#МоментотКога – Instagram натпревар во организација на Горска

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.330
Поени од реакции
34.766
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
СПОДЕЛЕТЕ ГИ МОМЕНТИТЕ НА УЖИВАЊЕ
#МоментотКога – Instagram натпревар во организација на Горска

fb_cover_momentot.png


Овој интересен проект ја поврзува Instagram заедницата во Македонија со фотографската уметност, креативното изразување, урбаниот начин на живот и брендот Горска – како редовен поддржувач на разни манифестации од областа на уметноста, културата и спортот.

Во периодот од 17-ти ноември до 21-ви декември, македонските „инстаграмџии“ преку своите фотографии ќе може да го споделат #МоментотКога се радуваат, уживаат или едноставно се воодушевуваат од глетка која вреди да се овековечи со фотографија.

Со тоа, натпреварот не се фокусира на одредена тема, туку отвора можност за фотографирање на различни теми, субјекти и локации кои може да послужат како инспирација за добра Instagram фотографија.

user_manual_gorska.png


Основен услов за учество во натпреварот е корисниците да ја објават својата фотографија на Instagram со хаштаг #МоментотКога и да го тагираат профилот на @gorskavodamk. Пријавените фотографии автоматски ќе бидат преземени и прикажани во апликацијата на фан страницата на Горска вода, каде ќе се одвива гласањето и прогласувањето на најдобрите фотографии.

Натпреварот ќе трае 5 седмици. Во првите четири етапи процесот на пријавување ќе се одвива самостојно од страна на учесниците. Во последната, петта етапа, нема да се објавуваат нови фотографии, туку 20 од сите претходно пријавени фотографии ќе бидат селектирани од страна на жири комисија и ставени на финално гласање.

Секоја седмица авторите на најдобрите три фотографии ќе добијат подароци за постигнатиот успех. Авторот на првопласираната фотографија ќе добие таблет компјутер, второпласираната ќе добие мини фрижидер, а третото место ќе биде наградено со диспензер за вода.

Објавувањето на фотографии е започнато! Споделете ја вашата фотографија на Instagram со хаштаг #МоментотКога, тагирајте го профилот на @gorskavodamk и натпреварувајте се за некој од вредните подароци!

Извор:
http://kajgana.com/momentotkoga-instagram-natprevar-vo-organizacija-na-gorska
http://gorska.com.mk/mk/momentotkoga-instagram-natprevar-vo-organizacija-na-gorska
https://www.facebook.com/gorskavoda
 
Ќе мора ќерка ми да се активира, ионака дреме на инстаграм цело време(y)
 
Ќе мора ќерка ми да се активира, ионака дреме на инстаграм цело време(y)
Па, да ти кажам право звучи примамливо. Ми се допаѓа што на некој му текна и на Инстаграмџиите, а и наградите се повеќе од солидни! :)
 
Instagram заедницата = attention whores all the way
А шо да биде у име на Горска?
Ќе си сликам слики без да правам бесплатни реклами.
 
Instagram заедницата = attention whores all the way
А шо да биде у име на Горска?
Ќе си сликам слики без да правам бесплатни реклами.
Attention whores? Instagram е фото сервис, како што форумов е алатка за јавни дискусии. Како ќе ги користиш, зависи од тебе.
Кој вика да сликаш во име на било кого? :) Не знам дали си ја сфатил поентата, ама ова е фото натпревар. Темата не е Горска, туку Горска е организатор на натпреварот. Можеш да сликаш за што сакаш, а ако сакаш да го пријавиш учеството, можеш да добиеш подарок. И тоа е тоа, да биде интересно :)[DOUBLEPOST=1416255291][/DOUBLEPOST]Се пријавивте? Или никој нејќе таблет? :))
 
Последно уредено:
Морам да направам профил да ја видам сликата? :(
 
УУ јботе, одлична Е!!! Особено за десктоп (y) Ќе навивам за тебе

Сепак, не ми одговори, мора или немора да се има профил? Па и да се гласа???
 
УУ јботе, одлична Е!!! Особено за десктоп (y) Ќе навивам за тебе

Сепак, не ми одговори, мора или немора да се има профил? Па и да се гласа???
Мора да се има профил на фејсбук за да се учествува. А, верувам и за да се гласа. Башка лоша опција е што и нема можност за гласање од мобилен уред. Благодарам на комплиментите :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom