Знам дека имаат огромна поддршка од меѓународната заедница. Поентата ми е друга. Се сеќаваш на една изјава во која Бериша повика на обединување на Албанците во регионот во една држава? Веднаш САД реагираа со остра опомена. Ако Албанците се заиграат премногу со овие филмови за големи држави и шеријати, ќе бидат издресирани од западот со малку поинакви методи, не со опомени .
Има луѓе кои појма немаат од политика, војување или геополитички интереси ама за јадење буреци по форуми се први. Сеуште не сфатиле дека САД повеќе нема речиси никаков интерес на Балканот, односно Бувша Југославија. Тоа што им требаше го направија и овозможија до 2001 година. Балканот беше само тренинг зона за тоа што сега го гледаме на Блискиот - Средниот Исток и Муслиманските земји. Вистинските интереси и закани се насочени и доаѓаат од таму. Ако немаат интерес за повторно нешто големо да се случува тука, тогаш ништо нема да се случи. Албанците може колку сакаат да си прават филмови и да лобираат но тоа нема во скоро време да се реализира. Така да chill out и уживајте.