Дали сте за влез на Македонија во НАТО?

  • Креатор на темата Креатор на темата глагол
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за влез на Македонија во НАТО?

  • Вкупно гласачи
    115
:pos: Како прво не мешај работи ,како второ ние сме една улица од Пакистан,Јапонија и Индонезија, Како трето штом ме прашуваш вакви прашања :facepalm: не заслужуваш да бидеш дел од оваа дебата:pos:
Ти со твоите смешковци, даваш тежина на дебатава. Повеќе ум и размислувања имам видено во пост на шумеча таблета во ДК, отколку во твоите заедно.
Прво. НАТО е создаден како контратежа на СССР. СССР не постои, постои Русија. Зашто Андора не е членка на НАТО? Не е стратешки блиска до Русија. Верувај, ни Молдавија не е развиена. Ама за пентагон и Брисел, верувај дека е битна. Грузија во 2008. Мислиш го заболе пенисот американчето за Грузија.
НАТО се доближува до Русија. Основна цел.
Па во право си, само ако не најдат на картата...
Ќе ги најдат во Кабул.
 
Џабе муабети,џабе анкети не е прашањето дали ние сакаме во НАТО или не.Прашањето е дали они не сакаат нас?Сите го знаеме одговорот да сакале они Македонија да биде во нато нас ли ќе не прашаа?Не прашаа ли за рамковниот?Не прашаа ли за косово дали сакаме да го признаеме?Доста детски муабети да сакаа они пеесет пати ќе не примеа па и пеесет пати ќе не изнркаа.Џабе мењавање на име,јазик,вера,нација и пол да смениме на крај пак не не сакаат.Доста сонови гледајте реално.
 
Безбедност од што, од кој ? Освен Србија земјите околу нас се НАТО, чим е безбедност НАТО не треба да се плашиме. А доколку има внатрешен немир во државава пази НАТО да не ни го спасат гзот случајно, туку напротив. Се знае кои се пиони овде на НАТО и Американците, слушнете ги само последните изјави на амбасадорот Волерс како ги брани подржувачите на убиците.

Па и Косово не е членка на НАТО, утре кој ќе ти дава тебе гаранција дека Косово нема да војува со МКД ? Немој да забораваш дека политиките на Балканот често пати знае да направи и изненадувачки маневри,доколку МКД упорно остане надвор од НАТО, постои шанси албанците заради геополитички причини на Американците да се кренат пак на востание против македонската држава, само овој пат не за човекови права туку за поделба, па можеби ќе се приклучат на Косово, А инаку Косово не е членка на ООН, ниту пак во НАТО, значи на меѓународен план нема да одговарат пред никој, освен на Американците, а во тој случај МКД ќе остане многу слаба од безбедносен аспект, Србија нема да се меша заради стравот од САД, а додека пак македонските албанци од МКД ќе добиваат секаква политичка и воена логистика од САД и НАТО... А инаку за МКД и регионот, Големо Косово е поголема опасност од Голема Албанија..
 
Како што и самиот кажуваш Србија нема што да се меша, не може ни со прст да мрдне, што значи дека Косово не е членка но е под чадор на НАТО. Што уствари не доведува до вртење у круг. Бил ти или не у НАТО пак ќе си ги бркаат они своите интереси на сметка на нас. Те молам тие геополитички причини кои што ги споменуваш се крајно злобни. Уствари хуманитарната НАТО организација која обезбедува мир нас не уценува дека ако не влеземе а под тоа и да го промениме името, кад тад ќе ви ги с'снеме Албанците и со наша логистичка подршка ќе ви ја распарчиме државата.
Мојот став е дека не сум за влез во време кога растат други светски сојузи и кога НАТО повеќе нема да е единствената доминантна меѓународна ''безбедносна'' организација.
 
Многу просто и едноставно,значи не треба да си доктор професор за да сфатиш што ќе се случи во иднина ако не се влезе во НАТО, многу просто е бе друже..

МКД со ЕУ и НАТО = Просперитет,голема економска динамика,квалитетен живот за сите граѓани како никогаш што не било, па потоа историски можности за сите млади ,,,и уште мнооогууу странски инвестиции од светски брендови итн, а безбедноста ќе се гарантира засекогаш,нема да живееш со ризик некој да не ти ја федерализира земјата или да ти ја распарчи. Суверенитетот и интегритетот на државата како никогаш до сега ќе се гарантира, и што е најбитно, конечно и МКД ќе личи на една нормална европска и просперитетна земја со среќни луѓе..

А МКД без НАТО и ЕУ = Цел живот безбедносен ризик од албанските радикални структури,уценувачки политики од соседите,несигурност,иселувања,демографски порази,големи економски и политички кризи,социјални катаклизми итн.. А најлошо што ќе се случи ќе биде или федерализација или распад..

За жал ова е реалноста за македонската држава доколку не се реши спорот со Грција и доколку не влезе во ЕУ и НАТО..
 
МКД со ЕУ и НАТО = Просперитет,голема економска динамика,квалитетен живот за сите граѓани како никогаш што не било, па потоа историски можности за сите македонски граѓани,,,и уште мнооогууу странски инвестиции од светски брендови итн, а безбедноста ќе се гарантира засекогаш,нема да живееш со ризик некој да не ти ја федерализира земјата или да ти ја распарчи. Суверенитетот и интегритетот на државата како никогаш до сега ќе се гарантира, и што е најбитно, конечно и МКД ќе личи на една нормална европска и просперитетна земја.

А МКД без НАТО и ЕУ = Цел живот безбедносен ризик од албанските радикални структури,уценувачки политики од соседите,несигурност,иселувања,демографски порази,големи економски и политички кризи,социјални катаклизми итн.. А најлошо што ќе се случи ќе биде или федерализација или распад..

За жал ова е реалноста за македонската држава, доколку не се реши спорот со Грција и доколку не влезе во ЕУ и НАТО..

Последно пишуваше во Шпигел дека Грција ќе се согласи да влезиме во НАТО и ЕУ со името Република Македонија во замена да се избрише јавниот долг на Грција и со тоа да заврши библискиот спор околу името.

Ми текна ти се согласуваш со вакво сценарио?
 
Многу просто и едноставно,значи не треба да си доктор професор за да сфатиш што ќе се случи во иднина ако не се влезе во НАТО, многу просто е бе друже..

МКД со ЕУ и НАТО = Просперитет,голема економска динамика,квалитетен живот за сите граѓани како никогаш што не било, па потоа историски можности за сите млади ,,,и уште мнооогууу странски инвестиции од светски брендови итн, а безбедноста ќе се гарантира засекогаш,нема да живееш со ризик некој да не ти ја федерализира земјата или да ти ја распарчи. Суверенитетот и интегритетот на државата како никогаш до сега ќе се гарантира, и што е најбитно, конечно и МКД ќе личи на една нормална европска и просперитетна земја со среќни луѓе..

А МКД без НАТО и ЕУ = Цел живот безбедносен ризик од албанските радикални структури,уценувачки политики од соседите,несигурност,иселувања,демографски порази,големи економски и политички кризи,социјални катаклизми итн.. А најлошо што ќе се случи ќе биде или федерализација или распад..

За жал ова е реалноста за македонската држава доколку не се реши спорот со Грција и доколку не влезе во ЕУ и НАТО..

Oва... сериозен си?
Небулози на тони.
Башка, решението на проблемот кој поранешната отоманска провинција го има со името МАКЕДОНИЈА е едноставен.
Република Македонија erga omnes, а поранешната отоманска провинција може да си ебе матер.
 
Ако на една Словенија кој е опкружена од Австрија, Унгарија, Италија и Хрватска во глобала сите мирољубиви и цивилизирани народи без никакви претензии за нејзината територија влезе во НАТО и секоја годнина ја модернизира својата армија,како можеш да кажеш дека на Македонија не и е потребен никаков воен сојуз па уште и војска ако и биде потребна:tapp:
Се каменуваа кај се сака,ја ракетираа владата,2001 сите ја памтиме,илирида патролира низ Скопје,грците само ни гледаат сеир,за БУгарија сме ист народ и територија,во Косово никој не знае што криминал се врти а ти трескаш зелени по форуми како тоа не ни треба ниту НАТО ниту АРМИЈА
За доброто на македонците е потребно и Еу и Нато
зашто држава кој на хартија има 2 милиони со 25% малцинство не и се пишува добро ако не влезе во некој сојуз
Сешто ке прочиташ од неначитани луѓе :facepalm:
Сериозно ?За овие набројани проблеми имаме такозвани институции.Друго е дали си ја вршат работата.НАТО не е организација за решавање внатрешни проблеми.А имаме и Министерство за надворешни работи за комшиите.Најбитно од се, со нив имаме многу блиска економска соработка, така да заканата од нив е далеку понереална од внатрешните закани.

Друга работа е нивната позиција (и НАТО и ЕУ) баш во таа 2001-ва шо ја спомна, само малку им избега од контрола планот, оти бевме нели ‘слаба држава со слаба армија‘.Работите пропаднаа на ‘дипломатски план‘.И пак тогаш граѓаните не беа прашани со референдум, не плашеа со закани за војна тогаш, па за референдумот за нова територијална поделба (и после двете промени, работите не одат на подобро!) како и сега со слични работи.
За внатрешни проблеми барем е лесно, потребно е само решителност, ум и пар јајца.Барањето изговори од типот надворешни притисоци се бегање од одговорност за сопствената неспособност и алчност во други сегменти од власта.И ако сакале да сме нивни членки досега 14 пати ќе бевме влезени.Нејќат да сме нивни членки, ама интерес им е да работиме за нивниот интерес.Исто како шо беше од интерес продолжување на функционирањето на НАТО после снемување на причината за негово формирање.
Нашите војници беа во мисии и на НАТО (во Авганистан со двојно поголем персонал од едни Франција, Норвешка, Велгија , Полска, Португалија; во Ирак со 500 војници!) и на ЕУ (БиХ) и на ООН (Либан).Без ниту една жртва (Оосвен несреќата со хеликоптерот која не беше во воени услови).Во 2007 дури и се одржа самит на Нато во Охрид.Каква беше улогата на Македонија во 1999 за време на агресијата врз тогашна Југославија се сеќаваш?
И кога веќе спомна мирни, напредни и демократски држави, потсети се дали таа војна (и другите две поназад набројани) беше поради воен напад на земја членка на НАТО или инвазија?

.По многу постапки и делувања ние ‘сме‘ членка на НАТО, а од друга страна сме отфрлувани во секоја можна ситуација.Постепениот пристап кон ЕУ во смисла намалување или целосно укинување на увозни давачки за нивните производи кај нас, а барање милион процедури за нашиот извоз кај нив.Прилично нелогично за пропагатори на слободна трговија.
И уште мислиш дека ние спрема нив се однесуваме потценувачки?

* Австрија не е членка на НАТО.После 2 СВ се лимитирани на само лесно вооружени формации, со примарна цел заштита од природни непогоди и на неутралност.Истото е запишано во нивниот устав.Слично како и Германија и Јапонија.Нивните приказни станаа поинакви.

шо е разликава во не и воздржан/а?

То ти е исто како пред избори, имаш 30% тврдокорно воздржани кои на денот на гласање се стопиле до 12% поради покриените дупки по сокачињата претходната вечер или можноста за бркање од место заменик-потрчко во УМС на внукот од сестра на колега од комшијата.
 
Последно уредено:
Oва... сериозен си?
Небулози на тони.
Башка, решението на проблемот кој поранешната отоманска провинција го има со името МАКЕДОНИЈА е едноставен.
Република Македонија erga omnes, а поранешната отоманска провинција може да си ебе матер.
Јас мислам дека доколку не се реши спорот за името наскоро Мкд ќе се дестабилизира поново, а потоа или ќе се федерализира или ќе се распадне, ова е сурова реалност за сите што живеат во Мкд.. Заради тоа потребно е РЕШЕНИЕ за името што е можно поскоро, само така може да се оди напред, иднината на Мкд е во ЕУ и НАТО, нема друга алтернатива сфатете веќе еднаш засекогаш..

Истото мислење има и Могерини и тоа уште пред 2 месеци

Могерини: Ако не се реши прашањето за името можна е дестабилизација
Ако набрзо не се реши спорот со името околу Грција, состојбите во Македонија може да тргнат во непосакуван правец. Претставничката за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и шеф на италијанската дипломатија, денеска во Европскиот парламент предупреди дека Брисел треба да вложи поголем напор во контактите со Македонија и со останатите држави за да се дојде до решение со Грција. Сепак, Могерини не знаеше да објасни, како би се решил спорот меѓу Скопје и Атина.

Могерини уште еднаш потсети дека процесот на проширување останува на агендата на италијанското претседателстви и истакна дека очекува Македонија и Грција да најдат решение кое би ја тргнало пречката од македонскиот евроинтегративен пат. Изјавата на Могерини доаѓа на само два дена од стартот на нејзиниот мандат на позицијата шеф на европската дипломатија, каде ја наследи Кетрин Ештон.
http://www.sitel.com.mk/mogerini-ako-ne-se-reshi-prashanjeto-za-imeto-mozhna-e-destabilizacija-0
 
Сериозно ?За овие набројани проблеми имаме такозвани институции.Друго е дали си ја вршат работата.НАТО не е организација за решавање внатрешни проблеми.А имаме и Министерство за надворешни работи за комшиите.Најбитно од се, со нив имаме многу блиска економска соработка, така да заканата од нив е далеку понереална од внатрешните закани.

Друга работа е нивната позиција (и НАТО и ЕУ) баш во таа 2001-ва шо ја спомна, само малку им избега од контрола планот, оти бевме нели ‘слаба држава со слаба армија‘.Работите пропаднаа на ‘дипломатски план‘.И пак тогаш граѓаните не беа прашани со референдум, не плашеа со закани за војна тогаш, па за референдумот за нова територијална поделба (и после двете промени, работите не одат на подобро!) како и сега со слични работи.
За внатрешни проблеми барем е лесно, потребно е само решителност, ум и пар јајца.Барањето изговори од типот надворешни притисоци се бегање од одговорност за сопствената неспособност и алчност во други сегменти од власта.И ако сакале да сме нивни членки досега 14 пати ќе бевме влезени.Нејќат да сме нивни членки, ама интерес им е да работиме за нивниот интерес.Исто како шо беше од интерес продолжување на функционирањето на НАТО после снемување на причината за негово формирање.
Нашите војници беа во мисии и на НАТО (во Авганистан со двојно поголем персонал од едни Франција, Норвешка, Велгија , Полска, Португалија; во Ирак со 500 војници!) и на ЕУ (БиХ) и на ООН (Либан).Без ниту една жртва (Оосвен несреќата со хеликоптерот која не беше во воени услови).Во 2007 дури и се одржа самит на Нато во Охрид.Каква беше улогата на Македонија во 1999 за време на агресијата врз тогашна Југославија се сеќаваш?
И кога веќе спомна мирни, напредни и демократски држави, потсети се дали таа војна (и другите две поназад набројани) беше поради воен напад на земја членка на НАТО или инвазија?

.По многу постапки и делувања ние ‘сме‘ членка на НАТО, а од друга страна сме отфрлувани во секоја можна ситуација.Постепениот пристап кон ЕУ во смисла намалување или целосно укинување на увозни давачки за нивните производи кај нас, а барање милион процедури за нашиот извоз кај нив.Прилично нелогично за пропагатори на слободна трговија.
И уште мислиш дека ние спрема нив се однесуваме потценувачки?

* Австрија не е членка на НАТО.После 2 СВ се лимитирани на само лесно вооружени формации, со примарна цел заштита од природни непогоди и на неутралност.Истото е запишано во нивниот устав.Слично како и Германија и Јапонија.Нивните приказни станаа поинакви.

То ти е исто како пред избори, имаш 30% тврдокорно воздржани кои на денот на гласање се стопиле до 12% поради покриените дупки по сокачињата претходната вечер или можноста за бркање од место заменик-потрчко во УМС на внукот од сестра на колега од комшијата.
Јас искрено ги знам овие работи и добро ги памтам,но зашто државниот врв не покаже малку повеке капацитет и малку повеке актуализрање на овие работи,зашто не се извлече корист
Ние не сме земја членка, пракаме војници,официјално сакаме да бидеме,а кај народот се шири анти нато кампања
Дај одговори ми малку на ова
Сме имале такозвани институции ова извини ама ми звучи премногу ПОЗИЦИСКИ...како да слушам вести,гледаш какви жаришта се отвараат низ светот,гледаш како се променува демографската состојба во земјава,гледаш ли дека ако не си со нив автоматски си против нив,сите ја спомнуваат 2001 но дали ке се случеше 2001 ако ние веке бевме во Нато ...
ЈА не викам да се смени името да влеземе во Нато,туку да се излобира да се потрудиме да влеземе на некој начин.
Премногу ми е плитко мислење у стилот не ни треба армија,не ни треба НАто,не ни треба Еу. сите не мразат,2001 крива ни е америка НИШТО НЕ НИ Е ПОТРЕБНО
А потребно е многу споменици,антички приказни и ред други глупости со кој се подгрева некој лажен патриотизам а ние сме јадни за жалење.
(повеке од половина извозот ни е орентиран кон еу, ние имаме потпишано многу спогодби и договори за економска соработка со еу,кај ке одиме доколку ја отфрлиме)
или веруваш дека Субрата рој и остала багра од Отомански фирми ке не спаси
 
Јас искрено ги знам овие работи и добро ги памтам,но зашто државниот врв не покаже малку повеке капацитет и малку повеке актуализрање на овие работи,зашто не се извлече корист
Ние не сме земја членка, пракаме војници,официјално сакаме да бидеме,а кај народот се шири анти нато кампања
Зошто пак ја вртиш работата во смисла пак е наша вина, недоволно ангажирање итн...па барем 2 грама самопочит да имаме како некаков (каков таков) народ.Не е крив Грујо за зголемениот анимозитет спрема ЕУ/НАТО, едноставно тие му свршија работа со нивните одлуки спрема нас, а него му дојде како порачано.
Како сакаш да не е антикампања кога си искористен?
А од друга страна планираш да поправаш со уште толку самопонижување и отстапки?

Ако добро памтиш, потсети се за ‘привремената референца‘ уште од 93-та.Тие 3-4 месеци испаднаа 21 година - засега.Добивме ембарго со проценети 2 милијарди долари загуба.Иницијатор за изградба на пруга кон Бугарија.За наше добро!
Сепак
Во исто време Бугарија ѝ понуди на Македонија употреба на нејзиното пристаниште во Бургас. Албанскиот претседател Сали Бериша ги стави сите услуги на пристаништето во Драч на располагање на Македонија. Турскиот претседател Сулејман Демирел ѝ понуди на Македонија користење на турските пристаништа и вети турска помош.
Од друга страна Франција, ВБ, Германија, Италија, Данска и Холандија ја тужат на европски суд на правдата за ембаргото.
Ама пак ни го спопикаа ‘пријателите‘...
1995 - промена на знамето, за подобри меѓусоседски односи и но ембарго - за наше добро
1999 - примање еден куп бегалци (250-350 илјади според различни извори) видовме тие шо останаа какви подобрувања ни донесоа, трошоци - пак за наше добро
2001 - Маркирање граници со тогашна Југославија (а после нивната покраина), за подобри меѓусоседски односи - Танушевци, Пчињски, 80 загинати, отселени и мртва економија - за наше добро
2001- Рамковен договор, за мир во светот и добри меѓуетнички односи - за наше добро Само поголем раздор и уште полоша економија
2004 - Референдум за територијална организација, некои прашања не заслужуваа одговор - за наше добро.
Денеска имаме факултет во секоја штала, немаме струја и парно во школи, за периодите кога децата не се зафатени со меѓусебно колење - за наше добро
2004 - Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ.За 3-6 години влезните давачки намалени за 50 до 100%.Ние неофицијално добиваме милион бариери и шиканирања за извоз - за наше добро.
Се менуваа 2 партии со 3-4 ‘лидери‘.Во сите случаи имаме отстапки, никогаш не било ни 50-50.Гледаме денес каков е напредокот.Првенствено во економска смисла (зошто се лажеле луѓе дека ќе добијат економски напредок со политички одлуки), па во секоја друга.Едноставно - упм.

Дај одговори ми малку на ова
Сме имале такозвани институции ова извини ама ми звучи премногу ПОЗИЦИСКИ...
Имаме.Ама дали сме нормална држава...Овде механичарот е хирург, а хирургот е министер за земјоделство.Ние сме ебани и од нашите и од странците и од сопствената несигурност.

како да слушам вести,гледаш какви жаришта се отвараат низ светот,гледаш како се променува демографската состојба во земјава,гледаш ли дека ако не си со нив автоматски си против нив,сите ја спомнуваат 2001 но дали ке се случеше 2001 ако ние веке бевме во Нато ...
Во 2001 не ни бевме планирани во Нато.Немаше ‘оладување‘ на јавното мислење овде и во Косово 2 години претходно, па и бившата држава.Па после набрзина се попаливме на мед и млеко утредента после влезот во ЕУ.

ЈА не викам да се смени името да влеземе во Нато,туку да се излобира да се потрудиме да влеземе на некој начин.
Во ОН сме под Фиром.‘Времено‘.Во НАТО и ЕУ нејќат ни така.

Премногу ми е плитко мислење у стилот не ни треба армија,не ни треба НАто,не ни треба Еу. сите не мразат,2001 крива ни е америка НИШТО НЕ НИ Е ПОТРЕБНО
За армија не спомнав и не мислам дека не е потребна.Исто и за полицијата.Ама не во стил преторијански гарди.

А потребно е многу споменици,антички приказни и ред други глупости со кој се подгрева некој лажен патриотизам а ние сме јадни за жалење.
(повеке од половина извозот ни е орентиран кон еу, ние имаме потпишано многу спогодби и договори за економска соработка со еу,кај ке одиме доколку ја отфрлиме)
или веруваш дека Субрата рој и остала багра од Отомански фирми ке не спаси
Не ги мешај спомениците.Не ја рѓосувај темава.
Еве и сега не сме во ЕУ и сега тргуваме со нив.Германија и Италија меѓу првите трговски партнери.И Грција ни е меѓу најголемите трговски партнери и не е ништо спорно ни страшно, баш напротив.Логично со соседите да имаш високо ниво на трговија.И со Русија тргуваме и со Кина.Само нашиве клептомани се презафатени со префрлање државен капитал во сопствени бизниси, па не можат да помогнат колку е можно за зголемен извоз.Земјоделска држава, а увозот тука ни е најголем.Од пиле до млеко.Па да продолжиме да тргуваме со сите најнормално, а да не сме обврзани во некакви друштва и сојузи.И така ти викам, утопија...
 
Последно уредено:
Зошто пак ја вртиш работата во смисла пак е наша вина, недоволно ангажирање итн...па барем 2 грама самопочит да имаме како некаков (каков таков) народ.Не е крив Грујо за зголемениот анимозитет спрема ЕУ/НАТО, едноставно тие му свршија работа со нивните одлуки спрема нас, а него му дојде како порачано.
Како сакаш да не е антикампања кога си искористен?
А од друга страна планираш да поправаш со уште толку самопонижување и отстапки?

Ако добро памтиш, потсети се за ‘привремената референца‘ уште од 93-та.Тие 3-4 месеци испаднаа 21 година - засега.Добивме ембарго со проценети 2 милијарди долари загуба.Иницијатор за изградба на пруга кон Бугарија.За наше добро!
Сепак Ама пак ни го спопикаа ‘пријателите‘...
1995 - промена на знамето, за подобри меѓусоседски односи и но ембарго - за наше добро
1999 - примање еден куп бегалци (250-350 илјади според различни извори) видовме тие шо останаа какви подобрувања ни донесоа, трошоци - пак за наше добро
2001 - Маркирање граници со тогашна Југославија (а после нивната покраина), за подобри меѓусоседски односи - Танушевци, Пчињски, 80 загинати, отселени и мртва економија - за наше добро
2001- Рамковен договор, за мир во светот и добри меѓуетнички односи - за наше добро Само поголем раздор и уште полоша економија
2004 - Референдум за територијална организација, некои прашања не заслужуваа одговор - за наше добро.
Денеска имаме факултет во секоја штала, немаме струја и парно во школи, за периодите кога децата не се зафатени со меѓусебно колење - за наше добро
2004 - Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ.За 3-6 години влезните давачки намалени за 50 до 100%.Ние неофицијално добиваме милион бариери и шиканирања за извоз - за наше добро.
Се менуваа 2 партии со 3-4 ‘лидери‘.Во сите случаи имаме отстапки, никогаш не било ни 50-50.Гледаме денес каков е напредокот.Првенствено во економска смисла (зошто се лажеле луѓе дека ќе добијат економски напредок со политички одлуки), па во секоја друга.Едноставно - упм.

Имаме.Ама дали сме нормална држава...Овде механичарот е хирург, а хирургот е министер за земјоделство.Ние сме ебани и од нашите и од странците и од сопствената несигурност.

Во 2001 не ни бевме планирани во Нато.Немаше ‘оладување‘ на јавното мислење овде и во Косово 2 години претходно, па и бившата држава.Па после набрзина се попаливме на мед и млеко утредента после влезот во ЕУ.

Во ОН сме под Фиром.‘Времено‘.Во НАТО и ЕУ нејќат ни така.

За армија не спомнав и не мислам дека не е потребна.Исто и за полицијата.Ама не во стил преторијански гарди.

Не ги мешај спомениците.Не ја рѓосувај темава.
Еве и сега не сме во ЕУ и сега тргуваме со нив.Германија и Италија меѓу првите трговски партнери.И Грција ни е меѓу најголемите трговски партнери и не е ништо спорно ни страшно, баш напротив.Логично со соседите да имаш високо ниво на трговија.И со Русија тргуваме и со Кина.Само нашиве клептомани се презафатени со префрлање државен капитал во сопствени бизниси, па не можат да помогнат колку е можно за зголемен извоз.Земјоделска држава, а увозот тука ни е најголем.Од пиле до млеко.Па да продолжиме да тргуваме со сите најнормално, а да не сме обврзани во некакви друштва и сојузи.И така ти викам, утопија...
Еве и сега не сме во ЕУ и сега тргуваме со нив.Германија и Италија меѓу првите трговски партнери,
Незнам како не свакаш дека доколку ние се откажеме официјално или не официјално тие партнери ке изчезнат ке ги снема ке се прекинат.таа трговска размена се случува најповеке зашто ние веке 20 години потпишуваме спогодбени договори за олеснување во економската размена... премногу наивно е дека ние ке правиме неутрална држава и дека ке измислиме топла вода...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom