Квалитет на бензин, нафта, плин и сл...

  • Креатор на темата Креатор на темата gt80
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Возраст
46
Ми текна да ја отворам оваа тема бидејки до пред некое време ставав демек 100 октана од мак петрол и колата работеше да речам ок, од време на време нешто ке сецнеше, знаеше да трокира на тргнување и сл. али од кога сменив бензин и иако е 98 октана на лук оил колава ко да ми се прероди, многу по добор работи.

Кој има какво слично искусто па нека сподели.
 
Друже, Макпетрол се тиња. Само кога мораш да ставиш од нив, во споротивно сите се подобри од нив. ЛукОил, МакОил, Октан, ..... па и приватњаците. Ако си од Ск, МаријаПетрол кај стаклара, онаа кај последна 4-ка во К.Вода, ...... абе сите.
И плин да не заборавам. Боца за плин ако приметиш дека треба да ја замениш па тогаш од макпетрол, во спротивно си ја полниш кај горенаведениве.
 
Квалитет на горивата горе доле кај сите е ист може кај некој ке има повише вода али то е. иначе ова со октаните нема врска со мокноста може само овој од 100окатани што е да има адитиви кој што ке го гушат моторот на одреден тип на возило не на сите.
 
епа тоа и приметив. додека ставав од 100 октани (демек нели за лаици ко мене по квалитетен) и нели треба и машината у теорија да работи подобро, ама мене ми правеше 300 проблеми, трокираше на тргнување возилото итн.... почнав да ставам на лук оил 98 и заборавив на сето тоа.... прошлата недела се заебав и заборавив и го напполнив цел резервоар од макпетрол од 100-тка, и опа.... пак истите срања. бај д веј тоа ме кошташе 100 евра бидејки мислев дека свекици и акумулатор не чинат и ги сменив.
 
Кај мене на BMW (Бензин) сум пунел од Лукоил и Макпетрол и најубаво ми иде од Лукоил 95 (98 не сум пробал а ми викале дека е ист така да). Кога ставив од Макпетрол после поминати 10-20 км одма се осети разликата. МИ изгаси колата 3 пати по ред и слабо палеше. После кога се сменив на Лукоил 95 ми иде супер :D. Другите ги немам пробано.
 
Редовно ставам нафта на макпетрол, и никогаш ама никогаш сум немал проблем.
 
samo od makpetrol stavam nafta do sega ne sum imal problem,nemam staveno so godini nafta od dr benziska osven od makpetrol,neznam dali ima razlika kaj dr benziski nemam dosega toceno veke 4-5 god ako zboruvame za nafta
 
Пошто се ебавав со скутери-мутери, често полнев гориво во шише и прозирни канистри.
Имам искуство со две бензински. Макпетрол и Лукоил.
Секогаш кога полнам на Лукоил бојата на горивото е иста, 95 е црвен, 98 е сина боја, Кај МакПетрол добивав, жолт, зелен, син, црвен, дури и безбоен иако секогаш купував 95-ка.
Ако не верувате... give it a try.
 
Луѓе не заборавајте во постот да ја наведете и годината на возилото, бидејќи само така може да се увиди дали овој проблем се јавува кај возилата со понови мотори.

Пошто овака може некој кажува дека неговото возило мака нема со бензините ги прима од секоја бензинска(а има југо), а некој друг кажува дека не му прифаќа бензин од Макпетрол(а може има кола од 2009 год.).
(y)
 
Дур не дојдат Шел во Македонија, ќе имаме катастрофална нафта.
Моментално Лук оил се најдобри, но и тие се со незавидлив квалитет.
Имам тестирано повеќе пати, работата на моторот и потрошната во Шел е најдобра.
 
Фиат Браво дизел 2000-та

На Макпетрол имам ставено 2 пати. Првиот пат поминав минимум 30 и кусур километри помалку отколку за истата количина ставена на Лукоил, со ист стил на возење, исто користење на колата и сл. Мислам дека беше за 1000 денари.
Вториот пат ставив од што морав, пошто нема да стигнев до Лукоил. И тогаш ми потроши повеќе.

Лукоил FTW
 
Пошто овака може некој кажува дека неговото возило мака нема со бензините ги прима од секоја бензинска(а има југо)
Што збориш глупости, кое Југо нема мака? Југо под default има мака што и да му туриш у резервоар :)
 
Пошто се ебавав со скутери-мутери, често полнев гориво во шише и прозирни канистри.
Имам искуство со две бензински. Макпетрол и Лукоил.
Секогаш кога полнам на Лукоил бојата на горивото е иста, 95 е црвен, 98 е сина боја, Кај МакПетрол добивав, жолт, зелен, син, црвен, дури и безбоен иако секогаш купував 95-ка.
Ако не верувате... give it a try.
Лукоил 95 е безбоен, 98 е црвен, секој ден пунам во шише за веспа.
 
Дур не дојдат Шел во Македонија, ќе имаме катастрофална нафта.
Моментално Лук оил се најдобри, но и тие се со незавидлив квалитет.
Имам тестирано повеќе пати, работата на моторот и потрошната во Шел е најдобра.

имаше пумпа шел, на автопатот тетово скопје и уште работи ја отворија сеа брзо, но не знам поради кои причини ги тргнаа ознаките од Шел. Ако некој е поупатен нека каже што се случило.
 
имаше пумпа шел, на автопатот тетово скопје и уште работи ја отворија сеа брзо, но не знам поради кои причини ги тргнаа ознаките од Шел. Ако некој е поупатен нека каже што се случило.
Си ставија само нивно лого, некоја фалш фирма за да привлечат муштерии и мораа да го тргнат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom