Итно ми треба помош за семинарска

  • Креатор на темата Креатор на темата iphone help
  • Време на започнување Време на започнување
Сакате све на тацна, ќе идеш у библиотека ќе ти даде книга од 3000 страни и ќе фаќаш белешки а не copy/paste
 
Ама па и времето коа ги заебававме овие помина. И тоа е веќе досадно...
 
Ако дошло време кај што некој е исмејуван за тоа што бара литература за научен труд, наместо да гледал документарци, отишол светот у курац. Срамота, покварен народ кој е у први редови да мрчи наместо да помогне. Нашиве библиотеки ни по квантитет ни по квалитет не може да се мерат со странски литератури што можат да се најдат на .pdf по нетов. За моите семинарски користам литератури на Англиски од по 500+ страни, кој е уште потежок кога ќе треба да фатиш да ги разглобуваш тие стручни термини. Али добро, следниот пат документарец ќе гледам и ќе фаќам белешки, наместо да читам дело на некој реномиран професор од Оксфорд или Кембриџ.
 
Не е проблемот што на некој ќе му дадеш книга туку тоа што воопшто не се ни труди сам да побара на интернет. Како може некој за 5 минути да му најде, а он не можел. o_O
Сакаат така да земат диплома, а утре ќе те лечат или ќе бидат професори на вашите деца. :D
 
Па и ова е барање по интернетот, затоа постојат луѓе кои се тука да ти излезат во пресрет.

Или, дали постојат?
 
Никогаш нема да прифатат дека школо се учи сам, со интересирање, а не на готово.
 
Никогаш нема да прифатат дека школо се учи сам, со интересирање, а не на готово. Најди ми, помогни ми... Ма дај
 
Па и ова е барање по интернетот, затоа постојат луѓе кои се тука да ти излезат во пресрет.

Или, дали постојат?
Па ај да му излеземе во пресрет и дипломската да му ја напишеме, само порано нека даде тема. :D
 
Јас колку што знам, кога се прави семинарска (или што и да е) прво се консултираш со менторот, разговарате за опширноста и границите на темата и ти дава основна литература.

Едно е да бараш дополнителна литература овде ама ова веќе е упм.

И не ми се правдајте дека немало на македонски јазик, и јас читам на 3-4 други јазици но читам и фаќам приблешки, преведувам некој потребен дел итн си го вежбам јазикот и преводот.
 
Разбирам да е некоја премногу стручна и спесифична тема и да побара помош. Затоа и повеќето се зафркаваат. Значи на онаа тема ако неможе да најде литература...... Проблемот е во мрзата.
 
Насловов е итно ми треба помош а не неспособноста на младите да направат семинарска. Побара помош,помогнете или скокнете ја темава. Само генијалци на форумот кога се криете под анонимноста, се чудам надвор во реалниот свет кај сте. Изглеа читате книги од 3000 страни за небитна семинарска,во време кога интернетот има безброј повеќе податоци од било која библиотека.
 
Разбирам да е некоја премногу стручна и спесифична тема и да побара помош. Затоа и повеќето се зафркаваат. Значи на онаа тема ако неможе да најде литература...... Проблемот е во мрзата.
па баш за стручната литература има повеке податоци од а до ш има, а за овие глупи теми ништо нема улога на здраствен работник како да комуницира у 2 реченици напишеш се хахах а за дипломска месец унапред ви ја давам
 
Јас колку што знам, кога се прави семинарска (или што и да е) прво се консултираш со менторот, разговарате за опширноста и границите на темата и ти дава основна литература.

Едно е да бараш дополнителна литература овде ама ова веќе е упм.

И не ми се правдајте дека немало на македонски јазик, и јас читам на 3-4 други јазици но читам и фаќам приблешки, преведувам некој потребен дел итн си го вежбам јазикот и преводот.

Ментор за семинарска? :)
Па уште и консултации?

Јас завршив приватен факултет пред 100 години што се вика и го немаше тоа таму, не па на некој државен (не дека сега има некоја драстична разлика).

Ама пак не ми е јасно, како за семинарска прво да се консултираш, па после и ментор. Професор ти вика, направи семинарска за тоа и тоа.

Причини за правење семинарска

- Мораш да направиш, за да имаш право да полагаш
- Составен дел од полагањето на испитот
- Сакаш поголема оценка, направи семинарска

Дечкото дојде по помош. Не сакате да му помогнете, одминете ја темава ама не, мора да се просере за новите генерации, како биле неспособни. Ко пензионери некои сте станале, кога серат у автобус за младите генерации а па од друга страна симињате капа на студентите (исто така, младите генерации) што излегле на студентски протест.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom