- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.966
- Поени од реакции
- 4.073
Општина Кичево бара помош од Владата, оти со години се вработувале лица во школите и нормално треба плати и за нив.Сегашниот градоначалник секако треба да ги прифати сите долгови, без разлика што се работи за училиште со македонски ученици. Не се разбирам од тоа, и не разбирам зошто општина Кичево бара помош од Владата. Греење треба да се овозможи за сите деца.
А за тоа дека вработуваат без потреба, можеби е точно, ветиле дека ќе го намалат невработеноста, и сега неможејќи каде, ги пикаат по тројца вработени за една фотелја.
Дека невработеноста во Кичевските села е проблем , сведочи и масовното иселување кон странство.
И што е ова кукање, сеуште 1 и пол година што е градоначалник на Кичево еден албанец, и веќе тревога се дигна.
Верујте дека греењето е најмал проблем што го имаат учениците албанци било каде во државата. (да не зборам за општините каде македонец е градоначалник, ги множат со нула).
Е сега МОН исплаќа пари на општината по ученик, а не по учител и бидејќи (како што читаш погоре во некои школи има 2 на 1) има превработеност, некаде ќе се скрати. Прво, пари за плати на вработените после се друго, и така сметките за греење, остануваат последни, бидејќи нели може тоа под тепих да се стави. Неплатените сметки се трупаат и доаѓа денот кога треба да гаси греењето и оп имаме проблем.
И доналд трамп да го стават како градоначалник, нема да може да се справи со долговите, туку веднаш ќе пристапи кон реконструкција т.е отпуштања на непотребен кадар и групирање на децата во поголеми паралелки т.е нормални паралелки и ќе ги плати долговите. Вака како што е сега ситуацијата и новиот градоначалник следната година, пак ќе бара пари за греење од владата.