Во Кичево 1.100 македонски ученици веќе еден месец немаат настава, општината само за нив нема нафта

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Во Кичево 1.100 македонски ученици веќе еден месец немаат настава, општината само за нив нема нафта

Само две основни училишта во општина Кичево немаат греење и веќе еден месец учениците од тие училишта не одат на настава. Повеќе од 1.100 ученици кои наставата ја посетуваат на македонски јазик не одат на училиште затоа што општината нема пари за нафта за греење. Сите други училишта, каде наставата се изведува и на македонски и на албански и на турски јазик имаат греење.

mkd-162298.jpg
Од штрајкот на родителите пред општинската зграда

Родителите на учениците од основните училишта „Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски-Питу“ не сакаат на овој проблем да му даваат етничка димензија, ама постапките на градоначалникот Фатмир Дехари едноставно „не наведуваат така да заклучуваме“.

„Како е можно само овие две училишта да немаат греење, а општината уште одамна алармираше дека и кај другите училиште ќе снема греење, а еве, само нашите деца останаа без настава. Како некој преку ноќ да им ги полни резервоарите со нафта на другите училишта. Не сакаме да веруваме дека има нешто во позадина, ама...“, велат револтираните родители кои секој ден ја посетуваат општината и бараат решение.

Градоначалникот неколку пати најавуваше дека бара од Владата од стоковите резерви да обезбеди нафта за греење за училиштата, но официјално барање до Владата Советот на општината испратил дури минатата недела. А во меѓувреме градоначалникот Дехари беше на службено патување во странство, во посета на дијаспората на Албанците во Европа.

mkd-162299.jpg
Совет на општина Кичево

Дел од советниците во општина Кичево барале нафтата за греење за овие училишта да се обезбеди од буџетот на општината, но овој предлог мнозинството советници на ДУИ не го прифатиле. Мнозинството од советниците на ДУИ побарале Советот на општина Кичево да бара Владата од државните резерви да ја обезбеди нафтата за кичевските училишта. Овој предлог со мнозинство гласови бил прифатен само од советниците на ДУИ, а против гласале советниците на коалицијата „Кичевчани за Кичево“, советниците Македонци.

Додека ова се случува, општината распиша оглас за 37 нови вработувања во кичевските училишта „Санде Штерјоски“ и „Ѓерѓ Кастриот-Скендербег“ (село Србица). Се бараат наставници, администратори, психолози, хаусмајстори, ложачи на парно…


Во ОУ„Санде Штерјоски“ треба да се вработат 30 лица, а во „Ѓерѓ Кастриот-Скендербег“ седумина. Порталот Кичево.Мк претходно направи анализа за (пре)вработеност во кичевските училишта. Со новите вработувања, училиштето во село Србица ќе биде нов рекордер со по еден вработен на секои двајца ученици.

А.Д.
http://www.mkd.mk/makedonija/politi...ci-vekje-eden-mesec-nemaat-nastava-opshtinata
 
Нема етничка туку политичка заднина. Градоначалникот знае дека он има победено со гласовите од албанската популација во Општина Кичево, па ако греење им дал на македонските ученици на сметка на албанските, ем ќе ги изгубел албанските гласови, ем македонците нема да ги придобие бидејќи е албанец и нормално нема за него да гласаат.
 
Џабе поправаш Имаш Македонска популација која не ја тангира ситуацијата во Западниот дел од Македонија

Инаку по селата во Албанските основни училишта за да има доволно ученици за секој наставник се прават паралелки со 3-4 ученици или ако од 4то оделение во 5то ако влагаат 10 ученици се прават 3 паралелки со по 3-3-4 ученика.
 
Џабе поправаш Имаш Македонска популација која не ја тангира ситуацијата во Западниот дел од Македонија

Инаку по селата во Албанските основни училишта за да има доволно ученици за секој наставник се прават паралелки со 3-4 ученици или ако од 4то оделение во 5то ако влагаат 10 ученици се прават 3 паралелки со по 3-3-4 ученика.

За ова зборуваш.

Анализа: Дали во дел од кичевските училишта има превработеност?
ноември 13, 2014 Категории: Актуелни теми, Кичево, Слајдер


Каква е состојбата со вработувањата во образовните институции под надлежност општина Кичево? Колку истите ги задоволуваат или не ги задоволуваат критериумите кои ги побарува образовниот процес? Дали и колку истите се злоупотребуваат и штетат наместо да користат на образовението? Дали општина Кичево, на чиј буџетски терет се основните и средни училишта, работи според буџетските можности?

Во вчерашната изјава за Сител ТВ, советниците на коалицијата „Кичевчани за Кичево“ посочија на нерамномерно распределување на блок дотациите и поради превработеност во дел од училиштата.

-Советничката група „Кичевчани за Кичево“ има сознанија дека од страна на Министерството за образование на Република Македонија до Општина Кичево се редовно исплаќани блок-дотации, но тие блок дотации не се рамномерно распределувани, поради што е дојдено до колапс во образованието во Кичево. Нашите сознанија укажуваат дека проблемот е настанат поради преголемата превработеност во основните училишта во северниот дел на општина Кичево. Поради таа преголема вработеност овие основни училишта немаат нафта за греење и немаат електрична енергија.

Претходно и пратеникот Антонио Милошоски од собраниската говорница посочи на ненаменско трошење на блок-дотациите.

-Општината Кичево уредно добива блок дотации од Министерството за Образование за основните училишта. Според информациите кои ги имаме, блок дотациите за основните училишта во Кичево, не се користат наменски и како што треба, и дека дел од тие блок дотации, наместо за греење на училиштата, се користат за исплата на плати на дополнително вработени лица во некои други основни училишта.

Колкав е соодносот на вработени кои ја спроведуваат и опслужуваат наставата во кичевските училишта, наставници и помошен персонал (чистачи, хаусмајстори…), наспроти бројот на ученици кои учат во училиштата? И дали навистина има превработеност во дел од кичевските училишта?

КичевоМк направи мало истражување во кое беа опфатени бројот на ученици во училиштата во Кичевската општина и бројот на вработени кои моментално работат таму.

Наставата во училиштата во Општина Кичево се изведува на Македонски, Албански и Турски наставен јазик. Во две од училиштата во градот Кичево, „Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски-Питу“ наставата се изведува на Македонски јазик, додека во третото основно училиште „Санде Штерјоски“, покрај на Македонски, наставата се следи и на Албански и Турски наставен јазик. Во руралните места (под надлежност на општина Кичево), само уште во основното училиште „Христо Узунов“ во село Другово се следи настава на Македонски јазик. Целосно на Албански наставен јазик наставата се следи во училиштата ОУ „Реџо Рушит – Зајази“ во Зајас, ОУ „Фаик Коница“ во Грешница, ОУ „Наим Фрашери“ во Јагол Дол., ОУ „Ѓерѓ Кастриот“ во Србица и ОУ „Милто Гура“ во Стрелци.

Трендот на запишување на нови ученици во Кичево е во опаѓање кај сите заедници. Но кога ќе се земе во предвид наставниот кадар и помошен персонал кои се вработени, соодносот драстично отстапува од бројот на ученици кои се опслужувани во училиштата на Македонски и Албански јазик.

Така на пример во ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ на 724 ученици има 64 вработени наставници и помошен персонал. Значи на секои 11 ученици има по 1 вработен во просек. Оваа пропорција е нешто помала за ОУ „Владимир Полежиноски“ каде на 479 ученици, вработени се 69 наставници и помошен персонал, значи на секои 7 ученици 1 вработен. Ова училиште бележи најголемо опаѓање на новозапишани ученици.

Наспроти овие училиштата во градот каде се учи на Македонски, состојбата во училиштата во селата каде се учи исклучиво на Албански, состојбата е видливо поинаква кога се работи за соодносот ученици / вработени. Така на пример во ОУ „Фаик Коница“ (Грешница) учат 208 ученици, а училиштето има 52 вработени, на секои 4 ученици по 1 вработен. Во ОУ „Ѓерѓ Кастриот“ (Србица) на 148 ученици има дури 48 вработени, на секои 3 ученици по 1 вработен. Најдрастичен пример е ОУ „Наим Фрашери“ (Јагол Доленци) каде на 131 ученик вработени се дури 49 лица, на само 2 ученици по 1 вработен.

Севкупно на 1956 основци кои учат на Македонски, вработени се 240 лица, а на 1711 ученици кои наставата ја следат на Албански, вработени се дури 377 лица, или 137 лица повеќе иако побројни се првите. Во сооднос ученик / вработени бројките во просек се следни: на секои 8 ученици кои посетуваат настава на Македонски, вработено е по 1 лице, додека разликата е дупло помала во вториот случај каде на секои 4 ученици кои посетуваат настава на Албански вработено е по 1 лице. 8 на 1 наспроти 4 на 1. Разликата е дупла и очигледна.

Се поставува прашањето зошто има ваква разлика? Наставната програма и потреби на учениците се исти, без разлика на кој јазик учат. Потсетуваме дека сите вработени во овие училишта, според законот, се на товар на буџетот на Општина Кичево. Дали овие дополнителни вработувања во училиштата ја отежнаа ситуацијата со греењето во училиштата кои се греат на нафта, како и со неможноста на општината да изнајде средства и да ги сервисира потребите на кичевските основни и средни училишта? Зошто општината вработувала лица за кои реално нема никаква потреба, а од друга страна се изјаснува за немоќна да ги снабди училиштата со нафта за греење и да ги плати долговите за потрошена електрична енергија? Сите одговори се кријат во одговорните во Општина Кичево.
http://kicevo.mk/analiza-dali-vo-kichevskite-ucilista-ima-prevrabotenost/[DOUBLEPOST=1417008660][/DOUBLEPOST]
Џабе поправаш Имаш Македонска популација која не ја тангира ситуацијата во Западниот дел од Македонија

Инаку по селата во Албанските основни училишта за да има доволно ученици за секој наставник се прават паралелки со 3-4 ученици или ако од 4то оделение во 5то ако влагаат 10 ученици се прават 3 паралелки со по 3-3-4 ученика.

Или можеби ова:

Општина Кичево нема пари за греење, ама има за нови вработувања во училиштата
ноември 24, 2014 Категории: Кичево, Слајдер


Вкупно 37 нови вработувања во кичевските училишта „Санде Штерјоски“ и „Ѓерѓ Кастриот-Скендербег“ (село Србица) се распишани во петочните огласи објавени во Лајм и Утрински Весник. Се бараат наставници, администратори, психолози, хаусмајстори, ложачи на парно…

ОУ„Санде Штерјоски вработува“ 30, а „Ѓерѓ Кастриот-Скендербег“ 7 луѓе. Новите вработувања само во „Санде Штерјоски“ ќе го чинат буџетот на општина Кичево точно 531 283 денари секој месец, додека вработувањата во училиштето во Србица уште околу 120 000 денари иако за нив во огласот не се наведени висините на платите за кои заинтересираните треба да аплицираат. Вкупно околу 650 000 денари месечно.

КичевоМк претходно направи анализа за (пре)вработеност во кичевските училишта. Со новите вработувања, училиштето во село Србица ќе биде нов рекордер со по еден вработен на секои двајца ученици.

Во училиштата „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Др. Владимир Полежиноски“ со наставен Македонски јазик, каде поради немање на греење учениците цел месец не одат на настава, општината Кичево се изјасни дека нема пари да им обезбеди греење. Во другите училишта наставата се одвива нормално и без пречки.

Огласите за вработување траат до утре, 25 ноември, а изборот ќе се извршел „во законски разумен рок“.
http://kicevo.mk/vrabotuvanja-po-kicevskite-ucilista/
 
Последно уредено:
Kичево исто е во државичево, колку што е и Скопје или друг град/село.
 
Немањето греење е по вина на претходната власт во Кичево, ги оставиле во долгови училиштата. (велат од сегашната власт).
Како најстанал тој долг? Значи дека претходниот градоначалник ги трошел парите за асфалтирање улици по македонски населени места , за вработувања на македонци, и сега новиот треба да ги плати и неговие долгови.

Не паничете, централната власт има можност да помогне , наместо еден споменик, нека платат греење за цела зима.
 
Централната власт неброено многу пати доажа дека е мајка за Албанците и маќеа за Македонците. Пре ќе очекувам од градоначалникот на Кичево.
 
Централната власт неброено многу пати доажа дека е мајка за Албанците и маќеа за Македонците. Пре ќе очекувам од градоначалникот на Кичево.

Препуштени се само на господ :).
 
Немањето греење е по вина на претходната власт во Кичево, ги оставиле во долгови училиштата. (велат од сегашната власт).
Како најстанал тој долг? Значи дека претходниот градоначалник ги трошел парите за асфалтирање улици по македонски населени места , за вработувања на македонци, и сега новиот треба да ги плати и неговие долгови.

Не паничете, централната власт има можност да помогне , наместо еден споменик, нека платат греење за цела зима.
Нема братче, претходна, сегашна власт има само власт. Ако тие од сегашната власт увиделе превработување и ако сите деца од една генерација може да формираат еден клас од дваесетина деца зошто тогаш не го направат тоа и ги избркаат 70% од легачите таму.
Колку да не се нервираш дека било албанско, слична е ситуацијата било каде во Македонија
 
Нема братче, претходна, сегашна власт има само власт. Ако тие од сегашната власт увиделе превработување и ако сите деца од една генерација може да формираат еден клас од дваесетина деца зошто тогаш не го направат тоа и ги избркаат 70% од легачите таму.
Колку да не се нервираш дека било албанско, слична е ситуацијата било каде во Македонија

Сегашниот градоначалник секако треба да ги прифати сите долгови, без разлика што се работи за училиште со македонски ученици. Не се разбирам од тоа, и не разбирам зошто општина Кичево бара помош од Владата. Греење треба да се овозможи за сите деца.

А за тоа дека вработуваат без потреба, можеби е точно, ветиле дека ќе го намалат невработеноста, и сега неможејќи каде, ги пикаат по тројца вработени за една фотелја.
Дека невработеноста во Кичевските села е проблем , сведочи и масовното иселување кон странство.

И што е ова кукање, сеуште 1 и пол година што е градоначалник на Кичево еден албанец, и веќе тревога се дигна.
Верујте дека греењето е најмал проблем што го имаат учениците албанци било каде во државата. (да не зборам за општините каде македонец е градоначалник, ги множат со нула).

На пример во исто средно училиште, албанските паралелки функсионираат со над 40 ученици, а македонските под 20. (остај што се 20, туку од 20 ученици ниеден не е македонец, албанците се принудени да учат на македонски , само за да не се избркаат од работа вработени македонци). Уште и директорката е македонка.
Или во Цветан Димов, полни паралелки на македонски јазик, ама со ученици албанци.
 
И што е ова кукање, сеуште 1 и пол година што е градоначалник на Кичево еден албанец, и веќе тревога се дигна.
Верујте дека греењето е најмал проблем што го имаат учениците албанци било каде во државата. (да не зборам за општините каде македонец е градоначалник, ги множат со нула).

Ајде дај бројка колку шќиптарчиња немаат греење. Дај бројка колку шќиптарчиња биле убиени од страна на македонче. Вака без фактитативно излагање не се доловува реаљитетот.

Плус темава не е за тоа. Гледаш и сам дека е за двете училишта каде што има само ученици кои следат настава на македонски јазик. Дали мислиш дека е чиста случајност тоа што само тие две училишта немаат нафта?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom