НОВА „ХРИСТОВА ЖИВА ЦРКВА“ БАРА РЕГИСТРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата глагол
  • Време на започнување Време на започнување
Колку ќе кошта истерувањето на духови? Мене ова ми изгледа како бизнис повеќе.
Религиите СЕ бизнис.

Си нашол типацов овци за стрижење .. Како што разбрав пред пола саат наплаќал по 3000 денари од сесија а требало минимум 5 пати да се оди за да се "излечите" .
Додека има овци, ќе има и волна.
 
Ќе нема, судот го одбил барањето.
Штета.
А овие ниско интелегентниве не им ја сфаќам фрустрацијата кон ова.
Баш поради таквите персони треба да има вакви работи кај нас, тоа би им сменило свест, како доказ на нивниот сомнеж , иако пак ниската интелегенција би преовладувала и тогаш.
 
Коки златен врати се во Бугарија и продолжи да снимаш спотови, не ти требаат вакви работи. Тие што не те знаат скапо би те платиле, но тие што те знаат денар не би фрлиле за тебе.

Ова мислиш министерство е, служба за ова, центар за она, институт за тоа :tapp:
Познавам добар дел на луѓе кои кажале само убави работи за него,а и порано имаше некоја емисија и многу од нив се јавија со благодарност зошто им помогнал.Мислам,чисто онака само информативно ме интересира зошто тие што не го знаат знаат скапо би го платиле ? да не бидам погрешно сфатен,нити сум бил кај него нити пак го познавам.. само прашувам..
 
Нешто паметно да се појавеше во МК.Овие работи ни се како утринско кафе/доза за почнување на денот.Ги приметуваш и после 5 минути ги забораваш и се префрлаш на посуштински работи.
 
Еј готово, ова ќе биде моето ново работно место.
Ова ќе го слушам по пат за на работа.
I ain't afraid of no ghost!


Btw, во клипот кога кажува кои му биле таргет група: болни, хендикепирани, вдовици... Сите што се ранливи фактички ги таргетираш. Зашто не таргетира добро ситуирани, образовани, здрави, прави... Нема да може да ги лаже, се разбира.
 
Овој не беше монах? Мислам, монах што пееше, чат пат? Сега е егзорцист?

Да не заборавил дека треба да го праша Рим за егзорцирање луѓе, инаку дека може затвор да лежи? :D Го заборавил тој fun fact изгледа.
 
Штета.
А овие ниско интелегентниве не им ја сфаќам фрустрацијата кон ова.
Баш поради таквите персони треба да има вакви работи кај нас, тоа би им сменило свест.
Валентина Божиновска, во својство на директор на комисија за односи со верските заедници и религиозните групи, изјави дека немало потреба, бидејќи за такви нешта, граѓаните требало да одат во црква и да ги прашаат единствено свештениниците......:aplauz:
Се додека имаме вакви полтрони, никогаш нема да биде држава од ова парче земја. Од кога позицијата директор на комисија за односи со верски заедници е позиција која треба да покажува пристрасност кон конкретна религија, организација или верска група?![DOUBLEPOST=1422639612][/DOUBLEPOST]
Овој не беше монах? Мислам, монах што пееше, чат пат? Сега е егзорцист?

Да не заборавил дека треба да го праша Рим за егзорцирање луѓе, инаку дека може затвор да лежи? :D Го заборавил тој fun fact изгледа.
Овие не се католички духови, католичките нема да ги истерува.
 
Зошто да не се регистрираат, не гледам проблем зошто не би се регистрирале, во уставот се вели дека секој има право на слободно религиско практикување и изјаснување.
Кој кур е тој суд или судија кој што ја одбил регистрацијата, кој кур фактор е мпц или методистите и мухамединте да бидат во надредена положба од сите останати.
Судот треба само да удри печат во случајов и да ја заведе во регистер, ништо повеќе.
Не е во ндлежност на суд/судија да разглаба и парничи дали тоа е секта/мекта црква ли е јавна-куќа ли е.
 
Последно уредено:
А јас мислев дека сум отиден од толку дроги. Се селам од овде.
 
Познавам добар дел на луѓе кои кажале само убави работи за него,а и порано имаше некоја емисија и многу од нив се јавија со благодарност зошто им помогнал.Мислам,чисто онака само информативно ме интересира зошто тие што не го знаат знаат скапо би го платиле ? да не бидам погрешно сфатен,нити сум бил кај него нити пак го познавам.. само прашувам..

Сега ќе ти кажам. Како што кажа @Шкорпион батево беше пејач, па поет па и он како оној слепецон Иван од мал се чуствувал различен од другите и преку ноќ стана исцелител. Отиде во Бугарија и од чуствувањето на различностите му се уарни па почна да снима спотови со разголени момички и си го живееше животот. Се запиша на факс таму на кинезитерапија почна да читка психологија си направи богат речник и се врати во државава. Почна и по фестивали да пее но виде дека не иде реши да си ги искористи неговите ,,моќи" и почна да просветлува вдовици, сираци, социјални случаеви за ситна паричка исто како и сега што бара за новава црква само сиромаси, сираци, вакви такви. Ударна група, давеникот за помош се фака и за сламка. Му тргна добро најде 2-3 спонзора ,,донатори" и се појави на ТВ за супер реклама за подоцна во еден стан во Скопје да почне со неговите ритуали во живо. Почна во интересен период 2006-2007 и тераше така до 2010-2011 кога го отвори ,,министерството за изцелување". Е таму работите стојат малку поинаку. 3500 денари за 2 сесии, 1500 денари за консултација и на крај за сето тоа да ,,фати" треба да станеш член на тоа неговото ,,министерство". Не е морално но за да фати. Е сега ти си отишол таму за да фати нели. Се зачленуваш. И еден по еден денес тоа ,,министество брои над 150 ,,службеници" (меѓу кои и познати личности) и си се шеткаат по семианри, конгреси за христијанство ова она. Тоа си кошта од 100 евра па нагоре. Последното поголемо нешто беше посетата на Ерусалим што сите знаеме каде се наоѓа и дека со таму не се иде со автомобил и не се седи еден ден. Инаку имаат и ,,религиски" состаноци каде што се примаат новите членови нели во еден познат скопски хотел.

Се надевам дека ме свати. Сите ние бараме помош но до некоја граница. А некој да ме врбува и уценува, не фала. Се е до човековата психа и подсвест. Точно е дека се фалат и јас познавам многу што се фалат, но се фалат затоа што се задоени и убедени во тоа. Кој ѓавол му се плаши на Кајшаров па што ќе го истерува. Му се плашат сите оние кои се опседнати и верни на него, да не им се случи нешто лошо ако не го послушаат својот драг и ценет пастор. Паметен и смирен дечко со добри комуникативни способности, некоја си харизма, знае како да ја искористи наивноста на луѓето во спој на наулата која ја изучувал и тоа е тоа. А егзорцист? Далеку од тоа :)


10436680_657145881046639_2438060970040968824_n.jpg
 
Не знам дали вреди воопшто да се чита се ова, а камо ли да се елаборира...

онака осеќам дека заглупувам со секоја буква што ја читам за оваа вест.... мозоков ми гори и забегуе неповратно у идиотизам...

свашта.... ги плукаме американцине „колку биле глупи“, па не знам кој е поглуп, дали американецон, или оној што свесно ил не го копира у секоја можна животна пора....

јебала нас либерална демократија..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom