Учење руски јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата MitkicMK
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 декември 2014
Мислења
36
Поени од реакции
77
Возраст
35
Поздрав членови,
Нов сум на форумов и размислував каде да ја поставам темата па одлучив тука (доколку нешто сум погрешил некој нека ме корегира).
Сакам да почнам да учам руски јазик па би сакал некој што веќе знае или пак што учи да ми даде некој патоказ како што така натака..
Пред се сите сме свесни дека за да се учи некој јазик е потребно да се има љубов кон него, кога станува збор за рускиот јазик мислам дека во целос ја исполнувам таа точка. :-)
Ви благодарам на одговорите.
 
Јас го учев 4 години. Кажи ми, пред се поради кои причини сакаш да го учиш ? Од љубов спрема јазикот како јазик или заради русите, Путин, РУСИЈА СВЕТСКА сила и слично.... јас поради тие вторите работи баш не го сакав, го учев оти ми беше интересен за изговор. Ама веќе ми исчезнува, 2 години откако сум престанал да го учам и да го употребувам во говор.... се на се многу интересен јазик ама тежок за учење (посебно граматичкиот дел оние падежите).
 
Искрено ќе ти одговорам на прашањето. Сакам да го научам поради две работи.
1. Руска култура
2. Руска литература
Имам голема љубов кон Русија и затоа сум решен да го научам тој јазик.
Како успеа да го научиш?
 
Во средно, 4 години го учев. Тоа е еднакво на Б1 ниво. Морав да го учам за 5 ка, ама потоа ми стана интресен.
 
Ja да ви кажам од кога сум член на форумов барав школо за руски јазик. Сеа последнава 2014 год послабо барав ама пд 2015 морам пак да се запнам.
Иначе го имам учено 1 год (2 семестра) на факс у прва година. Многу добар впечаток ми остај зашто го почнав како ``дај да сменам англиски,досаден е веќе`` .
 
Слаб е интересот за руски јазик во државава. Го исфрлија. Воведоа германски како алтернатива. Го изучував како прв јазик во основно и средно. На факултет не ми го признаваа и бараа да учам англиски.
Државава го уништи. Додека моите другари од средно учеа од ганц нови учебници по англиски, јас учев од учебник печатен во средината на осумдесеттите во СФРЈ.

Најзезнати се падежите.
 
Јас го учам веќе година ипол, во школо за јазици.

Бидејќи имав можност да отидам во Русија, слушајќи го јазикот добив голема желба да го учам.
Исто така, со оглед на тоа дека премал број на луѓе кај нас го зборуваат, ако го знаеш имаш нешто што те прави
поуникатен (вработување итн).

Потежок е за учење од што првично изгледа, ама ништо особено тешко и невозможно.

Проблем е што сега е крај на декември, а курсевите започнуваат од септември.
Така да периодов само самоук можеш да бидеш претпоставувам.
 
И ја почнав дома да учам и преку скајп комуницирам со пријатели со цел да совладам изговор полесно.. 80% од тоа што го зборат ги разбирам и сега пробувам да учам по дома, со тоа што ќе најдам на интернет материјали и што ќе ми испратат познаници. Тежок е дефинитивно, али имам голема желба да го научам. Се надевам ќе почнам и на курс, ќе се распрашам за да видам каде е најпродуктивно учењето.
 
Еден од најубавите и "најзвучните" јазици . Го учев цели 10 години ( основно,средно и на факултет ) , одев по натпревари и ...
Ама штета , голема штета што кај нас нема некоја голема примена јазиков :(
Некои песни шо ми се омилени :
- Калинка
- Подмосковные вечера

Привет всем друзјам , которие љубљат русского јазика :aplauz:

П.С. Ќе ја зборавев мојата омилена
КАТјуША
 
Последно уредено:
Штета што е исфрлен од основно и средно образование... кога станува збор за стручни предмети многу повеќе има литература на руски него на англиски. (не верував додека не видам со свој очи).
Првен би сакал да започнам да учам самостојно, па потоа може и на курс да се оди.
Па доколку би можеле да ми дадете некој насоки (линкови) од каде да се почне, како, што...
Фала
 
http://www.russianlessons.net/. Пробај тука. Го најдов случајно на нет, би требало да е ова како курс за учење руски јазик.
 
@M-1 ти се учи тебе руски !?!?! Ке ти треба кога ке се тепаш низ Москва да се разбереш со твојте и нивните навивачи ;)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1
Поздрав членови,
Нов сум на форумов и размислував каде да ја поставам темата па одлучив тука (доколку нешто сум погрешил некој нека ме корегира).
Сакам да почнам да учам руски јазик па би сакал некој што веќе знае или пак што учи да ми даде некој патоказ како што така натака..
Пред се сите сме свесни дека за да се учи некој јазик е потребно да се има љубов кон него, кога станува збор за рускиот јазик мислам дека во целос ја исполнувам таа точка. :)
Ви благодарам на одговорите.

Пробај да ги поминеш бесплатните курсеви на Удеми:
https://www.udemy.com/courses/Language/Russian

За повеќе онлајн курсеви имаш и гугл но јас ти препорачувам ова погоре :)

Од патоказите, јас би ти препорачал да читаш информативни сајтови на руски јазик, обично содржината која би те интересирала и на македонски, вести, спорт, еротика, коли, гаџети и сл., таму кај што ќе запнеш барај превод. Зачлени се на руски форум, следи ги, а постепено вклучи се во разговор.
Потоа, можеш да ставиш самолепливи картички на сите ствари во твојот дома на кои ќе го напишеш нивното руско име и ќе го залепиш :) на се’ што гледаш околу тебе. Самиот процес на барање називи на сите тие ствари ќе ти помогне нешто да научиш, а потоа ќе ти помогне да ги запамтиш сите најпрактични работи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom