Си купив книга

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Исто некни зедов едно големо „Ништо“ или "Nada" од Carmen Laforet од издание на три. Мислев дека се работи за надеж ама некако не испадна тоа:D Се зезам, го неам почнато но ми се свиѓа тематиката - Барса за време на граѓанската војна.
Пиши обавезно кога ќе ја прочиташ, и јас ја мерачам, па да има барем некој да ми каже препорака :) ептен е нова уште, тазе излезена а ме бендиса содржината.

Строго против електронски изданија на книги. Купува. Често. Дури и повеќе од нормалното. Од библиотека ги земам оние кои не би сакал да ги имам дома, најчесто трилерите и сл.

Последна ја земав во јуни (сега стагнирам малку оти имам и доста непрочитани) Резервен живот од Лидија Димковска и уште не сум ја прочитал, многу имам непрочитано од пролетниот саем, имам доста за надокнадување, летото не успеав многу, се лакомев на тие од библиотека и некои лесни трилерчиња.
 
2-kniga-najdobroto-mesto-na-svetot-e-tuka-fransesk-miraljes-i-kare-santos-kafepauza.mk_.jpg
♥♥♥
 
Купував книги кога бев на факс и тоа чисто стручна литература, не дека сакав, туку зашто морав, инаку никад не би дал пари за книга. Најбавен, најдосаден и најнепрактичен начин на добивање информации. Искрено неможам ниту да ги сфатам луѓето што го трошат времето читајќи книги, наместо да излезат и да го живеат животот? :confused:
 
Дефинирај "живеење на животот".
 
Дефинирај "живеење на животот".
Ваљда да се издрогираш и да се изебеш у гз.
Јебига, ние што читаме книги не знаеме да "живееме".

На темата, последна купена книга ми е вториот дел на Игра на тронови од ТОПЕР. Уште не ми се читани и двете книги, ги имам прочитано на англиски, повеќе ги купив за во колекција али кога ќе имам време и на македонски сакам да ги прочитам.
 
Последна ја купив The Sigma Protocol од Ладлам, од Икона за 700 (или 800 беа?) денари. Интересна беше, на плажа ја завршив за 7-8 дена. Добар трилер, интересни дејства, доста plot-twist-ови. Таман ко за на одмор, да исклучиш мозок од секојдневни обврски. Планирам да продолжам со делата на Ладлам, од книгите кои не се дел од некој серијал, па кога ќе ги истаманам тие, одам на серијалите (Bourne...)
 
Денес купив есеји од Марсел Пруст на српски. Од Табернакул, за 260 денари. Книгата се вика кад би свет пропао. Со оглед на тоа што го избрав Пруст да го предавам семестаров, припремам полека материјали.
 
Последна ја купив The Sigma Protocol од Ладлам, од Икона за 700 (или 800 беа?) денари. Интересна беше, на плажа ја завршив за 7-8 дена. Добар трилер, интересни дејства, доста plot-twist-ови. Таман ко за на одмор, да исклучиш мозок од секојдневни обврски. Планирам да продолжам со делата на Ладлам, од книгите кои не се дел од некој серијал, па кога ќе ги истаманам тие, одам на серијалите (Bourne...)
Ладлам е страшен, јас во трета средно прв пат купив книга од него онака, белетристика, чисто од љубопитност, и од тогаш се заразив со него, а пред тоа немав прочитано книга, освен ако не ми била за у школо, некоја лектира. :D

Сигурно имам едно 5-6 книги од него, неверојатни трилери пишува. Пред да почнам да го читам, знам налетав на Борн трилогијата, на англиски, на овие штандовиве тука што продаваат стари книги, ќе ми ја шитнеше за само 500 денари, а во перфектна состојба книгата, до ден денес се каам што не ја земав. :tapp:

Инаку, он топик, последната книга што ја купив, т.е. ми ја купи мајка ми за роденден, беше баш од Ладлам, Ракописот на Чанселор.
 
Ладлам е топ, мајстор на класичен политички трилер од времето на студената војна. Само внимавајте да ги читате книгите што тој ги напишал, затоа што откако умре излегоа еден куп наслови под негово име а напишани од други, што ни од далеку не се по квалитет како оригиналните.
На англиските изданија во внатрешноста на книгата стои вистинскиот автор, а на корицата покрај името на Ладлам има едно мало ®. На српските или македонските преводи некако ја изоставаат оваа информација. :)
Мене најмногу ми се допадаа Матерешки круг и Парсифалов мозаик.
 
Последно уредено:
Ладлам е топ, мајстор на класичен политички трилер од времето на студената војна. Само внимавајте да ги читате книгите што тој ги напишал, затоа што откако умре излегоа еден куп наслови под негово име а напишани од други, што ни од далеку не се по квалитет како оригиналните.
На англиските изданија во внатрешноста на книгата стои вистинскиот автор, а на корицата покрај името на Ладлам има едно мало ®. Кај Српските или македонските преводи некако ја изоставаат оваа информација. :)
Мене најмногу ми се допадаа Матерешки круг и Парсифалов мозаик.
Јас така се зезнав со првата книга што ја купив, The Bancroft Strategy, не бев воопшто запознаен дека всушност други автори пишуваат под негово име, на еден начин.
Али не ми е жал, таа книга ме привлече кон другите негови книги. :D

Инаку Парсифал ја купив пред 2-3 години од штандовиве тука на старо што продаваат, во одлична состојба, за после кога ја читав да видам дека уствари и фалат последните неколку страни, баш кај што се решава мистеријата. :tapp:
 
Пред помалку од месец ги зедов Клубот Дима од Артуро Перез и Боговите беа астронаути од Ерих Деникен. Уште не сум ги почнал од немање време, ама оваа недела планирам
 
Последни книги што ги купив се Ништо од Кармен Лафорет, Jasunari Kavabata - Lepota i Tuga и утре ќе ја купам Џемс Џојс од А до Ш.
 
Отворање на внатрешните порти -Ајлин Кеди
365 пораки и медитации за секој ден од годината
Од книгава секој ден се чита само по една страна ,а страниците и се мн мали така да не се троши мн време од денот за читање:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom