ОНЕ и ВИП се споија

  • Креатор на темата Креатор на темата DadoTom
  • Време на започнување Време на започнување
Како корисник порано на One, сега Vip едно сватив. Немој да ги дираш корисниците на Т-Мобајл. Зашто моментот кога ке кажеш нешто лошо за Т-Мобајл и добро за конкуренцијата, одма следува предавање за бранови,предаватели, па за маркетинг, одеднаш гледаш пред себе експерт во различни области.
А ако кажам дека Т-мобиле е срање. Дека се лопови? :P
 
А ако кажам дека Т-мобиле е срање. Дека се лопови? :P
А тогаш темата се проширува, некои стануваат и правници, некои продолжуваат со предавања од областата на физиката. Зависи кој што го влече хахаха.
 
Како корисник порано на One, сега Vip едно сватив. Немој да ги дираш корисниците на Т-Мобајл. Зашто моментот кога ке кажеш нешто лошо за Т-Мобајл и добро за конкуренцијата, одма следува предавање за бранови,предаватели, па за маркетинг, одеднаш гледаш пред себе експерт во различни области.

Тоа дека не знаете што е мрежа и излегувате по надвор, или ви шушти цело време па да научите што е вистинска услуга.
 
Ни на Уан мрежата не е најсјајна, губи сигнал, не стигаат смси. Затоа и онакви пакети нудат во последно време.
Тоа дека не знаете што е мрежа и излегувате по надвор, или ви шушти цело време па да научите што е вистинска услуга.

Мрежата кај сите оператори генерално е со ослабен квалитет дури и кај свети Т-мобајл. Тоа се должи на пакетите со милион бесплатни минути и мегабајти како и големиот број на претплатници. Сообраќајот е многукратно зголемен и бара сериозни инвестиции за да се опслужат сите претплатници онака како што треба. Секако и телефоните си го прават своето. Што вика мој колега смартфоните за се ги бива освен за разговори.
Пример јас кога влегувам во лифт со мојот смартфон снемувам мрежа инстантно. Дечко ми што има CAT телефон има 3Г полн сигнал.
 
Добре па не се спортски тимови мобилни оператори се. Кој бил боље :icon_lol: :facepalm:
 
Ќе биде интересен периодов на пазаров на телекомуникации. Вип го купи Близу, сега се спои со ОНЕ, кој пак го има БУМ ТВ. Најатрактивната понуда на пазаров ја имаше токму ОНЕ се со цел да набилда корисничка база за поскапо да се продаде, вака ми се чини потпиша капитулација, читајќи го првичниот извештај за постигнат договор.

Остана уште Телекабел од оператори со домашен капитал кој нудат услуги во сите сегменти, освен мобилната. Лесен залак ќе се.
 
Ако сето ова значи подобро услуги за корисниците и поевтини цени - why does it fucking matter?
 
Ако сето ова значи подобро услуги за корисниците и поевтини цени - why does it fucking matter?

Зашто не значи. Како може помала конкуренција да донесе поефтини цени?:)
 
сега и ќе поскапат импулсите и претплатите. Ај на здравје.
 
Инаку Телеком Словенија е во фаза на продажба, а еден од фаворитите за купувач е Дојче Телеком. Така да и тоа може да има врска.
 
Лудост! Како може АЕК да дозволи вакво спојување? Не само што операторите не мрдна кога истите регулатори ги намалија големопродажните цени на смс и минутата разговор сеа со спојувањето ВИП станува доминантен играч на пазарот и ќе поседува ОНЕ и Близу ко додаток. Очекувам поскапи понуди и укинување на некој опци на ОНЕ ко пример Џабест пакетот нема више за 100 цел месец :cenzura:. Патем одамна се најавите дека Телеком словенија ќе се продава...
 
Ова е враќање назад за едно 10 години. Чист монопол и бизнис за поголема заработка. Мрежата на ВИП е катастрофа, 10 пати досега им се имам јавувано за овој проблем и изговорот секогаш им е дека се наоѓам во лошо покриена зона, односно каде што се предизвикува пречки во мрежата а врска нема. И во АЕК имам пријавувано но проблемот никој не го решава. Сега со спојувањето на ВИП со ОНЕ, исто и на Близу и Бум ТВ, ВИП ќе стане доминантен играч на Македонскиот пазар и единствен конкурент на Т-мобајл. Очекувајте цените на услугите повторно да рипнат кога оваа зделка ќе почне да функционира.
 
Ме буни ова со вип и уан, не знам дали сум многу битна или единствена.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom