Исламска држава - појава, развој на настани, можен исход.

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Не мора воено да го добијат Иран. Тоа може да се направи и со дипломатија.

Ако сакаат да станат другари со Иран ќе треба да раскинат со С. Арабија па дури и со Израел. Обама тоа и го прави во последно време. Со Арапите можеби ќе раскине ама со Евреите нема шанси, би требало да се смират со Иранците некако.
 
Само Арабија и наоѓање на пазар за гасот мислам дека би било доволно. И Иран почна да омекнува во реторика.
 
Кризата во Ирак во блиска иднина верувам дека ќе стане многу интересна и со силни последици по Сирија. Многумина зборуваат дека САД и Иран сакале не сакале ќе се најдат на истата страна, дека САД ќе направат се, тие да бидат единствените спасители на Ирак, да го спречат ширењето на иранското влијание. Сепак се плашам дека овие случувања во Ирак и не се толку изненадни за САД и нивните сојузници. По дебаклот во Сирија, една од варијантите е САД да ја променат страната во Ирак и директно или тајно да застанат зад ИСИЛ (нивните сојузници во соседна Сирија).
1654px-Territorial_control_of_the_ISIS.svg.png

Ова е една слика која помалку или повеќе точно ја покажува територијата која ја контролира оваа сунитска организација и таа има капацитет да се шири на оние територии кои се мнозинско сунитски. Арапските Сунити во Ирак ја завземаат централната и западната територија која иако е поретко населена е доста богата со нафта. Интересно е тоа што таа се протега се до границите на Јордан. Со остварување на сонот на ИСИЛ и формирање на Држава Левант ( или како и да ја наречат), која ќе има игромна подршка од заливските монархии и САД ( веројатно не толку јавно), САД и нивните сојузници ќе разрешат повеќе проблеми. Нјабитното, ќе ја пресечат оската Иран,Ирак,Сирија,Либан (Хезболах) што е од голем интерес на САД, Израел и монархиите а, исламистите на чело со Ердоган во регионот ќе добијат уште еден сојузник против Курдите.
 
И јас се плашам дека зад напредувањата на ИСИЛ, да има вакви прикриени планови на САД. Но САД ќе проценат и во моментот ќе одлучуваат може ли да се изигра таа варијанта. Ќе зависи какви фактори и играчи ќе се појават на теренот. И кој како од играчите ќе изигра.
 
Мене доста симптомтично ми е предавањето на ирачките сили на Мосул,кои буквално избегаа од градот и околината пред налетот на ДАЕШ(ИСИЛ).Обучена војска,многу побројна и пообучена од терористите,кои се претпостаува севкупно оти бројат дваесет илјади,во Ирак и Сирија заедно.Истото се случи и во Керкук и на граничниот премин Рабија,каде што курдската пешмерга ја превзема контролата.
Исил и во Сирија повеќе војува против ФСА,Ал-Нусра и курдските Ал-Акрад и ЈПГ,отколку против Асад.Во Деир-ез-Зор на пример секојдневни се битките терористи од ИСИС против оние од Ал-Нусра,истотатка и во Алепо се водат битки против ФСА,Ал-Шам и останатите.Околу Кобани,Тел Абјад и Сереканије ИСИЛ перманентно ги напаѓа позициите на ЈПГ и Ал-Акрад.Битките против силите на Асад се раритет,пример е Ар-Рака,каде што сириската армија сеуште не преземала никаква офанзива,така што чудна ми е таа резервираност од нивна страна.
 
Постои една чудна нелогика во овие настани. Една од воените групи во Сирија каде сите заедно ја губат војната со Асад, одеднаш во Ирак се претставува силна и низ медиуми како договорени ја опишуваат како тешко запирлива сила.
 
Повторно некој не ги научил важните лекции од историјата, поради што истата се повторува.

Колку за потсетување, САД му помогнаа и на Авганистан да се ослободи од советската окупација во 1980-те години, наводно во името на борбата за слобода и демократија.

Па откако Советскиот Сојуз се повлече во Авганистан, САД ги оставија Авганистанците сами на милост и немилост на талибанците, кои спаѓаат меѓу најрадикалните и најфанатичните исламисти во светот. Талибанците им пружаа засолниште на Ал Каеда и на Осама бин Ладен, кои исто така се производ на САД, поконкретно на ЦИА.

Се што се случи понатаму е веќе позната историја, иако и таа веќе позната историја е испревртена со секакви лаги, како што е лажната борба на САД против тероризмот и лажната борба на САД за слобода и демократија во светот.

Откако повторно му донесоа слобода и демократија на Авганистан после терористичките напади во САД на 11 септември 2001, САД преминаа кон извезување на слобода и демократија во Ирак.

Како што веќе знаеме, Ирак се претвори во кланица, а Багдад стана најнебезбедно и најопасно место за живеење во светот.

Во 2013 година американските војски се повлекоа од Ирак, а планирано е и повлекување од Авганистан, по што Ирачаните се оставени сами на милост и немилост на радикалните исламисти, а и талибанците веќе ги тријат рацете за враќање на власт во Авганистан откако американските војски ќе се повлечат од таму.

Слободата и демократијата кои САД и западот ги извезуваат низ светот доаѓаат во едно такво деструктивно издание, што повеќе се канцерогени, отколку што се лековити.

А историјата ќе продолжи да се повторува одново и одново за сите тие кои не ја научиле и кои не ги извлекле најважните лекции и најважните поуки од историјата.
 
Последно уредено:
Мене доста симптомтично ми е предавањето на ирачките сили на Мосул,кои буквално избегаа од градот и околината пред налетот на ДАЕШ(ИСИЛ).Обучена војска,многу побројна и пообучена од терористите,кои се претпостаува севкупно оти бројат дваесет илјади,во Ирак и Сирија заедно.Истото се случи и во Керкук и на граничниот премин Рабија,каде што курдската пешмерга ја превзема контролата.

Власта во Ирак е шиитска. Војската и населението се во поголем дел сунитски. Тоа и не е одлучувачки фактор, но сепак отпорот спрема ИСИЛ е намален.
Најголем фактор е тоа што генералите издале наредба за армијата да се повлече. Војниците зачудени послушале.
Има шпекулација за финансиско подмачкување на генералски џебови од саудијците.

Ова е прокси војна помеѓу Саудиска Арабија (ИСИЛ) и Иран (Ирак, Сирија).

Иран очајно се обидува да ги задржи шиитските власти во Ирак и Сирија од сунитските ИСИЛ.
ИСИЛ има цел - нов калифат. Пречка им се - шиитите (Иран, Ирак, Сирија).

Американците ќе седат на страна и можеби ќе му помогнат на Иран да се справи со ИСИЛ, се разбира со цена.
 
Постои една чудна нелогика во овие настани. Една од воените групи во Сирија каде сите заедно ја губат војната со Асад, одеднаш во Ирак се претставува силна и низ медиуми како договорени ја опишуваат како тешко запирлива сила.
Така ја опишуваат бидејќи така е, барем во Ирак.

Војската на Асад во Сирија успева веќе три години да се справи со бунтовницити оти истите се колат меѓу себе. Има полно бунтовнички груши во Сирија кои за не знам какви причини, се нејќат меѓу себе. Никогаш, од почетокот на војната до денес, во Сирија немало обединет фронт против Асад. Секој работи сам за себе и против Асад одат како телиња за колење.

Во Ирак се сами и можат ефикасно да се координираат и затоа успеаа во толку кратко време да стигнат до престолнината. Тоа, и плус фактот дека досега врвеа низ региони во кои живее главно Сунитско население, кои или им се придружија, или ги пуштија да поминат - важно отпор немаше досега. Во Мосул имаше 30.000 Ирачки војници, ама сите го фрлија оружјето и се повлекоа во Багдад. Единствено досега отпор им пружија Курдите, кои сами успееа да се одбранат од нападите а после тргнаа и во контраофанзива.

Моментално Ирак на располагање има над 300.000 војници, а со резервистите близу до еден милион. Плус имаат поддршка од елитните специјални сили на Иран, а вчера Ајатолахот ал-Систани ги повика сите Шиити да тргнат во џихад против Сунитите од ISIS кои сакаат да ги осквернават нивните светилишта. Плус, се шират гласини дека реформирана е Џаиш ал-Мади, најопасната Шиитска паравојска за време на Америчката окупација и граѓанската војна.

Значи, голема работа досега беше оти вистина ISIS успеа во кратко време да окупира многу територија. Ама еве, два дена веќе се пред Багдад, ништо немаат напраено. Толку беше. Сега Ирачаните или ќе одат во контранапад или Ирак ќе си остани таков поделен.
 
Власта во Ирак е шиитска. Војската и населението се во поголем дел сунитски. Тоа и не е одлучувачки фактор, но сепак отпорот спрема ИСИЛ е намален.
Најголем фактор е тоа што генералите издале наредба за армијата да се повлече. Војниците зачудени послушале.
Има шпекулација за финансиско подмачкување на генералски џебови од саудијците.

Ова е прокси војна помеѓу Саудиска Арабија (ИСИЛ) и Иран (Ирак, Сирија).

Иран очајно се обидува да ги задржи шиитските власти во Ирак и Сирија од сунитските ИСИЛ.
ИСИЛ има цел - нов калифат. Пречка им се - шиитите (Иран, Ирак, Сирија).

Американците ќе седат на страна и можеби ќе му помогнат на Иран да се справи со ИСИЛ, се разбира со цена.
Населението во Ирак е 65% шиитско,останатите се сунити во најголем дел,ама сметај оти курдите во Ирак се во најголем процент сунити,во многу помал процент језиди околу Мосул и шиити во Ханакин и Халабџа,така што не би рекол оти отпорот спрема Исил е мал.Истотака и војската се во најголем дел шиити,пешмергата е сосема друга работа.
 
Мислев за населението во областите во коишто ИСИЛ оперира и освојува. Таму се мнозинство сунити.

iraq-map-group1.gif

Како и да, ИСИЛ специјално ги таргетира суни војниците и офицери во армијата и во полицијата, третирајќи ги како предавници на калифатот оние кои нема да се предадат.

The video, set to sweetly lilting religious hymns, is chilling. Islamic militants are shown knocking on the door of a Sunni police major in the dead of night in an Iraqi city. When he answers, they blindfold and cuff him. Then they carve off his head with a knife in his own bedroom.

The 61-minute video was recently posted online by the Islamic State of Iraq and the Levant, an al-Qaida splinter group of Sunni extremists. The intent was to terrorize Sunnis in Iraq’s army and police forces and deepen their already low morale.

That fear is one factor behind the stunning collapse of Iraqi security forces when fighters led by the Islamic State overran the cities of Mosul and Tikrit this week, sweeping over a swath of Sunni-majority territory. In most cases, police and soldiers simply ran, sometimes shedding their uniforms, and abandoned arsenals of heavy weapons.

Sectarianism also plays a role here. The Iraqi army is mixed Sunni-Shia, and "it appears that the Iraqi Army is cleaving along sectarian lines," Yale's Jason Lyall said. "The willingness of Sunni soldiers to fight to retake Mosul appears limited." This makes some sense out of the Mosul rout: some Sunni Muslims don't really want to fight other Sunnis in the name of a government that oppresses them.
 
Власта во Ирак е шиитска. Војската и населението се во поголем дел сунитски. Тоа и не е одлучувачки фактор, но сепак отпорот спрема ИСИЛ е намален.
Најголем фактор е тоа што генералите издале наредба за армијата да се повлече. Војниците зачудени послушале.
Има шпекулација за финансиско подмачкување на генералски џебови од саудијците.

Ова е прокси војна помеѓу Саудиска Арабија (ИСИЛ) и Иран (Ирак, Сирија).

Иран очајно се обидува да ги задржи шиитските власти во Ирак и Сирија од сунитските ИСИЛ.
ИСИЛ има цел - нов калифат. Пречка им се - шиитите (Иран, Ирак, Сирија).

Американците ќе седат на страна и можеби ќе му помогнат на Иран да се справи со ИСИЛ, се разбира со цена.
Не очекував толкав обем на непознавање од тебе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom