Што НЕ би пробале - купиле повторно?

10711135_10153200265734863_3760840470478546611_n.jpg

Ако имате желба да пробате каков бленд прави нафталин и охо лепак слободно пробајте. Ужас!
 
Вегета во/на било што повраќам ист момент
 
секој човек сам за себе ... моето убаво не значи и за друг дека е убаво...

еве јас што никогаш не би пробал повторно.

Овошен јогурт
Суви сливи
Суво грозје


од јадења - пача дефинитивно никад
боранија
шкембе
кукурек (кога дознав и од што се прави ми се изместија сите внатрешни органи! )
 
Растителен кашкавал. Одвратно. Гадно. Ги отпишав сите т.н. сендвичарници/пицерии и слични на ним места каде што протураат вакво ѓубре. А не се малку.
Маргарин.
Лосос филети во конзерва. Јас и онака не сакам месо од лосос (којзнае зошто) но ова е грозно.
Боранија
Спанаќ
Пача/пивтија
Посен мајонез
Соја во сите варијанти
Смедеревка
Замените за млеко (во кафе)
Сушена буковка - очигледно е дека не секоја печурка може да се суши. Не е буковката вргањ.
Симит- погача.
Конзервирани шампињони (во тегла)
 
е да, убо ме потсетивте - лосос филети...пробав и одма џитосав у канта... а 100 денари ја платив конзервана...гаден вкус блуткав...
оние лажни стапчиња, од краба демек, а уствари остатоци од риба сомелени...како гума се коа ќе ги одмрзнеш...никаков вкус ко жива риба да јадеш...сурими мислам
кечап Heinz, има јак мирис некој останува, а вкусот чуден киселкаст...
Моцарт куглине...за тие пари очекував не-знам-каков вкус а ништо посебно не ми беа ...и без пари да ги даваат не би ги земал пак...
Браво соковине, толку се претерано благи вода те тераат да пиеш...и оние 2л за 65-70ден шо се -Вочне Капи а бе бљувотина никаков вкус
едни интегрални округли житарици од Тинекс...не ми текнува како се викаа...како да јадеш картон
 
kras-dorina-butterscotch-lg.jpg

Порано ја обожавав поради специфичниот мирис и вкус, сега отвараш чоколадата нигде мирис а ко ќе ја пробаш имаш чувство дека јадеш сапун или некое блок чоколадце :place:
 
- Вештачкине супи на Маги
- се што содржи желатин и маст од животинско потекло
- семе од хељда
- млеко со ниска масленост - ко да пиеш обоена вода
- безкофеинско кафе на Nescafe, it's simply bad
- пециво од пекарата во Рамстор маркетот, се им е со растителен кашкавал и маргарин (БЉАК)
- нискобуџетнине чоколади што имаат вкус - пардон немаат вкус на ништо
 
Немојте ѓавол да ве лаже да сте јаделе од ова, случајно налетав на едно место на гости и ми идеше да повратам, се чудам дали газдата на оваа млекара им дава на децата да го јадат ова срање?
1506269_496787700433858_2080449494_o.jpg


Не би купил бел аспаруг, никакви салами, виршли и такви чуда, исто тие прашкести сокови ил сокови за растворање.. не за билокакви мајонези и не за соја. САЛАМУРА не иди во предвид. Не ги сакам ниту тие гадни полни со хемија обоени алкохоли.
 
Купен ајвар. :mad: И не пробувајте да ме убедите дека Мамас е саглам.

Ејјј сега ми го скршивте филмот за Мамас-от...Јас го обожавам и од купечкиве ајвари е ВРВ според мене и најквалитетен...И органски имам пробано ама не ми се свиѓа ич...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom