Скопски сообраќајни ситуации што нервираат

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.318
Поени од реакции
34.733
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Секојдневно сме сведоци на сообраќајни прекршоци околу нас, од пешаци, мотоциклисти, велосипедисти и возачи на автомобили. Со цел подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот за почитување на правилата, а со тоа и грижење за својата и туѓата безбедност, снимивме видео во кое прикажуваме шест сообраќајни ситуации кои често се случуваат на скопските улици.

http://kajgana.com/skopski-soobrakjajni-situacii-shto-nerviraat

Кои ситуации би ги додале? Што највеќе ве нервира во сообраќајот?
 
Оној дел од Палома бјанка до зелено пазарче е The dead zone од шупаци кои претрчуваат преку улица (mostly пензионери) преку дебили со скутери што шибаат по тротоари, и на крај до таксисти што застануваат на најтесните можни грла, раскрсници.
 
Во Скопје 90% од возачите не знаат да се снајдат на кружен тек т.е сите влегуваат со мислата дека тие имаат предност...без разлика на тоа дали некој има веќе внатре во кружниот тек.Ова е неизбежна ситуација на кружниот тек во Ѓорче кај СП и во 99,9% од ситуациите брачата со гољфовите се тие кои што ги мрзи да почекаат и да го пропуштат тој што е внатре во кружниот тек.

Мангупите што возат со максимално подигнати светла исто така идат доста на живци.Да е до мене би донел закон со кој што таквите ќе се казнуваат со тоа што ќе мора да гледаат во рефлектор од 1 метар.

Во последно време излезе и една нова врста на сељаци кои што на секунда до две пред да се разминете знаат да лупнат дугачки.За таквите се надевам дека некогаш ќе пробаат истата финта да му ја направат на некој шпепер и тој да им возврати во иста мера.

И како четврто би пишал за шахтите кој што се пропаднати по 5cm и на никој не му текнува да го поправи тој дел од патот.
 
Јас не сум од Скопје,ама кога одам некогаш ме нервираат пешачките премини.Ке поминам еден семафор и после ако има следен може пак да те фане на црвено и пак треба да чекаш,е тоа е досадно.
 
Кога @Acid преминува пешачки :D

316088.jpg
 
Не би му свирел на овој со бициклево, али како би и го свирнал на оваа со телефонот ауууууууу
 
Последно уредено од модератор:
во последно време на топ листа ми се овие со точачињава што возат сред лента иако тротоарот е слободен (да не е слободен или да го нема, разбирам), шахтите оставени или 20 цм под асфалт или 20 цм над асфалт како и шефовите кои возат на две ленти, бацето ја гази линијата и со тоа ти кажува дека во секоја секунда може да му текне да си де префрли и да не му фаќаш место. Од кружниот тек кај Влае што е ин д мејкинг веќе 3 месеца и се ствара песочна бура секое сабајле веќе отрпнав.
 
Кога не ги ебат 2 посто семафорите што се на Партизанска новиве поставени за зелениов бран, не оние на раскрсниците туку меѓу раскрсници што се на улицата, и си терат на црвено редовно. Кога некој ќе се залета да фати зелено/жолто и одеднаш ќе види дека нема да фати и ќе закочи мислиш собраќајка некоја е. И највише кога на дождливо време, со сите вирчиња што квалитетните улици во Скопје ни ги дале, ќе те избања некој од глава до пети без око да му трепне :rolleyes:
 
во последно време на топ листа ми се овие со точачињава што возат сред лента иако тротоарот е слободен (да не е слободен или да го нема, разбирам), шахтите оставени или 20 цм под асфалт или 20 цм над асфалт како и шефовите кои возат на две ленти, бацето ја гази линијата и со тоа ти кажува дека во секоја секунда може да му текне да си де префрли и да не му фаќаш место. Од кружниот тек кај Влае што е ин д мејкинг веќе 3 месеца и се ствара песочна бура секое сабајле веќе отрпнав.
За второто и за третото (шахти и средна линија) итекако ти држи муабеот вода, ама за првото и не баш. Центарот буквално е затрпан со дивопаркирани возила, буквално не можеш да поминеш како пешак (зборам низ центар), а тука ти се и константните реновации, изградби во тек каде буквално целиот тротоар е натрпан со шут/скелиња, и сеа во таква состојба кај што пешак со пешак не можат да се разминат, точаците со голема брзина прошишуваат покрај тебе. И ај ќе речам точаци, ама има и мотори. Исто као што ги има на стаза на кеј по горниот дел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom