Како прво, за понатамошна дискусија, треба се проучат главните термини во оваа глобална игра:
http://rationalwiki.org/wiki/Crisis_actor
http://en.wikipedia.org/wiki/Video_news_release
http://en.wikipedia.org/wiki/False_flag
...
Тоа што е битно, според мене, е кои крајни резултати ги очекуваат организаторите на овој настан?
Добро е што прашуваш прашања. Но една важна работа не ја разбираш, работа која е важен дел од поимите (за кои горе си линкал објаснувања):
- Теорија на заговор.
Теорија на заговор е кованица, измислена и создадена со дерогативна и понижувачка функција, со цел да се скрие вистината на ОЧИГЛЕД на јавноста. Што значи ова? Едноставно е, вистината ќе ја претстават како „теорија на заговор„ и како таква ќе „скријат„ иако е на очиглед на сите.
Добар пример е тој од твојот уводен текст. Наративот на тоа што пишуваш е очигледно погрешен, иако на прв поглед изгледа дека постои заговор.
Да заговорот постои, ама заговорот не е во тоа дека: случувањата во Париз се лажирани.
Случувањата во Париз не се лажирани туку вистински. Не се лажирани но се
режирани. Актерите на случувањата се вистински. Жртвите се вистински. Убиените се убиени, а убијците се навистина убијци. И првите и другите лежат во гробови, и со препознавање од фамилија им е потврден идентитетот. Потоа обдукција е правена, доктори, форензичари, други вработени... Значи премногу луѓе се инволвирани за да е исплатливо и реално можно такво местење на настаните.
Тие „теории„ за кои пишуваше ти, дека дека сето тоа е лажно и дека никој навистина не е убиен... сето тоа е фарса која е избацена од самите тие кои ги имаат планирано (и поттикнато) настаните. Целта е поголемиот дел од луѓето кога ќе слушнат такво нешто да кажат „пак некои глупи теории на заговор„ и со тоа да не обрнат внимание на фактот дека таквите терористички случувања се РЕЖИРАНИ.
Впрочем виде и сам како ти реагираа тука 90% (и повеќе) од луѓево на форумов. Тоа ти е реален показател.
Знам дека сето ова не е лесно за разбирање, но обиди се и биди трпелив. Зошто сметаш дека тие што прават вакви манипулации, би „штеделе„ животи на неколку карикатуристи, комичари, новинари, полицајци, или рандом жители на Париз? Што би добиле со лажирање и пласирање на лажни снимки? Зошто би го правеле тоа кога животите денес се евтини, а будали спремни да се жртвуваат за идење во рајот (заедно со 78, или колку и да се, девици).
Не пријателе, случувањата се вистински, и жртвите се вистински. Впрочем, како ќе убедиш повеќечлено семејство цел живот да лаже дека нивниот син/сопруг/татко е мртов. Или како ќе го убедиш тој човек доброволно да исчезне и да остави се?
Со пари? Што ти гарантира дека нема да се дознае работата некако. Па размисли, стопати поевтино е се жртвува тој човек отколку да се плаќа за да исчезне, и да се ризикува негово појавување.
Воедно да, чудно е и покрај денешнава технолгија што сите ја имаме во џеб, сепак е чудно тоа што веднаш се јавуваат толку снимки и докази (замислете, на едниот убиец му паднала личната карта и така ги идентифицирале и двајцата убијци). Но тоа и е целата поента на манипулаторите - да се обезбеди материјал за целата приказна да може да се пласира, и како вести но и како теорија на заговор.
Нормално, следното прашање е: „А што сакаат да сокријатат?„
Одговорот е ОЧИГЛЕДЕН. Целта е прво - да се убедат луѓето дека нивната безбедност е загрозена. И второ, да не се посомневаат дека зад тоа загрозување на нивната не стојат некои си кловнови од релгиозни фанатици (туку некој друг многу поинтелегентен, поголем, поорганизиран, и поспремен на се и сешто).
Тоа целта на сите овие терористички случувања ширум Европа (Париз, Копенхаген, итн, итн). И не се случува ова само во Европа, ете скоро имаше такви страња и во Австралија и во Канада...
Целта е да се направи атмосфера во која нема да се прави проблем и отпор на популацијата кога ќе се воведат нови рестиктирачки закони, со кои поцврсто ќе се контролира таа популација.
Зборуваме за закони како на пример „Патриот Акт„ на САД, и други регулации со кои на американската администрација им се даваат можности за злоупотреба како никогаш досега. Американскиот претседател сега може законски и легално да нарача било кој да биде убиен, без разлика дали истиот е на американска почва или надвор од неа. Исто така, POTUS може да нарача киднапирање на било кој американски или странски државјанин, од било која локација. Такви случувања има на илјадници секоја година, не ви текнува на нашиот случај со германскиот државјанин Масри? Исто така сега во САД со законски регулации е легална и примената на мачење на притворените и осомничените. Да да, вистина е:
мачењето е легално во САД... Мачење како на филмовите за дејствија од среден век што ги гледаме на телевизија. Сето тоа е легално со новите закони „за сузбивање на тероризмот„.
Сето ова се достапни информации, кои можат сите да ги најдат на интернет со 10секунди пребарување на сајтовите на официјални амерички владини институции.
Целта е уведување на такви закони за надгледување и контрола на популацијата во ЕУ, Австралија, Канада... и впрочем сите „сојузници„ на САД или потенцијални држави од интерес за нивните геостратешки цели.
Затоа уште еднаш, добро е што прашуваш прашања и на прав пат си.
Но сега треба да отидеш еден чекор погоре во освестувањето и да разбереш дека многу од „теориите на заговор„ се пласирани токму од истите тие кои сакаат наочиглед да ја скријат реалноста.
Многу интересно е како цел овој социјален инжинеринг функционира на психолошки план. Но ретко кој ќе го прочита и ова досега што го напишав, а уште помал е бројот на тие што ќе ме разберат. Затоа ќе го оставам за понатаму некое понатамошно објаснување на феноменот на психологијата на овие методи на манипулација на популацијата... барем додека не се започне некоја дискусија во која нема не се чуствувам како да пишувам монолози.