Данок на имот (плаќање)

  • Креатор на темата Креатор на темата Davy Jones
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 октомври 2009
Мислења
113
Поени од реакции
30
Ај вака, помош малку :)

Купен стан во НовоЛисиче, Аеродром, Скопје во 2012 година. При купопродажбата сите даноци и давачки кон општините и државата се дадени, имотен лист изваден итн. Е сега, од 2012 па наваму, се очекува писмо во пошта за данок на имот за станот, ама никако да стигне.

Значи од 2012 наваму, данок на имот нема платено. По лична карта сопственикот на станот е со друго место на живеење. И по логика, и поучени по родното место, општината еднаш годишно ти праќа писмо во пошта дека треба за (пр. 2013) година да платиш (толку и толку) данок. А во Скопје, за станот нема стигнато ни писмо, ни ништо. Сега ми е мисла да не дојде по некој 4-5 години, немате платен данок, ај да ве олесниме малку финансиски.
Некој со искуство да сподели некоја информација, да не мислам толку, оти последниве 6 часа само тоа ми е во глава.
 
Оди во општината и ќе ти кажат колку треба да платиш и зошто не ти стигнало писмо. Ако неколку години немаш платено си има камата од околу 20-30%
 
Знаејќи какви се поштите кај нас, ништо не ме чуди. Појди во општина, прашај.
 
Оди во општина Аеродром, соба 8, од 8.30-11.30 работи одделение за финансии. Ќе ти изготват уплатница таму.
 
Види дали може електронски да провериш.На сајтот на општина Велес има страна за проверка на даночни задолженија,би требало и општина Ареодром да има овозможено такво нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom