10 години од продажбата на Скопје, Струга и Кичево

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Зависи од каква перспектива ја гледате територијалната поделба, од страна на албанец сега се исправи, порано беа така поставени за да албанците да не раководат со ниту еден град.
Имаше детална стратегија како да се потиснат сите населени места со албанци. Најасен пример е Скопје, видете го Чаир како за неколку децении се опколуваше со новокреирани општини со доселени македонци, затоа денеска го имаме Чаир како најгуста оштина во Европа. Ако ја анализирате поранешната територијална поделба и кај другите општини многу лесно може да забележите како се поставени само за да не се добиваат градови со албанско мнозинство.

Нејсе, вистинското прашање е што губи Македонија од новата тер, поделба?
 
[DOUBLEPOST=1415472047][/DOUBLEPOST]
Сите оние на кои не им мрдаше меѓуножјето како што викаш ќе им се размрда ако не денес тогаш после 10 години кога ќе почнат на сред Аеродром, Карпош или Центар да им ги малтретират децата (ова делумно и денес се случува но ќе се интезивира во наредните години). Со територијалната организација на големо се отвори вратата за масовна албанизација на погодените општини. Во Струга почнаа да се бркат Македонците да им се уништуват бизнисите да им се прават разноразни притисоци почнувајќи од тепачки па се до немање греење за школите истото се случува и во Кичево. Со добро смислена и веќе многу пати испробана што физичка што психолошка сила и терор Македонците се прогонуваат а на нивно место имаме доселување на луѓе од планини или од Косово. Во Скопје состојбата е најочигледна со оглед на тоа дека во повеќето станови во Сити Мол се купени од Косовци а јавна тајна е дека и становите во Џеваир Холдинг висококатниците се мета на Косовци кои по посебно поволни услови купуваат станови. Ќе ги видиме аеродромци кога ќе им се вселат 5 илјади Косовци дали нема да ги интересира територијалната организација.
Затоа вика историјата никогаш не треба да се занемарува , зошто таа секогаш се повторува и од неа се учи. А ние најмногу треба и мора да учиме од албанизацијата на Косово. Истата таа масовна албанизација и се случува и на Македонија денес а една од причините ако не и најголема е територијалната поделба со која го аминувавме теророт врз македонското население.[DOUBLEPOST=1415467347][/DOUBLEPOST]А ако на некој не му е јасно како на терен функционира етничкото чистење слободно нека прочита од следниот текст:
Шарпланинските села постојана мета на крадци и насилници
  • share1.png
од НОВА | објавено на: 08-11-2014 17:22:27

17935golema.jpg

новинар: Зоран Димовски

Постојани кражби, закани и узурпации на приватен имот. Ова се секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите од повисоките шарпланински села, кои припаѓаат под општина Теарце.

На најголем удар од криминалците и насилниците се селата Једоарце, Отуње, Сетоле, Варвара и Брезно. Тие бараат поголема контрола и присуство на полицијата во нивните населени места.

- Ние сме многу загрозени просто размислуваме да се исселеме оттука. Јас не можам да разберам, овој имот што го имаме тука се уништи за многу кратко време. Најпрвин почнаа со дивата сеча на шума која е во приватна сопственост. Ние не сме спремни да се справиме со дрвокрадството не сме моќни, просто сме изложени на тортура од за нас непознати лица. Сметам дека треба да има поголема контрола од полицијата, ретко кога тука има полиција, вели Перо Манојлоски жител на селото Једоарце.

GUBRE%20VO%20PLANINSKITE%20SELA.jpg

Во овие населени места постојано живеат само неколку семејства, другите се отселени во Тетово и Скопје и во нивниот роден крај доаѓаат само за време на викендите. Оваа состојба најчесто ја користат крадците, но има и такви лица кои извршуваат кражби во нашите имоти буквално пред нашите очи, велат жителите од планинските села.

- Јас во повеќе наврати сум отишол во костеновата шума која е е во моја сопственост а таму го берат костенот некои непознати лица. Кога ќе ги прашам зошто го крадат костенот се однесуваат дрско кон мене и ми бараат имотен лист, кои се тие да ми бараат имотен лист. Некои велат дека ова земјиште е државно, други пак велат дека еден ден ќе стане нивно, вели еден жител на Отуње.

Државата само ни наплаќа даноци а не презема ништо за заштита на нашите имоти, велат селаните.

Јас за својот имот плаќам данок. За тој приход што треба да го земам од дрвјата или од шумските производи, државата ни наплаќа тоа е во ред, но каде е државата да ни го заштити имотот, изјави жител од селото Варвара.

Во нашите предели постојано се фрла ѓубре кое се носи од градот, но и ние нема каде да го фрламе сметот, затоа што во овие села нема контејнери, се жалат селаните од Шарпланиските села.

SLIKA%20OBRANA%20KOSTENOVA%20SUMA.jpg

- Често пати гледам како трактори натоварени со ѓубре го истураат сметот во долините тоа е катастрофа. И ние мештаните од овој крај немаме каде да го фрламе сметот тука нема контејнери, па некои од нас се принудени да го фрлаат во приватни шумски атари, вели Перо Манојлоски жител на селото Једоарце

Од тетовската полиција велат дека нивни полициски екипи патролираат во овие села. Но во полошкиот регион бројката на населени места е многу голема и капацитети на полицијата не дозволуваат таа да биде постојано присутно во овие шарпланински села, тврдат од Секоторт за внатрешни работи Тетово.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=22&vest=17935

Вистина ли е тоа со зградата до сити мол или само шпекулација, колку што знам таму веќе живеат луѓе, лесно може да се дознае дали се косовари, а се ми изгледа дека ова е само шпекулација.
 
Аха...Добро...И сега зошто овие толку големи патриоти не сторат нешто?
Секако најдобрата идеја од патриотите е да се дигне уште еден споменик за спомен..

Да има македонци во македонија и дпмне и сдсм ќе поништат заедно вакви глупави одлуки.
 
Зависи од каква перспектива ја гледате територијалната поделба, од страна на албанец сега се исправи, порано беа така поставени за да албанците да не раководат со ниту еден град.
Имаше детална стратегија како да се потиснат сите населени места со албанци. Најасен пример е Скопје, видете го Чаир како за неколку децении се опколуваше со новокреирани општини со доселени македонци, затоа денеска го имаме Чаир како најгуста оштина во Европа. Ако ја анализирате поранешната територијална поделба и кај другите општини многу лесно може да забележите како се поставени само за да не се добиваат градови со албанско мнозинство.

Нејсе, вистинското прашање е што губи Македонија од новата тер, поделба?

Како тоа биле така поставени за да планинците од косово да не раководат? Пола век наназад беа истите граници на општините.[DOUBLEPOST=1415476541][/DOUBLEPOST]
Не заборавај на децата да им го покажеш и бројот на Македонци кои не излегоа да гласаат на референдумот во 2004, бидејќи и тие се гробарите на Македонија.

Ако успееш, иако лично не верувам, можеби ќе успееш да извадиш целосни избирачки списоци од ДИК за да знаат децата кој гласал, а кој не гласал на референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа во 2004 година.

А и што се жалиме толку многу за глупавата територијална организација на локалната самоуправа, кога САД ЈА ПРИЗНАА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ ??? :drk: :vozbud: :drk: :vozbud: :drk: :vozbud:

Гледам работите ептен тргнаа кон подобро откако САД ја признаа Република Македонија под уставното име и откако стапи на сила таа нова територијална организација на локалната самоуправа.

Но залудно градот Скопје е спомнат во насловот на темата, кога на скопјани воопшто не им мрда тоа меѓуножјето за тоа што се случува од другата страна на Вардарот, тука особено морам да ги потенцирам скопјани кои живеат во Аеродром, Центар и Карпош - колку ги само заболе нив за остатокот од Скопје и за остатокот од Македонија. :tapp:

Еве јас сум во Аеродром и можам да ти кажам дека тресеш глупости. Од 7 дена во неделата мин. 2 возам на релација Чаир - Аеродром.

Ти од кај си иначе? Со вакво мислење не верувам дека си од Скопје ...
 
Последно уредено:
Ehhhhh bee zalna Makedonijo samo porazi redis kroz celata tvoja istorija. Se sekavam kako se zakanuvaa na moi bliski rodnini deka ako glasaat ZA ke bidat brkani od rabota :facepalm:
 
Еве јас сум во Аеродром и можам да ти кажам дека тресеш глупости. Од 7 дена во неделата мин. 2 возам на релација Чаир - Аеродром.

Ти од кај си иначе? Со вакво мислење не верувам дека си од Скопје ...

И со твоите минимум 2 дена неделно вожња од Аеродром до Чаир, што сакаше да потенцираш ?

Дека ги знаеш нивните маки ?

А дали воопшто им писна на локалните партиски подлизурковци кај тебе во Аеродром за да извршат притисок во нивната политичка партија за да им помогне на некаков начин на Македонците во Чаир и во останатите општини каде што Македонците се малцинство ?

Како на пример, да извршат притисок против менувањата на имињата на училиштата ?

Или па да ги гонат кривично тие кои напаѓаат Македонци по автобусите со тупаници и со ножеви, наместо да ги казнуваат Македонците поради учество во тепачка која не била предизвикана од нивна страна ?

Инаку, јас сум од Скопје, но не сум од тие населбите на самобендисаните скопјани во централното градско подрачје, познати како Аеродром, Центар и Карпош.

Еве ти и мала помош - од другата страна на Вардарот е мојата населба.
 
^
Затоа што Чаршијата е единствено место каде луѓето си го гледаат есапот. Не им чуе ни на албанците за нова војна бидејќи си отворија бизниси, си направија пари, не плаќаат данок и зошто војна кога ги имаат тие благодети?

Еве јас работам 5 дена таму, односно 8 часа во денот ги поминувам во Стара Чаршија, Битпазар, Чаир. Работам најчесто со туристи и знам точно во денот што и каде се случува. Поентата ми е дека луѓето во твојата општинска се изгласани од луѓето во твојата општина и нивното менаџирање не е должно да го исправи некој од Аеродром затоа што:

- мнозинството незнае што навистина се случува;
- доколку знае нема ингиренции да преземе било што во врска со тоа.

Еве ти пример. Во мојата населба што не е вемеровска, а спаѓа во Аеродром не се инвестираше ништо со години, а е на 2 кмм од Центар. Лисиче е асфалтирано, стокмено а кај мене луѓено се цапаа у бари по врнење. Колективно ги замаравме во општина, сликавме, праќавме по весници и портали слики, т.е им го рушевме угледот и „наводните“ преземања во врска со проблемот, за после месеци да дојдат и конечно да постават патека како што доликува во најстарата населба во Аеродром. Поентата ми е дека ако здружено почне да се делува од една зграда во Чаир и истото се прифати од сите други е научна фантастика али јбг мора од негде да се почне.
 
За поздрав е иницијативата со која ти и твоите соседи сте извршиле притисок врз општината, а замисли па како би било кога заедно со останатите соседи од останатите населби извршите уште поголем притисок врз општината, или уште подобро, заедно со соседите од останатите општини извршите уште поголем притисок врз самата држава.

Тоа би била вистинска демократија на дело, но за жал, нема да дочекаме да го гледаме тој филм во блиска иднина.

За жал, како што спомна, тоа е научна фантастика, а токму тука лежи и коренот на меѓусебните поделби помеѓу Македонците.

Како што на аеродромчани ич не им е гајле за тоа што се случува во Чаир, или загадувањата од Железара - се додека не падне магла, единствено тогаш ќе им се крене коса - така и на останатите скопјани надвор од Аеродром не им е гајле ако се гради џамија кај тие висококатниците кај средното хемиско училиште, или ако ти и твоите соседи се гушите во ѓубре и/или кал.

Тука нема национална обединетост, ниту национална одлучност, а во овие два фактора лежи опстанокот на една нација и на една држава, а не во ингеренциите кои народот ги има или ги нема.

Државата произлегува од народот, а политичарите на власт и во опозиција ги гласа народот, и народот ги има најголемите и најважните ингеренции од сите во државата, со исклучок на Бог, освен ако си атеист(ка).
 
Последно уредено:
, најмногу ми е криво Бучко шо се спаси, крв да му ебам негова, да му летнеше главата тогаш во Струга ќе беше ШКОЛО И ОПОМЕНА за другиве политичари дека не треба играње со народот..

За ова ми е жал и ден денес.Жал ми е шо остана жив (без разлика и дали друг ќе беше/бил на негово место истото мислење е).И сите од екипата тогашна.И овие денес шо работат уште побетер од нив.Штета, за тогаш да имаше една добра опомена.

Screenshot_2.png
 
Прегледај го приврзокот 106493

Е тоа се викаше народ и демократија @kviki, а не минимум 2 дена во неделата вожња од Аеродром до Чаир, чисто колку за да се види низ каква голгота поминуваат Македонците.

Ќе биде глетка за гледање кога во Аеродром ќе им го изградат турскиот исламски центар или џамијата кај висококатниците кај средното хемиско училиште, за која се шпекулира уште од кога започна изградбата на комплексот.

Дали ќе ги гледаме @kviki и неговите аеродромски патвиоти да покажат заби како што тоа го направија стружани во 2004 година, или во стилот на лавот кој му мјаука на двоглавиот орел кој лета над него, така и аеродромчани ќе и мјаукаат на полумесечината.
 
Последно уредено:
95.674 албанци живеат во општини каде градоначалник не е албанец. (20% од сите албанци)

108.776 македонци живеат во општини каде градоначалник е македонец. (8% од сите македонци)

Урбаните прашања на албанците кои живеат во општини со македонски градоначалници се нерешени, албанците се во кал, дури и по градовите , а правичната застапеност при вработувања не доаѓа предвид.
Македонците во општините каде што се албанците се градоначалници, во најлош случај живеат во исти услови како албанците.

Тоа го покажуваат и официјалните податоци.

Во локалната самоуправа за 2013

вработени албанци

Бутел: 6,8% албанци вработени, наместо 30% колку што треба со договор
Гази Баба: 5% албанци , наместо 17%
Град Скопје: 5,9% , наместо 20%
Јегуновце: 19% , наместо 43%
Кичево: 25%, наместо 54% (нити промената во 2013 не помага)
Крушево: 0% , наместо 21%
Куманово: 13% , наместо 26%
Сопиште: 14% , наместо 34%

вработени македонци, во општини каде градоначалници се албанци

Брвеница: 26% вработени македонци, наместо 37%
Врапчиште: 6,4% , наместо 4%
Гостивар: 54%, наместо 19,5%
Желино: 5,6% , наместо 0,3%
Сарај: 3,3% , наместо 3,8%
Струга: 37,6% , наместо 32%
Теарце: 8,7% , наместо 12%
Тетово: 23% , наместо 23%
Чаир: 16,7%, наместо 24%

Музеј Тетово: 81% од вработените се македонци.
Музеј Струга: 82% македонци
Музеите во Скопје: 91-98% од вработените македонци
Воспитно поправен дом Тетово: 78% вработени македонци
Македонски шуми Скопје: 88,6% вработени македонци
Центар за социјални работи Скопје: 80% македонци
ЈСП Скопје: 85,9% македонци
Депонија Дрисла: 80% македонци
Комуналец Кичево: 70% македонци

Ако некој треба да се плаши , противи , организира референдуми, тоа се албанците.

Визбегово, општина Бутел

Луботен, општина Бутел , без вода

село Сливник, Чашка

улици во градот Куманово

Последно уредено:
И со твоите минимум 2 дена неделно вожња од Аеродром до Чаир, што сакаше да потенцираш ?

Дека ги знаеш нивните маки ?

А дали воопшто им писна на локалните партиски подлизурковци кај тебе во Аеродром за да извршат притисок во нивната политичка партија за да им помогне на некаков начин на Македонците во Чаир и во останатите општини каде што Македонците се малцинство ?

Како на пример, да извршат притисок против менувањата на имињата на училиштата ?

Или па да ги гонат кривично тие кои напаѓаат Македонци по автобусите со тупаници и со ножеви, наместо да ги казнуваат Македонците поради учество во тепачка која не била предизвикана од нивна страна ?

Инаку, јас сум од Скопје, но не сум од тие населбите на самобендисаните скопјани во централното градско подрачје, познати како Аеродром, Центар и Карпош.

Еве ти и мала помош - од другата страна на Вардарот е мојата населба.

Штом е твојата населба таму многу добро знаеш што мислам со вожњата. Доволно е еднаш да отидеш таму, за после тоа да почне да те боли qr за што се случува на другата страна. Јас лично имам многу роднини во Чаир и Топанско.

Во животот еднаш имам гласано, гласав за грујо и после тоа он ги помилува љочките. Од тогаш не гласам.
Како можам јас да дејствувам ајде кажи? Да се зачленам во партија и да им кажам таму дај да праиме држава...

Не ти се проблем обичните смртници во аеродром што не се способни да помогнат, грешката е кај 70% од населението во Македонија. Грешката е во власта и во опозицијата.

п.с имињата на училиштата не се сменети. Нелегално е сменета плочата со името...
Ова да не се случува со амин од грујо многу лесно ќе се реши. Најјако е што ни опозицијата не се замара со ова.

п.п.с Децата "навивачи" од фемили беа единствени што ислегоа на протести за децата од Бутел што беа егзекутирани од страна на љочките кај Смиљковско езеро, сам виде што ги снајде.

Најискрено те замолувам да не не сереш, стварно не е грешката у скопјаните што не се од Чаир.
 
Последно уредено:
Многу ми е интересен македонскава нација.Све некој друг и е крив.
дуи бил крив,сдсм бил крив,Америка била крива,Европската унија била крива,Грција била крива и се така си ги редиме со ред кривците во овие години.

Веројатно порано не било до толку видливо,но денес знам дека до нас е работата.
Партијата си ја сакаме повеќе од државата.
Нека пропадне македонија.Кој се сеќира за неа?Битни се партиите да не пропаднат.овие двете.

Со години си ја крадеме земјата прво преку фабриките ги крадевме прво машините,потоа све што беше железо од нив однесовме во отпад,за на крај да почнеме да ги јадеме и sидовите кога не остана ништо друго.
Сега пак гледаме да си се бутнеме на некое работно место и да ни иде плата од 20-30000к денари.
Се разбира пред тоа треба да отидеме до штаб и да лижеме задници,да подржуваме бајрамовци и да му аплаудираме на митинзи,притоа не гледајќи да си го задржиме достоинството.

Оваа партија била против Грција,а пола членови им се бањат во Грчка.
Веројатно солта им е блага во Грција,па заради тоа одат
Читај ова погоре и ќе видите дека ниту во една наша соседна земја не се прави ова.
Ниту во Србија,ниту во Косово,ниту во Албанија,А за Грција и Бугарија и да не зборам

До нас е:
Да не ги вреѓаме за џабе Грците и Албанците
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom