Господ Исус Христос Тој е Спасител и Исцелител и ќе Му служам воден од Светиот Дух додека постојам, не барам човечки признанија, само сакав да го почитувам законот на државата, но ете некако како да не постои тој закон за некои луѓе.
И ќе го завршам моето обраќање кон вас повторно со Исусовите зборови: „ПРОСТИ ИМ ТАТКО НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ.“