Лоцирање на вени

Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.949
Поени од реакции
1.510
Извор: http://kajgana.com/veni-najdeno
----
Вени, најдено
9. јануари 2015 - 11:49 | Д.Л.

Научниците открија начин медицинските лица да ги пронајдат вашите вени без да ве збрцаат 5-6 пати додека дојдат до вистинското место.

veni.jpg

Крводарителската служба на австралискиот Црвен Крст почна да користи уред со инфрацрвено светло кој ги лоцира вените со цел да се намали стравот кај крводарителите, посебно младите, за тие да донираат повторно.

Уредот кој прави визуелизација на вените функционира така што инфрацрвениот светлосен извор се појавува преку природно деоксигенизираниот хемоглобин во телото. Деоксигенизираниот хемоглобин го апсорбира ова светло, па вените се покажуваат светејќи во зелена боја.

----

Сметам дека направава ќе биде прилично корисна во медицината.
 
Последно уредено:
Ај ваљда кога ке давам по 100ти пат ке го има ова , а до тогаш , минско поле вените:icon_lol:
 
Викни џанкер(хорсаш) и одма ќе ги лоцират сите вени. :D
 
Се надевам дека ова ќе дојде и кај нас и дека ова не е штетно. Само и ова да го користат, тој што нема фат за боцкање пак раката модра ќе ти ја направи.
:)
 
Кај нас игли немаат,со шестар не бодат.Научна фантастика е ова за нас

Ау па вие супер сте штом со шестар ве брцаат. Кај нас у село сме помизерни, со бормашина не бушат. Више не одам крв да давам, ептен лошо. Незнам што ќе биде кога бормашината ќе се расипе. Изгледа сестрава ќе користи хилта .

Бонус:

Последно уредено:
Можам да замислам колку се само радосни од овој изум тие што се пуцаат со игла и со хероинче

This invention is a junkies dream lol
 
Преку кој сателит ги лоцират вените?
Мене не ми е јасно..
 
Јас досега не сум имал ваков проблем. Ниту порано кога праев крвна слика во државна, ниту сега кога правам во Авицена или Адриалаб.
 
Јас досега не сум имал ваков проблем. Ниту порано кога праев крвна слика во државна, ниту сега кога правам во Авицена или Адриалаб.
Вистина е дека за некои видови испитувања треба упат од доктор?
 
Ова додека стигне кај нас. ќе поминат уште 10 години.

Иначе Авицена изгледа ги имаат подновено иглите и кога те боцкаат дури и не осеќаш дека те боцнале. Најверојатно земале многу потенка игла од таа што ја имаа.
А на клиника или во 8 Септември 10 дупки по рацете ти прават дур ти извадат крв. Најлошо вадат крв баш таму. А Авицена се најдобри сега за сега.
 
Сеа ако имаш лоши вени не е до нив. Добра вена одма се погаѓа.
 
Ако имав лоши вени и во Авицена ќе имав проблем.

Ја имам вадено крв у 8ми септември неколку пати и не сум имал проблем, ни во било кое друго место. Проблем имаат со луѓе со лоша васкуларност или со прекумерна тежина што не им се гледаат вените
 
Ја имам вадено крв у 8ми септември неколку пати и не сум имал проблем, ни во било кое друго место. Проблем имаат со луѓе со лоша васкуларност или со прекумерна тежина што не им се гледаат вените

Супер ми се вените на мене. Во Адриа Лаб исто така вадев и одма ми најдоа вена. Не е до вените туку до стручноста на тој што вади крв и до иглите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom