Сите оние на кои не им мрдаше меѓуножјето како што викаш ќе им се размрда ако не денес тогаш после 10 години кога ќе почнат на сред Аеродром, Карпош или Центар да им ги малтретират децата (ова делумно и денес се случува но ќе се интезивира во наредните години). Со територијалната организација на големо се отвори вратата за масовна албанизација на погодените општини. Во Струга почнаа да се бркат Македонците да им се уништуват бизнисите да им се прават разноразни притисоци почнувајќи од тепачки па се до немање греење за школите истото се случува и во Кичево. Со добро смислена и веќе многу пати испробана што физичка што психолошка сила и терор Македонците се прогонуваат а на нивно место имаме доселување на луѓе од планини или од Косово. Во Скопје состојбата е најочигледна со оглед на тоа дека во повеќето станови во Сити Мол се купени од Косовци а јавна тајна е дека и становите во Џеваир Холдинг висококатниците се мета на Косовци кои по посебно поволни услови купуваат станови. Ќе ги видиме аеродромци кога ќе им се вселат 5 илјади Косовци дали нема да ги интересира територијалната организација.
Затоа вика историјата никогаш не треба да се занемарува , зошто таа секогаш се повторува и од неа се учи. А ние најмногу треба и мора да учиме од албанизацијата на Косово. Истата таа масовна албанизација и се случува и на Македонија денес а една од причините ако не и најголема е територијалната поделба со која го аминувавме теророт врз македонското население.[DOUBLEPOST=1415467347][/DOUBLEPOST]А ако на некој не му е јасно како на терен функционира етничкото чистење слободно нека прочита од следниот текст:
Шарпланинските села постојана мета на крадци и насилници
од НОВА | објавено на: 08-11-2014 17:22:27
новинар: Зоран Димовски
Постојани кражби, закани и узурпации на приватен имот. Ова се секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите од повисоките шарпланински села, кои припаѓаат под општина Теарце.
На најголем удар од криминалците и насилниците се селата Једоарце, Отуње, Сетоле, Варвара и Брезно. Тие бараат поголема контрола и присуство на полицијата во нивните населени места.
- Ние сме многу загрозени просто размислуваме да се исселеме оттука. Јас не можам да разберам, овој имот што го имаме тука се уништи за многу кратко време. Најпрвин почнаа со дивата сеча на шума која е во приватна сопственост. Ние не сме спремни да се справиме со дрвокрадството не сме моќни, просто сме изложени на тортура од за нас непознати лица. Сметам дека треба да има поголема контрола од полицијата, ретко кога тука има полиција, вели Перо Манојлоски жител на селото Једоарце.
Во овие населени места постојано живеат само неколку семејства, другите се отселени во Тетово и Скопје и во нивниот роден крај доаѓаат само за време на викендите. Оваа состојба најчесто ја користат крадците, но има и такви лица кои извршуваат кражби во нашите имоти буквално пред нашите очи, велат жителите од планинските села.
- Јас во повеќе наврати сум отишол во костеновата шума која е е во моја сопственост а таму го берат костенот некои непознати лица. Кога ќе ги прашам зошто го крадат костенот се однесуваат дрско кон мене и ми бараат имотен лист, кои се тие да ми бараат имотен лист. Некои велат дека ова земјиште е државно, други пак велат дека еден ден ќе стане нивно, вели еден жител на Отуње.
Државата само ни наплаќа даноци а не презема ништо за заштита на нашите имоти, велат селаните.
Јас за својот имот плаќам данок. За тој приход што треба да го земам од дрвјата или од шумските производи, државата ни наплаќа тоа е во ред, но каде е државата да ни го заштити имотот, изјави жител од селото Варвара.
Во нашите предели постојано се фрла ѓубре кое се носи од градот, но и ние нема каде да го фрламе сметот, затоа што во овие села нема контејнери, се жалат селаните од Шарпланиските села.
- Често пати гледам како трактори натоварени со ѓубре го истураат сметот во долините тоа е катастрофа. И ние мештаните од овој крај немаме каде да го фрламе сметот тука нема контејнери, па некои од нас се принудени да го фрлаат во приватни шумски атари, вели Перо Манојлоски жител на селото Једоарце
Од тетовската полиција велат дека нивни полициски екипи патролираат во овие села. Но во полошкиот регион бројката на населени места е многу голема и капацитети на полицијата не дозволуваат таа да биде постојано присутно во овие шарпланински села, тврдат од Секоторт за внатрешни работи Тетово.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=22&vest=17935