M
mar30
Гостин
шо е разликава во не и воздржан/а?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ти со твоите смешковци, даваш тежина на дебатава. Повеќе ум и размислувања имам видено во пост на шумеча таблета во ДК, отколку во твоите заедно.Како прво не мешај работи ,како второ ние сме една улица од Пакистан,Јапонија и Индонезија, Како трето штом ме прашуваш вакви прашања
не заслужуваш да бидеш дел од оваа дебата
![]()
Ќе ги најдат во Кабул.Па во право си, само ако не најдат на картата...
Безбедност од што, од кој ? Освен Србија земјите околу нас се НАТО, чим е безбедност НАТО не треба да се плашиме. А доколку има внатрешен немир во државава пази НАТО да не ни го спасат гзот случајно, туку напротив. Се знае кои се пиони овде на НАТО и Американците, слушнете ги само последните изјави на амбасадорот Волерс како ги брани подржувачите на убиците.
Како што и самиот кажуваш Србија нема што да се меша, не може ни со прст да мрдне, што значи дека Косово не е членка но е под чадор на НАТО. Што уствари не доведува до вртење у круг. Бил ти или не у НАТО пак ќе си ги бркаат они своите интереси на сметка на нас. Те молам тие геополитички причини кои што ги споменуваш се крајно злобни. Уствари хуманитарната НАТО организација која обезбедува мир нас не уценува дека ако не влеземе а под тоа и да го промениме името, кад тад ќе ви ги с'снеме Албанците и со наша логистичка подршка ќе ви ја распарчиме државата.Па и Косово не е членка на НАТО, утре кој ќе ти дава тебе гаранција дека Косово нема да војува со МКД ? Немој да забораваш дека политиките на Балканот често пати знае да направи и изненадувачки маневри,доколку МКД упорно остане надвор од НАТО, постои шанси албанците заради геополитички причини на Американците да се кренат пак на востание против македонската држава, само овој пат не за човекови права туку за поделба, па можеби ќе се приклучат на Косово, А инаку Косово не е членка на ООН, ниту пак во НАТО, значи на меѓународен план нема да одговарат пред никој, освен на Американците, а во тој случај МКД ќе остане многу слаба од безбедносен аспект, Србија нема да се меша заради стравот од САД, а додека пак македонските албанци од МКД ќе добиваат секаква политичка и воена логистика од САД и НАТО... А инаку за МКД и регионот, Големо Косово е поголема опасност од Голема Албанија..
Како што и самиот кажуваш Србија нема што да се меша, не може ни со прст да мрдне, што значи дека Косово не е членка но е под чадор на НАТО. Што уствари не доведува до вртење у круг. Бил ти или не у НАТО пак ќе си ги бркаат они своите интереси на сметка на нас. Те молам тие геополитички причини кои што ги споменуваш се крајно злобни. Уствари хуманитарната НАТО организација која обезбедува мир нас не уценува дека ако не влеземе а под тоа и да го промениме името, кад тад ќе ви ги с'снеме Албанците и со наша логистичка подршка ќе ви ја распарчиме државата.
Мојот став е дека не сум за влез во време кога растат други светски сојузи и кога НАТО повеќе нема да е единствената доминантна меѓународна ''безбедносна'' организација.
Многу просто и едноставно,значи не треба да си доктор професор за да сфатиш што ќе се случи во иднина ако не се влезе во НАТО, многу просто е бе друже..
МКД со ЕУ и НАТО = Просперитет,голема економска динамика,квалитетен живот за сите граѓани како никогаш што не било, па потоа историски можности за сите македонски граѓани,,,и уште мнооогууу странски инвестиции од светски брендови итн, а безбедноста ќе се гарантира засекогаш,нема да живееш со ризик некој да не ти ја федерализира земјата или да ти ја распарчи. Суверенитетот и интегритетот на државата како никогаш до сега ќе се гарантира, и што е најбитно, конечно и МКД ќе личи на една нормална европска и просперитетна земја.
А МКД без НАТО и ЕУ = Цел живот безбедносен ризик од албанските радикални структури,уценувачки политики од соседите,несигурност,иселувања,демографски порази,големи економски и политички кризи,социјални катаклизми итн.. А најлошо што ќе се случи ќе биде или федерализација или распад..
За жал ова е реалноста за македонската држава, доколку не се реши спорот со Грција и доколку не влезе во ЕУ и НАТО..
Многу просто и едноставно,значи не треба да си доктор професор за да сфатиш што ќе се случи во иднина ако не се влезе во НАТО, многу просто е бе друже..
МКД со ЕУ и НАТО = Просперитет,голема економска динамика,квалитетен живот за сите граѓани како никогаш што не било, па потоа историски можности за сите млади ,,,и уште мнооогууу странски инвестиции од светски брендови итн, а безбедноста ќе се гарантира засекогаш,нема да живееш со ризик некој да не ти ја федерализира земјата или да ти ја распарчи. Суверенитетот и интегритетот на државата како никогаш до сега ќе се гарантира, и што е најбитно, конечно и МКД ќе личи на една нормална европска и просперитетна земја со среќни луѓе..
А МКД без НАТО и ЕУ = Цел живот безбедносен ризик од албанските радикални структури,уценувачки политики од соседите,несигурност,иселувања,демографски порази,големи економски и политички кризи,социјални катаклизми итн.. А најлошо што ќе се случи ќе биде или федерализација или распад..
За жал ова е реалноста за македонската држава доколку не се реши спорот со Грција и доколку не влезе во ЕУ и НАТО..
Сериозно ?За овие набројани проблеми имаме такозвани институции.Друго е дали си ја вршат работата.НАТО не е организација за решавање внатрешни проблеми.А имаме и Министерство за надворешни работи за комшиите.Најбитно од се, со нив имаме многу блиска економска соработка, така да заканата од нив е далеку понереална од внатрешните закани.Ако на една Словенија кој е опкружена од Австрија, Унгарија, Италија и Хрватска во глобала сите мирољубиви и цивилизирани народи без никакви претензии за нејзината територија влезе во НАТО и секоја годнина ја модернизира својата армија,како можеш да кажеш дека на Македонија не и е потребен никаков воен сојуз па уште и војска ако и биде потребна
Се каменуваа кај се сака,ја ракетираа владата,2001 сите ја памтиме,илирида патролира низ Скопје,грците само ни гледаат сеир,за БУгарија сме ист народ и територија,во Косово никој не знае што криминал се врти а ти трескаш зелени по форуми како тоа не ни треба ниту НАТО ниту АРМИЈА
За доброто на македонците е потребно и Еу и Нато зашто држава кој на хартија има 2 милиони со 25% малцинство не и се пишува добро ако не влезе во некој сојуз
Сешто ке прочиташ од неначитани луѓе![]()
шо е разликава во не и воздржан/а?
Јас мислам дека доколку не се реши спорот за името наскоро Мкд ќе се дестабилизира поново, а потоа или ќе се федерализира или ќе се распадне, ова е сурова реалност за сите што живеат во Мкд.. Заради тоа потребно е РЕШЕНИЕ за името што е можно поскоро, само така може да се оди напред, иднината на Мкд е во ЕУ и НАТО, нема друга алтернатива сфатете веќе еднаш засекогаш..Oва... сериозен си?
Небулози на тони.
Башка, решението на проблемот кој поранешната отоманска провинција го има со името МАКЕДОНИЈА е едноставен.
Република Македонија erga omnes, а поранешната отоманска провинција може да си ебе матер.
Јас искрено ги знам овие работи и добро ги памтам,но зашто државниот врв не покаже малку повеке капацитет и малку повеке актуализрање на овие работи,зашто не се извлече користСериозно ?За овие набројани проблеми имаме такозвани институции.Друго е дали си ја вршат работата.НАТО не е организација за решавање внатрешни проблеми.А имаме и Министерство за надворешни работи за комшиите.Најбитно од се, со нив имаме многу блиска економска соработка, така да заканата од нив е далеку понереална од внатрешните закани.
Друга работа е нивната позиција (и НАТО и ЕУ) баш во таа 2001-ва шо ја спомна, само малку им избега од контрола планот, оти бевме нели ‘слаба држава со слаба армија‘.Работите пропаднаа на ‘дипломатски план‘.И пак тогаш граѓаните не беа прашани со референдум, не плашеа со закани за војна тогаш, па за референдумот за нова територијална поделба (и после двете промени, работите не одат на подобро!) како и сега со слични работи.
За внатрешни проблеми барем е лесно, потребно е само решителност, ум и пар јајца.Барањето изговори од типот надворешни притисоци се бегање од одговорност за сопствената неспособност и алчност во други сегменти од власта.И ако сакале да сме нивни членки досега 14 пати ќе бевме влезени.Нејќат да сме нивни членки, ама интерес им е да работиме за нивниот интерес.Исто како шо беше од интерес продолжување на функционирањето на НАТО после снемување на причината за негово формирање.
Нашите војници беа во мисии и на НАТО (во Авганистан со двојно поголем персонал од едни Франција, Норвешка, Велгија , Полска, Португалија; во Ирак со 500 војници!) и на ЕУ (БиХ) и на ООН (Либан).Без ниту една жртва (Оосвен несреќата со хеликоптерот која не беше во воени услови).Во 2007 дури и се одржа самит на Нато во Охрид.Каква беше улогата на Македонија во 1999 за време на агресијата врз тогашна Југославија се сеќаваш?
И кога веќе спомна мирни, напредни и демократски држави, потсети се дали таа војна (и другите две поназад набројани) беше поради воен напад на земја членка на НАТО или инвазија?
.По многу постапки и делувања ние ‘сме‘ членка на НАТО, а од друга страна сме отфрлувани во секоја можна ситуација.Постепениот пристап кон ЕУ во смисла намалување или целосно укинување на увозни давачки за нивните производи кај нас, а барање милион процедури за нашиот извоз кај нив.Прилично нелогично за пропагатори на слободна трговија.
И уште мислиш дека ние спрема нив се однесуваме потценувачки?
* Австрија не е членка на НАТО.После 2 СВ се лимитирани на само лесно вооружени формации, со примарна цел заштита од природни непогоди и на неутралност.Истото е запишано во нивниот устав.Слично како и Германија и Јапонија.Нивните приказни станаа поинакви.
То ти е исто како пред избори, имаш 30% тврдокорно воздржани кои на денот на гласање се стопиле до 12% поради покриените дупки по сокачињата претходната вечер или можноста за бркање од место заменик-потрчко во УМС на внукот од сестра на колега од комшијата.
Зошто пак ја вртиш работата во смисла пак е наша вина, недоволно ангажирање итн...па барем 2 грама самопочит да имаме како некаков (каков таков) народ.Не е крив Грујо за зголемениот анимозитет спрема ЕУ/НАТО, едноставно тие му свршија работа со нивните одлуки спрема нас, а него му дојде како порачано.Јас искрено ги знам овие работи и добро ги памтам,но зашто државниот врв не покаже малку повеке капацитет и малку повеке актуализрање на овие работи,зашто не се извлече корист
Ние не сме земја членка, пракаме војници,официјално сакаме да бидеме,а кај народот се шири анти нато кампања
Ама пак ни го спопикаа ‘пријателите‘...Во исто време Бугарија ѝ понуди на Македонија употреба на нејзиното пристаниште во Бургас. Албанскиот претседател Сали Бериша ги стави сите услуги на пристаништето во Драч на располагање на Македонија. Турскиот претседател Сулејман Демирел ѝ понуди на Македонија користење на турските пристаништа и вети турска помош.
Од друга страна Франција, ВБ, Германија, Италија, Данска и Холандија ја тужат на европски суд на правдата за ембаргото.
Имаме.Ама дали сме нормална држава...Овде механичарот е хирург, а хирургот е министер за земјоделство.Ние сме ебани и од нашите и од странците и од сопствената несигурност.Дај одговори ми малку на ова
Сме имале такозвани институции ова извини ама ми звучи премногу ПОЗИЦИСКИ...
Во 2001 не ни бевме планирани во Нато.Немаше ‘оладување‘ на јавното мислење овде и во Косово 2 години претходно, па и бившата држава.Па после набрзина се попаливме на мед и млеко утредента после влезот во ЕУ.како да слушам вести,гледаш какви жаришта се отвараат низ светот,гледаш како се променува демографската состојба во земјава,гледаш ли дека ако не си со нив автоматски си против нив,сите ја спомнуваат 2001 но дали ке се случеше 2001 ако ние веке бевме во Нато ...
Во ОН сме под Фиром.‘Времено‘.Во НАТО и ЕУ нејќат ни така.ЈА не викам да се смени името да влеземе во Нато,туку да се излобира да се потрудиме да влеземе на некој начин.
За армија не спомнав и не мислам дека не е потребна.Исто и за полицијата.Ама не во стил преторијански гарди.Премногу ми е плитко мислење у стилот не ни треба армија,не ни треба НАто,не ни треба Еу. сите не мразат,2001 крива ни е америка НИШТО НЕ НИ Е ПОТРЕБНО
Не ги мешај спомениците.Не ја рѓосувај темава.А потребно е многу споменици,антички приказни и ред други глупости со кој се подгрева некој лажен патриотизам а ние сме јадни за жалење.
(повеке од половина извозот ни е орентиран кон еу, ние имаме потпишано многу спогодби и договори за економска соработка со еу,кај ке одиме доколку ја отфрлиме)
или веруваш дека Субрата рој и остала багра од Отомански фирми ке не спаси
Еве и сега не сме во ЕУ и сега тргуваме со нив.Германија и Италија меѓу првите трговски партнери,Зошто пак ја вртиш работата во смисла пак е наша вина, недоволно ангажирање итн...па барем 2 грама самопочит да имаме како некаков (каков таков) народ.Не е крив Грујо за зголемениот анимозитет спрема ЕУ/НАТО, едноставно тие му свршија работа со нивните одлуки спрема нас, а него му дојде како порачано.
Како сакаш да не е антикампања кога си искористен?
А од друга страна планираш да поправаш со уште толку самопонижување и отстапки?
Ако добро памтиш, потсети се за ‘привремената референца‘ уште од 93-та.Тие 3-4 месеци испаднаа 21 година - засега.Добивме ембарго со проценети 2 милијарди долари загуба.Иницијатор за изградба на пруга кон Бугарија.За наше добро!
Сепак Ама пак ни го спопикаа ‘пријателите‘...
1995 - промена на знамето, за подобри меѓусоседски односи и но ембарго - за наше добро
1999 - примање еден куп бегалци (250-350 илјади според различни извори) видовме тие шо останаа какви подобрувања ни донесоа, трошоци - пак за наше добро
2001 - Маркирање граници со тогашна Југославија (а после нивната покраина), за подобри меѓусоседски односи - Танушевци, Пчињски, 80 загинати, отселени и мртва економија - за наше добро
2001- Рамковен договор, за мир во светот и добри меѓуетнички односи - за наше добро Само поголем раздор и уште полоша економија
2004 - Референдум за територијална организација, некои прашања не заслужуваа одговор - за наше добро.
Денеска имаме факултет во секоја штала, немаме струја и парно во школи, за периодите кога децата не се зафатени со меѓусебно колење - за наше добро
2004 - Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ.За 3-6 години влезните давачки намалени за 50 до 100%.Ние неофицијално добиваме милион бариери и шиканирања за извоз - за наше добро.
Се менуваа 2 партии со 3-4 ‘лидери‘.Во сите случаи имаме отстапки, никогаш не било ни 50-50.Гледаме денес каков е напредокот.Првенствено во економска смисла (зошто се лажеле луѓе дека ќе добијат економски напредок со политички одлуки), па во секоја друга.Едноставно - упм.
Имаме.Ама дали сме нормална држава...Овде механичарот е хирург, а хирургот е министер за земјоделство.Ние сме ебани и од нашите и од странците и од сопствената несигурност.
Во 2001 не ни бевме планирани во Нато.Немаше ‘оладување‘ на јавното мислење овде и во Косово 2 години претходно, па и бившата држава.Па после набрзина се попаливме на мед и млеко утредента после влезот во ЕУ.
Во ОН сме под Фиром.‘Времено‘.Во НАТО и ЕУ нејќат ни така.
За армија не спомнав и не мислам дека не е потребна.Исто и за полицијата.Ама не во стил преторијански гарди.
Не ги мешај спомениците.Не ја рѓосувај темава.
Еве и сега не сме во ЕУ и сега тргуваме со нив.Германија и Италија меѓу првите трговски партнери.И Грција ни е меѓу најголемите трговски партнери и не е ништо спорно ни страшно, баш напротив.Логично со соседите да имаш високо ниво на трговија.И со Русија тргуваме и со Кина.Само нашиве клептомани се презафатени со префрлање државен капитал во сопствени бизниси, па не можат да помогнат колку е можно за зголемен извоз.Земјоделска држава, а увозот тука ни е најголем.Од пиле до млеко.Па да продолжиме да тргуваме со сите најнормално, а да не сме обврзани во некакви друштва и сојузи.И така ти викам, утопија...