Македонче глупо, расипано до срж. Кога не се отвораат работни места, зошто не се отвораат!? Кога се отвораат, зошто се отвораат!?
Малку му било да работи за 10 000... па не те тера некој со сила да работиш. Ако ти се работи, работи, ако не ајт у курац. Сите сакаме 1000 евра да е минимална плата, ама нема.
За нас, само ебола е спасот, да не сотре цел народ. Порасипан, попроклет, позавидлив, поглуп народ немам сретнато досега.
Disclaimer: Не, не сум партиски војник, не трошете време да ми реплицирате за тоа.
Не е проблемот во тоа дали си или не си партиски војник, проблемот е во тоа што тие 10.000 денари месечно не се доволни за издржување на дом и семејство.
Еве мој предлог до пвеводбениците:
Нека биде 10.000 денари минималната плата од 2015 до 2020 година, но истовремено да не се плаќаат сметки за струја, вода, радиодифузна такса и телекомуникациски услуги - телефонија, телевизија и Интернет, но истовремено да не се зголемуваат даноците во овој временски период и да се стави мораториум на сите казни за било какви прекршоци, се додека истите не резултирале со здравствени последици за некого или со човечки жртви. Се разбира, ваквиот мораториум не би ги опфатил кривичните дела.
Во такви околности можеби, ама само можеби, 10.000 денари месечно ќе бидат задоволителни за обичниот македонски смртник.
Проблемот не е во тие 10.000 денари месечно, туку проблемот е во тоа што македонските работодавачи - а и странските инвеститори не се ништо поарни на ова поле - ниту планираат, ниту ќе планираат после 2, 3, па макар и после 5 години, да му ја зголемат платата на обичниот македонски смртник, туку имаат зацртано план дека ќе го експлоатираат за тие 10.000 денари месечно, а ако на обичниот македонски смртник не му се допаѓа нивниот зацртан план за неговата плата, тогаш добредојден е да си замине кога сака, бидејќи никој не е незаменлив и навремено ќе најдат замена за незадоволниот македонски смртник кој сака да го живее животот, а не да преживува со 10.000 денари месечно, бидејќи огромна е разликата помеѓу живеење живот и преживување.
Тоа се вика неоколонијализам - експлоатација на сиромашните народи во облик на евтина работна сила, и нема никаква врска со капитализмот, односно слободната пазарна економија.
А македонскиот смртник, исто како и сите останати најобични смртници низ светот, има свој животен сон и не планира да си ја троши младоста полнејќи туѓи џебови и туѓи стомаци, а тоа е само една од повеќето причини зошто денешната младина ја напушта Македонија, бидејќи како што никој не е незаменлив, така и родната татковина не е незаменлива.
Воопшто не барај ебола, младите веќе и ја запечатуваат судбината на оваа неоколонијална држава, која самата се движи кон бездна и не делува како да планира да го смени правецот.