Македонска наставничка прогласена за една од 50 најдобри едукатори во светот

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.565
Браво!


Од илјадници апликации на пријавени иновативни наставници од повеќе од 150 земји во светот, на светскиот натпревар организиран од Varkey Gems Fondation наставничката од Македонија, Весела Богдановиќ е прогласена за една од 50 те најдобри наставници во светот, соопштија од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Изборот е направен од стручната Академија на VGF составена од владини експерти, научници, психолози, педагози, инженери, новинари од повеќе земји во светот. Почесен претседавач на оваа фондација, чија мисија е подобрување на квалитетот на образванието на глобално ниво е Бил Клинтон, а нејзини претставници се значајни имиња од областа на образованието и бизнисот.

[Интервју] Весела Богдановиќ: Македонија има креативни и иновативни наставници

Според фондацијата, иако Богдановиќ 12 години работи во малото селско училиште „Кочо Рацин“, во селото Ивањевци, општина Могила, нејзините ученици секојдневно истражуваат, учат низ игра и учат со помош на информатичката технологија, како да се наоѓаат во некое одлично училиште во високо развиените земји.

„Преку пренамена на отпаден материјал, со лични скромни средства и огромна креативност, заедно со своите ученици секојдневно изработува дидактички материјали по сите наставни предмети и со тоа обезбедува максимално стимулативна средина за учење, средина која наликува на свет од бајките. Не и пречи ни тоа што веке 12 години секојдневно, во лоши услови за патување и со сопствено финансирање, патува од Битола до далечното селото Ивањевци, затоа што знае дека таму со нетрпение ја чекаат нејзините ученици, секогаш насмеани и спремни за нови, интересни, истажувачки авантури“, велат од оваа фондација.

Минатата година Богдановиќ беше прогласена за наставник експерт- едукатор и ја претставуваше Македонија на Светскиот Форум на иновативни наставници во Барселона, Шпанија, во организација на Microsoft. На своите YouTube и Vimeo канали, има објавено преку 200 едукативни филмови од својата наставна пракса, од кои можат да учат наставници, колеги, студенти на педагошки факултети, родители со своите дечиња во домовите.
http://www.radiomof.mk/makedonska-n...a-za-edna-od-50-najdobri-edukatori-vo-svetot/
 
@leandra како и за многу други теми на форумов каде се дискутира за луѓе кои го посветиле животот на нешто корисно, така и за оваа ќе има неколку лајкови, мал број прегледи и уште помал број коментари

Но затоа на сеирџиските теми како љубовниот живот на Кико или уметничките вознесенија на Раде Пилето фрчат мислења и коментари.

Исто е и со темите во кои се плука на се живо и за нашиот личен неуспех виновни се сите осем ние самите.

Лиѓето како Весна треба да ни бидат пример дека со труд, посветеност и работа на себе, можеме да успееме денес да бидеме подобри од вчера, а утре да бидеме подобри од денес.

Токму овој успех, да се надминеш себе, е нешто што ниедна власт, ниедна диктатура неможе да ти го одземе или забрани.

Би сакал барем малку повеќе македонските медиуми да посветат внимание на овие големи луѓе.
 
@leandra

Би сакал барем малку повеќе македонските медиуми да посветат внимание на овие големи луѓе.

Кои медиуми бе друже жити се. Ај гледам МТВ се трудат чат пат имат некоја емисија иако тоа ни од далеку не е доволно а овие другите види им ја програмата таму нема време за ништо турска серија до турска серија а измеѓу дневници.
 
Веста е објавена на 15ти, а требаше изглеа да ни каже Оливера вечерва во вин вин за да дознаеме...
Муабетот ми е „медиуми“ ко шител, анал 5, курир сигурно ќе пишеа наслови „Реформите на Владата во областа на образованието вродија со плод, македонска наставничка прогласена меѓу најдобри 50 наставници во светот“...
Поправете ме ако грешам ама еве 3 дена ја не сум сретнал ваква вест...
Може ваквата вест им оди контра тезата дека Македонија има неквалитетни наставници (шо и според мене е така) па затоа ја „задушуваат“...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION
Прекрасно. Ваквите луѓе се за поздрав и мора да служат како пример за сите нас, во било кое поле да дејствуваме.

Имав јас на факултет сличен професор, каде башка тоа што предметот кој го предаваше не ми беше нешто интересен, се обидов максимално да го научам со сите сили најдобро што можам, од едноставна причина да не се усрамам пред него со своето незнаење, пред се поради неговата човечност, родителско-другарски однос, и начинот на кој го пренесуваше знењето.

Башка имаш гниди професори каде со пресија со обидуваа да влеат страв за да има научи некој, додека се иживуваа и си играа курташлак.
 
Жената освоила 50 место во светот ама затоа пак ние неможеме ни 5 поста да сврзаме без да почнеме со лечење на политички фрсутрации. Незнам само некој луѓе како самите на себе не се си досадни. Мислам, се едно исто и на сите теми да го пишуваш кога тогаш по некоја логика и на тебе треба да ти здосади.
Дај опуштете се малку жената не седела на тастатура и не плачела туку со љубов работела и успехот дошол.
 
Браво за наставничката, има доста паметни професори и наставници кај нас, кога учев јас имав неколку професори кои беа неверојатно добри во струката (електро), едноставно научници, но за жал беа на маргините на свиралото и окарактеризирани како забегани од останатите азардисани говеда кој со партиска книшка беа директори и професори.

Жената освоила 50 место во светот ама затоа пак ние неможеме ни 5 поста да сврзаме без да почнеме со лечење на политички фрсутрации. Незнам само некој луѓе како самите на себе не се си досадни. Мислам, се едно исто и на сите теми да го пишуваш кога тогаш по некоја логика и на тебе треба да ти здосади.
Дај опуштете се малку жената не седела на тастатура и не плачела туку со љубов работела и успехот дошол.

Нема да се опуштиме, здрав човек никогаш нема да се опушти кога знае дека министерот за образование и цела влада се со осмо и купени дипломи за понатака.
Здрав човек нема да се опушти кога знае дека министерот за образование не знае што е именка а што глагол.. опушти се ти ич да не ти чуе за другите..
 
Секоја чест.
Ретки се таквите просветни работници биле настанвички или професори што со љубов го пренесуваат своето знаење и без мака учењето го прават забавно и лесно за учениците.
 
Секоја чест за наставничкава, вакви луѓе навистина се ценат во државава. 12 години оди од Битола до Ивањевци, со цел да ги учи децата, а сега ја прогласуваат за една од најдобрите наставници во светот, едноставно немам зборови .... Е ова ти е пример за професор посветен на својата работа, женава не е како партискиве сељандури во градов (со чест на исклучоци) што затвараат врати на деца затоа што Пастирот им наредил одозгора.


П.С. Навистина е убава професоркава :backa:

10696272_10205119935187463_4060090739027085871_n.jpg


1656225_368613546615281_439030106_n.jpg

Уште еднаш секоја чест жено!!! :oleee:
 
Последно уредено:
Браво, е ова е се тие професори/наставници/воспитувачи што треба да работат во образование и за кои ломотев во темана за екстерниот испит. А не некои што ги мрзи да живеат и се појавуваат како Халеевата комета.
 
Браво за жената! Секоја и чест! По ова мислам дека редно е другите наставници/професори да го согледаат нејзиниот пример и постапки, дека образованието е поважно од врските и купувањето оригинал на нивната книга.

По ова женава треба и да добие некоја награда од државава, зошто сепак да влезеш во 50 најдобри во светот и не е така мала работа. Само жално е што кај нас ценењето на професорот и ученикот/студентот го нема.

:)
 
Жената освоила 50 место во светот ама затоа пак ние неможеме ни 5 поста да сврзаме без да почнеме со лечење на политички фрсутрации. Незнам само некој луѓе како самите на себе не се си досадни. Мислам, се едно исто и на сите теми да го пишуваш кога тогаш по некоја логика и на тебе треба да ти здосади.
Дај опуштете се малку жената не седела на тастатура и не плачела туку со љубов работела и успехот дошол.
Зошто мојот пост беше у некаква слична конотација пишан се осеќам повикан да ти реплицирам :D
Не е дека тука си лечиме некакви си политички фрустрации, туку пример еве ја сум фрустриран од тоа што нема медиум (или па се многу ретки) кој ќе објавува вакви убави вести со кои ќе треба да се гордееме. Нека бидат ваквите вести и продукт на некоја добра реформа (само што ги нема таквите) и нека им се препишува тоа како заслуга на тие наши владетели (ама ако стварно е така), ама зошто уопште не се известува за ова ?
Ама шо знам може па и подобро е да не се известува за вакви работи него секој медиум да си ја интерпретира веста и да си ја модифицира веста така што тоа ќе донесе некои си поени за неговите...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom