Ај да се пофалам и јас добро си поминав за НГ

. Бев во Скопје Кафе, услугата супер, пијачките исто супер, воопшто не се штедеше, баш напротив, пиев џин тоник цела вечер, и пред мои очи видов како го прават, па да не претерам ама прилично сигурен сум дека беше 90џин-10 тоник, цела чаша ми ја наполни со џин

.
После се вратив да си земам само тоник, пошто пиев скоро чист џин, и гледам и една девојка бараше кока кола да и достават, ваљда мешаше со коњак, и нејзе ја утепале.

Ако си порачаш вино пример, ти носат флаша цела.
Солидна даска си имаше, не беше мала, а ние бевме 6 души, од сувомеснато, кашкавал, сирење, чипс, пирошки...
Музиката до 12 странско, после 12 српско, ама и забавно, тек после накај 3 ги фатија оние кафанските, исто ок избор, не беше воопшто кич.
Имаше доволно место и да поиграш, и на шанк исто така немаше бутканици, ако не ти се чека келнер, доаѓаш и си земаш за пиење одма.
Е сега, минатата година ми се деси дијаметрално спротивно на ова, и мене ме прееба тие т.н. менаџерчиња, славев во Форца, и беше жива катастрофа, ни кажаа дека ќе бидеме на коњопој, на крај испадна една мала масичка, до колена, буквално требаше да се свиткаш за да земеш што било од неа

.
''Даската'' се состоше од 5-6 пилешки прсти камен ладни и 5-6 мини кифлички.
Пишуваше дека ќе има бенд, ни б од бенд, пуштаа песни од јутуб.

Се дешаваше да чекаме по 10-15 минути за пијачка, немаше келнери, доаѓаш на шанк да порачаш и овој те гледа бледо, очигледно им беа ограничени пиењата па те тераа да чекаш за да не се потроши одма

Место воопшто немаше, масите една до друга а се дешаваше и по 10тина души да има на една.
Згора на се и тепачка се деси, и нормално никој немаше кој да ги раздвои, за разлика од примерот горе, каде што имаше обезбедување и немаше инцидент(колку што видов јас).
И ај сеа
@kojot555 , пошто ти се прогласи за голем боем тука, и цел живот со бил по ресторани и кафани, ја гледаш разликата? Дали вредеше за двете места да издвојам исто пари?(а исто платив)
Или ме боли кур, тоа што неможам да зеам пијачка, што неам место ни да поиграм, што пуштаа музика од интернет, ама битно атмосфера да има а?