Самоков

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Има една тема мислам „Има ли поречани на форумов“- одамна кога ја прочитав ја отворив но се зачудив дека е таа без „живот“-како што нема „живот“ таму во прекрасното ПОРЕЧЕ.(сега)
Па зошто е тоа така кога знам дека повеќето тамошни поколенија се овдека од Драчево па до Новоселски пат,да не речам па и 100% се тука,значи имат пристап и овде на Кајгана.
Штета е ако постој некој кој не го посетил ПОРЕЧЕ,од Суводол па до познатото сега Здуње.
Можеби од сите краишта на Македонија баш тука сум поминал и најповеќе време. Убавини.
Сега кога се одлучив да пишувам за ПОРЕЧЕ се двоумев и со кое населено место да ја почнам приказнава,бидеиќи сум бил во скоро сите и тоа повеќе пати, долги години. А бев и прошлиот месец на еден викенд,на еден чист воздух,чиста вода и пастрмка (тоа овде го нема-м)
Времето кога го посетував секојнеделно ПОРЕЧЕ беа годините во средина на 70 од хх век.
Мислам дека поранешни жители од ПОРЕЧЕ дека ќе се приклучат на темава а има и зошто.
На тамошните и оставам да кажат и повеќе за животот таму порано во ЈУ, и сега во МК.

САМОКОВ
Кога би ви поставил прашање за топење на железна руда,рудници,топилници и слично сите би ми одговориле кратко „железара“-мислејќи на РЖС - Скопје која работи скоро 50 години.
Но одговорот е и во САМОКОВ.
САМО - КОВ.............само ковање на железото, потоа го добило ова место и името.
Кај Самоковска река уште во старо време имало рудници на железна руда и топилница за железо. А селаните од Горно Крушје во турско време правеле дрвен јаглен (се уште има остатоци од овие јагленарници) и со свој добиток ги носеле ангарија во Самоков. Овој јаглен служел за топење на железната руда.
За време на тоа турското,железото во големи парчиња го носеле за продавање во Солун,Софија,Белград,Битола,Скопје и други места.
Селаните од блиските села на Самоков копале железна руда и ја топеле во топилницата во село Самоков. Железната руда ја топеле во таа топилница во калапи тешки и по 50 оки. Чукањето на чеканите од топилницата во Самоков се слушале и до околните места. Од ова железо се правеле јатагани,сабји,копја,и друго оружје за турските аскери,јаничари и башибозуци.
Селото САМОКОВ го добило иметео од таа топилница во која се топело и ковало железото.
 
Бев пред некое време во Самоков и нема ништо а и жителите што се вика на рака може да ги изброите штета за тоа место пошто има природна убавина во тој предел од државава
 
Јас сум чистоквен поречанец, Анчо. Не сум знаел дека постои таква тема, затоа не сум се ни јавил. :P Само да те поправам: Порече не почнува од Суводол, како што си напишал, туку од клисурата Тапанче која ја спојува Бродската со Кичевската котлина. Поточно, Тапанче се наоѓа во близина на селото Латово, кое е првото од трите села што се наоѓаат во општина Македонски Брод по излегувањето од Македонски Брод кон Кичево. Значи, географски - Порече започнува од Латово, иако речиси сите, без исклучок ги сметаат и другите две погореспоменати села, Русјаци и Ореовец, за поречки.

Многу жалам што иако сум од таму, го немам прошетано ни 20%. Има навистина вистински природни убавини и реткости какви на друго место во Македонијава не може да се видат. Еве и јас ќе ти помогнам во креирањето на темава, да видат сите колку е убаво Порече.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom