Huawei во Македонија ?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување
Ф

Флеш

Гостин
Само шо искочи вест, мега растечката компанија во светски рамки која го продира патот во смартфон индустријата ,ќе доаѓа во ОхриТ ?! Извинете, Охрид :icon_lol:

Ајде да видиме и ова да се оствари во 100 чекора , ако не коли,зшТ не мобилки .... Кинески мобилки .... :вонзем:


Гигантот „Хуавеј“ со интерес за Охрид
Среда, 26 Ноември 2014 14:06

Во рамки на работниот престој во Народна Република Кина, градоначалникот Никола Бакрачески, вчера ја посети најголемата кинеска и светска компанија за телекомуникациска опрема и ИТ технологии “Хуавеј“ каде оствари средба со менаџментот на истата предводен од заменикот претседател на компанијата Ватер Су.
DelegacijaHuawei_4858.jpg


Оваа мултинационална и телекомуникациска компанија по обртот на производство ја престигна и компанијата Ериксон во 2012година. “Хуавеј“ на почетокот од основање се фокусираше на изработка на опрема за телефони а потоа компанијата го прошири својот бизнис градејќи своја телекомуникациска мрежа , обезбедување оперативни и консалтинг услуги и опрема за фирми во и надвор од Кина. Фирмата произведува различни уреди за комуникација за широка потрошувачка а има на 140 000 вработени , од нив околу 46 % се ориентирани кон истражувачка дејност и развој.

При разгледувањето на компанијата, градоначалникот Бакрачески беше информиран дека фирмата “ Хуавеј“ има 21 институт за истражување и развој во Кина , Америка, Канада, Пакистан , Велика Британија, Франција, Германија, Колумбија, Шведска , Ирска, Индија, Русија и Турција. Во 2013 се инвестирани 5 милијарди американски долари за истражување и развој.

DelegacijaHuawei_4851.jpg


Средбата беше заокружена со работна вечера на која градоначалникот Бакрачески пред менаџерскиот тим на “Хуавеј“ги појасни можностите,погодностите и олеснувањата што Владата на Република Македонија и Локалната самоуправа ги овозможуваат за влез на странски инвестиции. Бакрачески ги образложи и објасни сите потенцијали на градот за евентуален влез на овој гигант во Охрид.

Во рамки на работниот престој во Кина, градоначалникот Бакрачески го посети и еден од десетте административни дистрикти во Шенжен, градот Дапенг, едно од најпознатите туристички места во Кина, познат по своето историско наследство , излетничките места и прекрасната природа кој го посетуваат 8 милиони туристи годишно. Градот е познат и по бројните медицински - научно истражувачки лаборатории и компании за генетичко инженерство.

DelegacijaHuawei_4852.jpg


Домаќин на средбата беше заменикот директор на дистриктот Данкан Дуан. На средбата се разговараше за етаблирање на соработка во делот на туризмот а се размена и искуства во делот на градење на стратегиите за туризам и унапредување на туристичката понуда на двата градови. Попладнево е предвидено градоначалникот Бакрачески да оствари средба со челниците на Филхармонијата на Женшен, кои имаа импозантен настап во рамките на годинешното издание на фестивалот “Охридско Лето“


:rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes:o_O:rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes::rolleyes:


Компани био ....
 
Најверојатно уште една од безбројните бомбастични инвестициски балони кои не пукаат, туку се издувуваат и остануваат заборавени бидејќи пвеводбениците не се баш многу заинтересирани за инвестиции кои ги најавиле, а не се реализирале.

Но бидејќи станува збор за телекомуникациска компанија за која од поодамна се шпекулира дека е под контрола на кинеската влада, која активно се занимава со цензурирање на Интернетот и на медиумите во Кина, не би било никакво изненадување доколку си најдат заеднички јазик со пвеводбениците, кои исто така на дебело инвестираат во цензурирање на медиумите во Македонија, па ова би можело да биде чекор напред на тоа поле.
 
Кинезите се самоубиваат од работа...нашиве ни за тоа немаат храброст.
 
Јеботе ќе ни напрает бувљак у Охриду.Кинези, мрш у Јапан!Земете си го и докторот.И Петрески такуѓере.
 
Најверојатно уште една од безбројните бомбастични инвестициски балони кои не пукаат, туку се издувуваат и остануваат заборавени бидејќи пвеводбениците не се баш многу заинтересирани за инвестиции кои ги најавиле, а не се реализирале.

Но бидејќи станува збор за телекомуникациска компанија за која од поодамна се шпекулира дека е под контрола на кинеската влада, која активно се занимава со цензурирање на Интернетот и на медиумите во Кина, не би било никакво изненадување доколку си најдат заеднички јазик со пвеводбениците, кои исто така на дебело инвестираат во цензурирање на медиумите во Македонија, па ова би можело да биде чекор напред на тоа поле.

Душо, тоа е Кина, тоа е дувло на комунизам ,што очекуваш ?! Секој гранд проект или ват што е компанија у Кина,е у секс со Комунистичката партија . Џек Ма,основач на Али Баба , со "партиски врски" некако протуркувал да отвори бизнис . Таа земја е комунистичка и прв и последен збор има партијата . Затоа да не те чуди ако има нешто "државно" . ;)
 
И да дојдат да направат производство тука што дека?

Истото како во слободната робовладетелска зона Бунарџик ќе биде.
 
Леле која канта фирма. У Швицарска џабе ги даваат тоа кинеските канти како овие. Братучед ми донесе еден тељефон нов. Еве го работив ама кочи и не е добро. Че го давам на друг братучед поклон. Фрлете тоа кинеските џубриња. И таа фирма не чини.
 
Ај тоа дека е балон вест која нема да успее, ај.

Ама коментарите срање мобилни не доаѓајте да вработувате луѓе се многу глупи.
 
Муабетот е дека го продадоа народов за 8000 ден. како робови рмбаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom